Се вмешаа и бугарите...:pos2:
Кинезите сефте ќе прават двокатни автобуси?
Бугарите од „Кинг лонг“ и македонската компанија „Санос“ ќе поднесат жалби на тендерот
Кинеската компанија „Џенгџоу јутонг груп“, избрана да произведе 302 двокатни автобуса за потребите на јавниот превоз во Скопје, досега во своето 45-годишно постоење нема изработено ниту еден даблдекер. Таков заклучок барем може да се донесе кога ќе се отвори официјалниот сајт на компанијата. И по двочасовно пребарување, на него не можеше да се најде ни збор ни слика за производство на двокатни автобуси.
Од Министерството за транспорт и врски, пак, вчера конкретно не одговорија дали „Џенгџоу јутонг груп“ досега има искуство во изработка на даблдекери, колку и во која земја ги има испорачано. „Станува збор за вонсериско производство на автобуси кое првпат се произведува со врвен квалитет, со вградени делови произведени од реномирани светски производители. Станува збор за автобуси што ќе бидат автентични само за градот Скопје и ќе потсетуваат на автобусите кои биле во употреба во градот во педесеттите и шеесеттите години од минатиот век“, писмено информираа од Комисијата за спроведување на тендерот.
Инаку, од бугарската компанија „Кинг лонг“ вчера за „Утрински весник“ потврдија дека подготвуваат тужба по одлуката на тендерот.
„Во Скопје сме, комуницираме со Министерството околу постапката и работиме на нашиот приговор. Се' уште сме на почеток на процедурата и не можам да прецизирам по која основа ќе се жалиме, но сигурно има неколку. Сигурно една од варијантите е жалба поради побараните банкарски гаранции, за што истовремено сметаме дека соодветна гаранција немаа ниту Кинезите“, ни изјави вчера Венета Мирчева, генерален менаџер во „Кинг лонг“, компанија што е регистрирана и во Кина, а е официјален дистрибутер за производите на бугарскиот и на македонскиот пазар. Жалба на тендерот ќе поднесе и македонската компанија „Санос“. Единствено рамнодушни на направениот избор за производство на 302 двокатни автобуса ќе останат од турската компанија „Ѓиларус кобра“. Според нив, тендерот поминал транспарентно и немале основа за тужби. Инаку, рокот за жалби истекува на 26 јуни.
Вчера од партијата Обединети за Македонија не беа достапни за коментар во врска со случувањата со тендерот, откако завчера потпретседателот на партијата, Ден Дончев, обвини дека набавката, според нивни сознанија, најмногу би требало да чини 28 милиони евра, а не 51 милион евра, сума што ја побараа од кинеската компанија. Дончев не беше достапен да ги прокоментира отфрлувањата на обвинувањата од страна на Министерството за транспорт ниту, пак, да одговори кога ќе ги презентира документите со кои, наводно, ќе го потврди корупцискиот скандал во случајов од кој, наводно, ќе профитира еден скопски бизнисмен. Тоа, според шпекулациите во јавноста, е Орце Камчев, близок на владејачката гарнитура.
Инаку, набавката на 302 автобуса државата ќе ја чини малку помалку од 70 милиони евра. Понудата на Кинезите од 51 милион евра е основна цена за автобусите. Имено, со пресметани 10 отсто што треба да се платат за царина и 18 отсто ДДВ, вкупната сума за набавка на даблдекерите изнесува 65.280.000 евра.
За случајот „Тендер“ вчера реагираа и од надлежната Комисија, отфрлајќи ги наводите на одредени субјекти дека избраната компанија немала соодветна банкарска гаранција. Напоменаа дека таа била валидна, доставена директно од кинеската Индустријал енд комершал банк. „За разлика од нив, домашната компанија ‘Санос‘ во својата понуда не достави банкарска гаранција, што претставува услов за учество во тендерската постапка согласно со законот“, дополнија од Комисијата.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=0358259661BDC748ABCD595B9292913C