Програмски јазик C++
Вовед во програмирање.
1. Напишете програма која ја содржи класата pravoagolnik со членовите a и b.
класата треба да содржи:
- Функциски член postavi(double, double) кој ги поставува вредностите на a и b;
- Функциски членови prevzemia() и prevzemib() кои ги враќаат вредностите на a и b соодветно;
- Функциски член ploshtina() која ја враќа плоштината на правоаголникот.
Прикажете ја функционалноста на класата во функцијата main() така што ќе создадете два правоаголника, ќе ја добиете вредноста за вредностите на нивните страни преку тастатурата и ќе им ги предадете тие вредности на соодветните вредности на објектите. Потоа, испечатете ја сумата на плоштините на двата правоаголника.
Програмата треба да го даде следниот изнес:
Vnesete ja vrednosta na stranata a za prviot pravoagolnik: 2
Vnesete ja vrednosta na stranata b za prviot pravoagolnik: 4
Vnesete ja vrednosta na stranata a za vtoriot pravoagolnik: 3
Vnesete ja vrednosta na stranata b za vtoriot pravoagolnik: 5
Sumata na ploshtinite na pravoagolnikot so strani 2 i 4
i na pravoagolnikot so strani 3 i 5 e 23cm2.
2. Напишете програма која за класата pacient со следните податочни членови: ime, prezime, ID (цел број) и datum_na_posleden_pregled.
Класата треба да содржи:
- Функциска членка vnes() каде вредностите на податочните членки се вчитуваат од таастатурата;
- Функциска членка pechati()која ги печати податоците за пациентот.
- main() треба да го содржи следниот код:
а) 80 % од поените
Код:
main()
{
pacient A;
A.vnes();
A.pechati();
}
Изнесот треба да биде:
Vnesi go imeto: Petar
Vnesi go prezimeto: Petrovski
Vnesi ID: 12345
Vnesi go datumot na posledniot pregled: 22 5 2007
Pechatenje na podatocite za Petar Petrovski
ID: 12345
Datum na posledniot pregled: 22/5/2007
b) 100 % од поените, ако користите низи од знаци со фиксна големина.
Код:
main(){
pacient A("Petar", "Petrovski", 12345, 22,5,2007);
A.pechati();
}
Изнесот треба да биде:
Pechatenje na podatocite za Petar Petrovski
ID: 12345
Datum na posledniot pregled: 22/5/2007
c) 70% од поените
Код:
main(){
pacient A;
char ime[20], prezime[20];
int id, d, m, g;
cout<<"Vnesi go imeto: ";
cin >>ime;
cout<<"Vnesi go prezimeto: ";
cin >>prezime;
cout<<"Vnesi go ID: ";
cin >> id;
cout<<"Vnesi go datumot na posleden pregled: ";
cin>>d >> m >> g;
A.set(ime, prezime, id, d, m, g);
A.pechati();
}
Изнесот треба да биде:
Vnesi go imeto: Petar
Vnesi go prezimeto: Petrovski
Vnesi ID: 12345
Vnesi go datumot na posledniot pregled: 22 5 2007
Pechatenje na podatocite za Petar Petrovski
ID: 12345
Datum na posledniot pregled: 22/5/2007
3. Напишете програма која ја содржи класата pravoagolnik со податочни членки a и b.
Класата треба да содржи:
- Параметризиран конструктор кој ги поставува вредностите на a и b;
- Функциски членки prevzemia() и prevzemib() кои ги враќаат вредностите на a и b соодветно;
- Пријателска функција ploshtina() која ја враќа плоштината на правоаголникот.
main() треба да го содржи следниот код:
Код:
main(){
pravoagolnik P(5, 10);
cout<<"Pravoagolnikot so strani" << P.prevzemia()<< " i "
<< P.prevzemib()<<" ima ploshtina od "<<ploshtina(P)
<<"cm2"<<endl;
}
Програмата треба да го даде следниот излез:
Pravoagolnikot so strani 5 i 10 ima ploshtina od 50cm2