За што загина брат ми?

GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Добро јас кажав општо за цела ОНА не ги делам на тие што колеле,пукале на пунктови,вареле грав итн :)
 
B

Black Guard

Гостин
Тоа и мислев, овде секогаш и брат се убива за фотеља....доволно е кажаново јасно ми е .... фала.....

Абе патриоти секогаш кога се на власт македонија е чекор пред протекторат и крах како 2001ва, па ако се патриоти нема да амнестираат МОНСТРУМИ кои сега се шетаат слободно а згора може и пари да земат-СРАМОТА!!


тешко на бранителите на крајот тие беа виновни не планинарите

Епа така излева-штом ги амнестираме по автоматизам они не се бе виновни туку се жртви а Јохан скапува во ХА, имајте предвид Јохан беше припадник на МВР(АРМ не направи НИШТО против Цивили) и ако направил злостор ОК нека одговара но треба и Овие триесеттина монструми и убијци кои сечеле делови од телата,ваделе очи по 100 куршуми во глава-читав исказ на војник кој бил меѓу првите кои стасале па како што кажа додека кревале тело на наш бранител буквално овој држејќи го за нозе месото и мускулот почнале да висат...држел коска исто и другиот-па такви ли се за фотеља да и се плукнам и на фотеља и милиони ама на честа не си плукам.:mad:
--- надополнето: 3 септември 2012 во 17:05 ---
Добро јас кажав општо за цела ОНА не ги делам на тие што колеле,пукале на пунктови,вареле грав итн :)

Цела користеа терористички методи, но овие вршеа етничко чистење, Силувања(и на албанки-па во Косово УЧК колку силувале 15-17 годишни албанки тоа ЧУДО) исто и кај нас ова се злостори-етничко чистење,масакрирање изживување и Уставот НЕ ДОЗВОЛУВА такви да шетаат ама тоа е за жал-толку имаме судство а можеа по брза постапка да им опнат ,аксимални казни и...КРАЈ.
 

GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Како што кажав во многу постови погоре сценарио беше од почеток до крај.....тешко на тие кои беа улоги во тој филм...знам еден возрасен човек кој здрав прав беше во војната, сега е цел со пореметувања, мисли дека е специјалец и уште како да живее во војната, никако не може да се помири со тоа дека завршило.... :/

Војната е нешто најужасно што може да му се случи на човекот и човештвото уште по катастрофална за оние кои ја гледале или учествувале во неа дирекно.Бидејќи мојата соба е дирекно со прав поглед накај Тетовското кале,никогаш нема да заборавам како скоро секоја вечер кога ќе ја тргнев завесата ги гледав светлечите метци кои во рафали беа испукувани од нашата Полиција и Војска накај планините над Тетово.Тогаш уште одев во градинка,а на сето тоа добив и уплав со кој после се лечев долго време по бајачки... Тоа е хорор без разлика колку е јака војската и полицијата на некоја држава хорор е хорор..
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
За државата да си игра со сите...
Мајка на загинат бранител бара помош од државата

Мајката на Марко Деспотоски, еден загинатите кај Карпалак, бара од државата да и даде стан на понизок кат зашто не може да се движи.

Илинка Петреска, мајката на 29 годишниот Марко Деспотоски, еден од десеттемина резервисти, коишто загинаа 2001 кај Карпалак.

Текстови на слична тема

ГОЛЕМИНА НА БУКВИТЕ
Моника Талеска
01.10.2012
Илинка Петреска, мајката на 29-годишниот Марко Деспотоски, еден од десеттемина резервисти, коишто загинаа 2001 во убиството кај Карпалак, бара помош од државата. Оваа мајка на бранител, со солзи во очите ги упатува молбите до надлежните институции. Зашто вели веќе не може да се движи. Живее на шести кат, но не може да слегува по скалите, ја болат нозете, се задушува, за неа е премногу високо.​
Пониско ми е подобро да живеам. Од крај баравме да живеам на пониско, ама нема никаков одговор на тоа, бевме во Министерство, бевме таму, ќе видиме, ќе видиме, со тоа остана.
Илинка Петреска, мајка на загинатиот Марко Деспотоски.

„Пониско ми е подобро да живеам. Од крај баравме да живеам на пониско, ама нема никаков одговор на тоа, бевме во Министерство, бевме таму, ќе видиме, ќе видиме, со тоа остана“, се жали оваа мајка, која по загинувањето на својот син, тешко се снаоѓа во животот воопшто.
Илинка Петреска покажува слики од својот син, загинатиот кај Карпалак Марко Деспотоски.
​​
„Се губам со умот, нервоза ме фаќа, на тераса не можам да излезам, сама живеам, никој не доаѓа да ме посети“, вели Илинка, низ солзи сеќавајќи се на кобниот ден кога и била соопштена трагичната вест.
Донации идат, слушам на телевизија, јас воопшто немам земено ништо, прашај - не ти следува, само на тие што имаат деца живи, за школување - значи јас како мајка, не ми следувало ништо.
Илинка Петреска, мајка на загинатиот Марко Деспотоски.


„Ноќта не можев да спијам, излези надвор, седи и кога дојдоа да ми кажат со комбе - биди храбра, храбро загина синот ваш и ми дадоа апчиња за да се смирам и ништо не знаев тогаш. Денеска му е роденден, на денешен ден требаше да има 39 години, денеска требаше да го посетам и гробот.“

Тагата на Илинка е уште поголема, зашто не може да појде во Новоселани, да запали свеќа на гробот на својот син. Вели животот и е мрачен, пуст и црн. Заспива и се буди со спомените.

„На се мислам на самоста, мислам на него, не знам како ќе се доживее, ме фаќа страв од осаменоста“, плаче Илинка, тешко ги изговара зборовите.

Со страв ги прави сите чекори, од време на време и доаѓа во посета една млада жена, колку да и помогне, да и ги плати сметките, да и купи леб, да не остане гладна. Да живееше малку пониско вели, ќе можеше да излегува сама на прошетка, на чист воздух, да види други луѓе, со некој да прозбори, да и минат лошите мисли, тагата, преголемата болка која не стивнува и по една деценија од смртта на Марко.

Но, Илинка има и друга мака. За да живее во овој стан, што со решение како мајка на загинат бранител и го доделила Владата пред десетина години, таа морала да плати илјада евра, за сите трошоци коишто ги направил дивовселен граѓанин, којшто очигледно никој не можел или не сакал да го исели од станот, што нејзе и припаѓал. Пред 2 години, сепак таа се вселила во станот, барала да и се вратат парите. Единствено Јавното претпријатие за станбен простор во чија сопственост е станот, и одобрило 40.000, но досега и се вратени само 3.000 денари.

Оваа жена е оставена целосно сама на себе, без никаква грижа од институциите.

„Донации идат, слушам на телевизија, јас воопшто немам земено ништо, прашај - не ти следува, само на тие што имаат деца живи, за школување - значи јас како мајка, не ми следувало ништо.“

Единствена утеха за Илинка е фактот што синот Марко загина за слободата, за Македонија, како што вели. Но, моли оваа мајка, да и се овозможи преселба во стан на понизок кат, за да може полесно и почесто да оди на гробот, да пали свеќа, зашто таму се чувствува поблиску до Марко, само таму го наоѓа мирот.



Извор:http://www.slobodnaevropa.mk/content/article/24725290.html
 
Член од
26 септември 2011
Мислења
539
Поени од реакции
2.371
Текст на Екс Началник во УБК 2001,Денес лидер на Партијата која ја основа во 2002 година Народно движење за Македонија и разјасни неколку случаи од 2001 кои не се познати во јавноста еве еден ...

БИТКА ЗА АРАЧИНОВО

Вторник, 25 Јуни 2013

проф. д-р Јанко Бачев

Лидер на НДМ

Помина 22-ви јуни во уште едно потсетување, дека пред дванаесет години во 4,30 часот започна битката за Арачиново во која загинаа тројца припадници на македонските полициски сили. Македонската јавност сеуште се замајува со некаква верзија за настанот, според која, се се сведува на тоа дека тројцата припадници на МВР се убиени од албанските терористи при акцијата за ослободување на Арачиново, кое, претходно на 9 јуни 2001 година тогашната ОНА го прогласи за слободна територија. И - толку!
Сепак, работите не стојат баш така.
Затоа, во оваа прилика сакам да споделам еден момент околу трагедијата со тројцата припадници на МВР, бидејќи, до денешно време, ниту една владеачка гарнитура не го расветли нивното контроверзно загинување.
Имено, при акцијата за ослободување на Арачиново, тројцата полицајци не загинаа во борба со албанските терористи, туку загинаа од граната на македонската Армија. За време на војната во 2001 година, кога функционира таканаречената широка Влада, припадниците на двете клучни министерства (Министерството за внатрешни работи, раководено од ВМРО-ДПМНЕ, и Министерството за одбрана, раководено од СДСМ) поради некоординираност се однесуваа како две непријателски војски.
Затоа, идните генерации еден ден ќе бидат згрозени кога читајќи ги книгите од војната ќе видат дека во Арачиново, од некоординираност таму загинаа тројца полицајци од граната на АРМ, која не им ги знаеше координатите на припадниците на МВР, што е трагично.
Со еден збор, невидена бламажа - македонски војници и полицајци се испотепаа самите меѓу себе, бидејќи не си ги знаеја координатите.
Инаку, овој момент надлежните државни органи се уште го кријат, бидејќи, внимавајте, државата ќе требало да плаќа големи отштетни износи доколку се признае нејзинатавина, иако се поставува прашањето - дали воопшто има цена по која можат да се обештетат македонските бранителикои загинаа во одбраната на независноста и територијалниот интегритет и суверенитет на државата.
Затоа,владеачката ВМРО-ДПМНЕкако народна партија со демохристијанска ориентација и силна верба во Бог, има обврска, најпосле, 12 години по погибијата на тројцата полицијаци во Арачиново, да ја сподели со јавноста вистината за нивното загинување.
Односно, генерално, да ја тргне разочарувачката слика во Македонија, во која повеќе од една деценија ниту еден државен орган не се обиде да направи истрага, за да утврди што точно се случи со сомнителното загинување на македонските бранители кај Карпалак, осуммината мачени и живи палени кај Вејце, осуммината убиени во заседа кај Љуботенски пат, загинувањето на тројцата припадници на МВР при акцијата за ослободувањето на Арачиново...
Трагедијата кај Арачиново, како и погибијата кај Карпалак, Љуботен или Вејце, кои се најперфидно местење на македонските бранители, се само во прилог на моето тврдење во годините дека Македонија ја изгуби војната како резултат на внатрешните предавства и политичките сценарија на домашните политички актери, а не како резултат на неспособноста на македонските безбедносни сили да се справат со терористичката ОНА.
Впрочем, тогашната ОНА на почетокот броеше околу 600 припадници кои се одметнаа во планините за да го рушат уставниот поредок на земјата, а за кои македонската Служба за државна безбедност знаеше практично се – колку се, каде се, зошто се таму, и македонските безбедносни сили можеа да ги решат во секое време. Од јануари до мај 2001-ва, Македонија имаше одврзани раце да се справи со тогашната ОНА, но, македонските политички демагози, залудени единствено од лична промоција и желба за моќ и профит, ја изгубија војната во 2001 година.
Всушност, Македонија во 2001-ва се победи самата себеси, бидејќи од другата страна имаше виртуелен противник во ОНА која не претставуваше реална опасност оти немаше ниту кадар, ниту можности од логистички аспект да води борба со поголем капацитет.
Затоа, токму припадниците на ОНА за Арачиново треба да ја опишат својата голгота во тие денови, во интерес на историјата и дека не беа решени само заради тоа што однапред беше договорено НАТО да влезе во Арачиново и да ги извлече терористите.
За волја на вистината, странците направија пресврт во војната, но, дури во месец јуни после пет месеци од започнувањето на војната кога го измислија Арачиново за да се присили македонската страна на политички преговори, односно да се прекинат воените дејствија и на поинаков начин да се решава кризата, по цена на сите понижувања на македонските безбедносни сили кои храбро го бранеа нејзиниот територијален инегритет.
Заради тоа, треба да се извлече поука - Што не треба да прави Македонија, доколку повторно биде вовлечена во нова војна?А, од однесувањето на Албанците произлегува дека не мислат на ништо друго, освен на методите на повторно војување. Оттука, прави голема грешка секој оној што мисли дека бројните привилегии што ги добија екс-командантите на терористичката ОНА како високи државни личности, ќе предизвикаат кај нив заборав на старите соништа за реализација на идејата за голема албанска држава, која опфаќа и територии на Република Македонија.
Значи, без оглед на се, пратениците од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, веднаш после годишните одмори, во име на македонскиот народ мора привремено да престанат да се натпреваруваат во докажувањето кој од нив бил поголем предавник и криминалец за време на своето владеење, и, следствено на тоа, да се согласат, односно, како највисок законодавен дом, да донесат политички документ (декларација или заклучоци) со кои ќе побараат расветлување на перфидното местење на македонските бранители во Татковинската војна во 2001 година.
Ова од причина што, да се дојде најпосле до официјален одговор не само за Арачиново туку и како, од кого и зошто беа нарачани и договорени масакрите кај Вејце, Карпалак, Љуботенски пат,во кои бранителите беа испратени во заседа и мораа да загинат.
Во краен случај, расчистувањето на овие случаи е од интерес не само за семејствата и роднините на загинатите, туку и за Република Македонија, бидејќи не можеме да гледаме напред во иднината, доколку минатото и понатаму не прогонува, односно, неправедната загуба на бранителите останува неразјаснета.
 
Член од
12 мај 2013
Мислења
12
Поени од реакции
0
Војниците млади загинаа.Еден мудар вика дека човек умира два пати,еднаш кога физички ќе умре,а вториот пат е кога ќе го заборават.

Дали некој од вас памти,дека имаше млади луѓе што го дадоа животот за знамето,а со тоа и индиректно загинаа и за вас?!

Ќе ве молам,да се најде некој паметен,пошто многу самопрогласени високоинтелегенти особи и добри познавачи на поновата Македонска историја и политика,што ќе ми одговори едно прашање:

ЗА ШТО ЗАГИНА БРАТ МИ ВО 2001 ГОДИНА?[/quote]

Za Carstvo Nebesno, Za Vecen Zivot, Za voskresenie vo imeto na Isusa Hrista...
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Војниците млади загинаа.Еден мудар вика дека човек умира два пати,еднаш кога физички ќе умре,а вториот пат е кога ќе го заборават.

Дали некој од вас памти,дека имаше млади луѓе што го дадоа животот за знамето,а со тоа и индиректно загинаа и за вас?!

Ќе ве молам,да се најде некој паметен,пошто многу самопрогласени високоинтелегенти особи и добри познавачи на поновата Македонска историја и политика,што ќе ми одговори едно прашање:

ЗА ШТО ЗАГИНА БРАТ МИ ВО 2001 ГОДИНА?
Za Carstvo Nebesno, Za Vecen Zivot, Za voskresenie vo imeto na Isusa Hrista...


Што зборуваш бе ти? Ебате тој Господ твој што бара жртвување нечиј човечки живот!
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.263
Поени од реакции
84.360
Za Carstvo Nebesno, Za Vecen Zivot, Za voskresenie vo imeto na Isusa Hrista...
Божјата саможртва е доволна. После Воскресението на Господ Бог Исус Христос, ниту една крвна жртва не е потребна.
Да не си помешал нешто со еден друг крволочен "бог", кој бара убиства на невини во замена за 72 девици?
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.263
Поени од реакции
84.360
Битка што трае цели 12 години

Загинаа за државата, а нема кој да ја исправи неправдата за нивните семејства

На ова злокобно место, на гробиштата на скопското село Брњарци, во јуни пред 12 години загинаа тројца бранители, припадници на полицијата, Атанас Јанев, Никола Пехчевски и Александар Стојчев.


На истото место на 23 јуни 2001 година, во акција за ослободување на Арачиново кај гробиштата, од артилериски оган тешко беше ранет Оливер Китановски, припадник на Единицата за специјални задачи „Тигар“ Почина по пет дена, а имаше само 21 година. Грамадата од гробни плочи искршени од експлозијата на гранатата сведочи за овој трагичен настан, за кој со пресуда на Врховниот суд, по долгата и мачна битка, мајките што останаа без синови и децата што останаа без родител, не добија целосно обесштетување.

Четворицата бранители, како што сведочат нивни колеги, доброволно се пријавиле да учествуваат во првите редови во акцијата за ослободување на Арачиново.

Ако пред 12 години околностите под кои загинаа беа криени под назнаката „строго доверливо“, сега веќе отворено се зборува, а тоа го знаат и членовите на семејствата, дека полицајците загинале од пријателски оган. Поранешни разузнавачи повикувајќи се на официјалната документација, која досега не е обелоденета, тврдат дека поради некоординираност на Министерството за одбрана и на Министерството за внатрешни работи, кои функционираа во тогаш формираната широка влада, во акцијата за ослободување на Арачиново полицајците загинале од граната на македонската армија, а не во борба со припадниците на ОНА.

Дали овој строго чуван извештај би можел да фрли ново светло и да отвори нова постапка за обесштетување на семејствата засега е неизвесно.

Бранителите на правдата велат дека независно од овој факт, за семејствата на трагично загинатите припадници на МВР во конфликтот во 2001 година што не добија целосно обесштетување треба конечно да се отвори патот до правдата, а Врховниот суд да си ја признае грешката направена поради политички притисок, а не поради правично судење.
 
Член од
5 февруари 2013
Мислења
168
Поени од реакции
408
2001 беше перење пари, од кои некои (не)политичари се збогатија за 10 живота ;)

Не беше ништо никаква војна, можеби за тие што се бореа да, но сепак, конфликтот беше успешно перење пари, или нивно трошење....
 

Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.018
2001 беше перење пари, од кои некои (не)политичари се збогатија за 10 живота ;)

Не беше ништо никаква војна, можеби за тие што се бореа да, но сепак, конфликтот беше успешно перење пари, или нивно трошење....
Не батка беше плачка на територија,
помогнато од страна на нечи спонзори,
Немаме ние толку умни поединци за да го осмислиме така фино.
 
Член од
5 февруари 2013
Мислења
168
Поени од реакции
408
Не батка беше плачка на територија,
помогнато од страна на нечи спонзори,
Немаме ние толку умни поединци за да го осмислиме така фино.
Може и за тоа беше, па од тоа ги испраа парите, секој што имаше можност од тоа украде колку можеше... Пример ќе ти дадам, Љупчо денес незнае колку пари има, човекот преку кој што идеше плаќањето за сухоите исто така, кафичи фирми, незнае што има ;)
--- надополнето: 13 септември 2013 во 14:33 ---
Единствено со прстот во уста си останаа бранителите кои и тие мали суми што ги добија,требаа да ги вратат, а сеа на учките сакаат и да ги израмнат со нив, тоест тие што не успеаа да фатат министерска позиција...
 

Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.018
Може и за тоа беше, па од тоа ги испраа парите, секој што имаше можност од тоа украде колку можеше... Пример ќе ти дадам, Љупчо денес незнае колку пари има, човекот преку кој што идеше плаќањето за сухоите исто така, кафичи фирми, незнае што има ;)
--- надополнето: 13 септември 2013 во 14:33 ---
Единствено со прстот во уста си останаа бранителите кои и тие мали суми што ги добија,требаа да ги вратат, а сеа на учките сакаат и да ги израмнат со нив, тоест тие што не успеаа да фатат министерска позиција...
Жално и многу точно.
И не само Љупчо Бааги бандити карија на макта на лугето.
 

Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.018
За идеја бил човек со висок морал, и патриот .
Изгледа малку такви останаа.
 

Хајсенберг

Компјутерски Инжињер
Член од
15 ноември 2013
Мислења
347
Поени од реакции
365
Поминаа повеќе од 10 години од страшни масакри во 2001 година.Животот го дадоа повеќе од 60 млади војници,некои од нив со мазни лица.Бутнаа цели фамилии во црно,ги уништија мајките за целиот живот.Некој вика дека е гордост да ја браниш својата татковина,и храбро да загинеш за неа ако тоа е потребно!Ова е најпогрешното нешто што сум го слушнал во мојот живот,и срцето ми се грчи кога ќе ве прочитам вас форумџиите како сте за уште една војна.Вие деца убави,никогаш не сте ја осетиле горчината многу близок ваш да биде МАСАКРИРАН од погани кучиња.Никогаш не сте почуствувале како е близок твој да не му се израдува на детето негово!

Уште и ден денеска се води пропаганда дека треба да ја сакаш Македонија,дека треба да се бориш за неа и слично бљувотини.За која татковина да се борам?! За таа истата што терористите што масакрираа да седнат во парламент и да ни ја водат државата што во 2001 сакаа да ја окупираат?

Војниците млади загинаа.Еден мудар вика дека човек умира два пати,еднаш кога физички ќе умре,а вториот пат е кога ќе го заборават.

Дали некој од вас памти,дека имаше млади луѓе што го дадоа животот за знамето,а со тоа и индиректно загинаа и за вас?!

Ќе ве молам,да се најде некој паметен,пошто многу самопрогласени високоинтелегенти особи и добри познавачи на поновата Македонска историја и политика,што ќе ми одговори едно прашање:

ЗА ШТО ЗАГИНА БРАТ МИ ВО 2001 ГОДИНА?
Никогаш нема да добиеш одговор кој ќе те задоволи.. Жалам за твојата загуба, нека му е лесна земјата :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom