Никогаш, не сум го подценил квалитетот на твојот сајт, само ја наоѓам премногу егоистична твојата самоувереност во твоето постигнување.
...симни се на земја и полемизирај, не предавај „математика“. И да, тоа е за твое добро, дека што побрзо сватиш дека тоа не е математика и што побрзо ја отфрлиш суетата, толку побргу ќе напредуваш во тоа што го правиш.
Размисли малце зошто те фрлив во безначајност...
:nesvest:
Отиди нагоре низ постовите и види кој почна со обиди за дискредитација, шпанско село појма немам и сл.
како можеш да се бориш против пропагандната машинерија, ако не можеш да излезеш на крај со мене ???
Доколку сакаш македонец нешто да направи чепни го за суетата.
Мислам дека излегував и излегувам на крај со тебе. Ова е кажано во позитивна другарска смисла затоа не се истрчувај да се докажуваш колку си ваков или таков.
Зошто во Непокор немаше проблеми со мојата „самоувереност“ и „математика“? Таа организација имаше еден многу добар претседател и еден лидер, водач. Не си се запрашал зошто македонштината преовладуваше наместо тогаш сеуште славната ни словенштина? Интел, на почетокот на темава троа злобно ти прибележа дека имаше во Непокор голема словенштина (СФРЈ-овска) и
беше во право, а ти онака, културно, го навреди со зборот лажго бидејки не ја знаел целата приказна. Не знаел се` ама сепак знаеше доволно. Ако не се сеќаваш требаше и тој да влезе или можеби не си знаел.
Зошто секогаш поголем акцент и важност се ставаше на тоа што ти и уште некои го тврдеа додека другите занемуваа? Заради пресилните аргументи ли?:nenene:
Зошто некои проекти/идеи беа повеќе прифатливи, а некои не? Најверојатно ќе да било голема случаност што тие проекти биле од страната на тнр. античките.
Зошто при толкавата поделеност во самата организација таа траеше толку долго, та дури и растеше?
Зошто тогаш не ти сметаше ништо кај мене, а сега се` ти смета, а?
Ти, златен, падна „жртва“ на една шема наречена, во превод, повредено кученце. За да не се фатиш за значењето на зборовите и да дрвиш до бесконечност, ќе објаснам.
Шемата повредено кученце е всушност
природна реакција кај скоро сите поразвиени р`бетници. Се користат кученцата при игра како објаснување, а станува збор за тоа кога некое од кученцата ќе претера. Другото кученце ќе зацвили дури иако било поагресивно во играта и веднаш се престанува со играта за да не дојде до повреда.
Може секој да ја проба шемава. Не е неетички бидејки станува збор за укажување на нанесена навреда. Кога некој ќе ве навреди укажете му на тоа и ќе забележете веднаш дека ќе дојде до промена на начинот на однесување. Како додатен бонус добивате сознание за намерите на соговорникот. Посебно ако продолжи да ве навредува.
Имајте на ум дека има многу повеќе во оваа шема отколку што ви кажав и затоа не претерувајте со неа.
Не те знам, а? Единствено нешто, ако може да се рачуна како разлика, е тоа што си денес поагресивен со суетата, ама темава сепак ја одржав во живот, нели?
И покра тоа што знаеш каде, на кого и на кое ниво влијаам ти ме смести во форумски дудлачи или интерентски промотор.
До каде имаш лични, позитивни, искуства и тоа на претек со мене сепак и покрај се` се осуди да „ми помогнеш“ да не забегам?
Ех, мој Џамајка ман. Знаење имаш, иницијативност имаш, поседуваш упорност на загар во лов, интересен си за разговор та дури човек може да научи нешто од тебе и срцето ти е на вистинско место
ама си тежок човек, кантар не те мери. Сепак толку лесно не се откажувам јас од моите пријатели.:wink:
... но за жал понекогаш има провокациии кои не можат да поминат без одговор.
Ова не ти чини да знаеш!!!:nenene:
Ако веќе работиш на случајот треба да знаеш дека не се сите етички настроени при користење на проп. шеми.
Чим е провокација значи нешто постои во позадина. Никогаш соодветно и сразмерно не се одговара на провокација.
Поздрав:helou:
___________________________________________________
exlexmk,
баш затоа велам дека ти и јамајка се надополнувате ...
ти си за како шо разбрав да оставиме минатото .. ние сме Македонци и да продолжиме поманатаму ... јамајка се навраќа на минатото и на корените ...
Чепни ми го минатото па ќе видиш.:smir:
Не се остава минатото, посебно кога ти се напаѓа. Акцентот ми е на подобрување на економската состојба бидејки празен стомак исклучиво мисли како да се наполни, тој не мисли на повисоки идеали.
Лесно се контролира умот кога стомакот му е празен.
Дали е сега појасно?
народ без историја нема ...
мора да се разјаснат некои работи од нашата историја која е под влијание на пропаганда мнооогу долго ...
патем историјата на еден народ е основата темелите на тој народ ...
кога ќе расчистиме со тоа тогаш и само тогаш можеме да продолжиме напред ...
Се согласувам! Само треба да се согласиш со мене дека нашите работи сепак не се толку едноставни за да ги тераме еднонасочно. Доколку останеме со огромно мнозинство на закрепостени верувај дека и тоа што го знаеме ќе си го заборавиме заради грст на евра за, условно речено, лепче. Треба ли повторно да ги спомнам негативните општествени трендови на кои скоро
никој не обрнува внимание, а се реалност во сегашноста?
Лесно е да се копа по историјата и да се бараат фактите... Добро, не е толку лесно, ама главната општествена манипулација не ни е во историјата туку е во создадената атмосфера на тнр. Хобсова џунгла или на беспоштедна борба на секој против секого.
факт: ние сме моментално 2милиони ако не и помалку Македонци кои живеат на територијата на Р. Македонија ...
лесно манипулативни .. подложни на надворешни влијаниа на странски служби кои можат на било каков начин да не искористат ...
затоа мораме да ја поставиме основата - нашата историја, која во секој поглед е многу значајна за нас а и за светот ...
доста е со игнорирање ....
Се согласувам дека нашата историја е основата. Да знае нашиот човек дека не е тиква без корен и дека има своја, историски докажана вредност од која ќе изнајде потврда за сопствените врлини. Сепак, дали мислиш дека само со тоа успешно ќе спречиме надворешни влијанија или ни треба и нешто друго?
ти и јамајка треба да си ги надополните вашите ставови како шо и сам кажа ...
не ни треба раскол меѓу нас ...
треба единство ...
и тој е у право и ти си во право ...
дрво без корен неможе ...
напоредно треба да се работи и на твојата идеологија и на идеологијата на јамајка ...
Не се работи за различни идеологии туку за една те иста. Затоа е и аналогијата на паричката. Како форма, паричката, неминовно е да има две страни. Кога лежи на едната, таа страна служи како основа на другата, кога лежи на другата, служи како основа на првата.
Не знам што не е јасно во ова.
Проблемот настанува кога едната страна тврди дека другата е небитна или второстепена.
Вистината стои дека во Македонија се множат патриоти и кај другата страна, а патриотите од првата страна ги гледаат како закана наместо како неопходна помош, како исполнување на дупката во нашите редови.
Општеството, „потпомогнато“, морално ни пропаѓа, тоа не се лечи со историски вистини.
Идентитетот на нашиот народ ни е нападнат, а тоа не се брани со идеологии, идеи и морал.
Оди на мојот сајт
www.angelfire.com/ab6/protivpropaganda
Там доле кај фамозниот каунтер тнр. бројчаник од десната страна има една ситна,скоро невидлива точка. Таа точка е линк за симнување на едно книжуле. Кога ќе имаш време прочитај го.
минатото на сите ни е јасно ... МАКЕДОНЦИ сме. ..
само има некои кои го поткопуваат тоа ...
но ... според мене пропаганда лесно може да помине
кај поединци не ..
но кај повеќето да ...
Пропагандата е наменета за групно дејствување и не се замара со поединци.
Македонецот како поединец може да ги поседува сите позитивни карактеристики ама стави го во група каде што се практикува колективизмот и... Се гледаат резултатите, нели?
Истиот тој македонец стави го во група со други слични каде што соработката е нормата па ќе видиш што ќе се деси.
Имај ја на ум онаа народната:
Стави една капка оцет во буре вино. Виното многу брзо ќе се претвори во оцет.
Стави и литро вино во буре оцет ништо нема да се промени.
Колективистичкиот пристап на нештата кај нас се покажа како мошне погубно. Најпознато од колективистички уредени опшетства е еврејското и многу би сакал и ние како евреите да си ги тераме работите ама не можеме. Тие многу се држат до и црпат мудрост од нивната религија, додека ние, со помош, ја отфрливме нашата и веќе немаме показател како работите да ги вршиме. Со технократство и меритократија само до кај што сме можеме да стигнеме, а за понатаму...
____________________________________________________________
Братот,
Очигледно, ние многу сме посилни кога делуваме и придонесуваме индивидуално, а се надополнуваме спонтано.
Заедно тешко функционираме..или тоа би се свело на многу мал број поединци групирани во мали групи по 2-3 луѓе инаку во спротивно пак ќе доживуваме вакви дебакли.
Апсолутно си во право. Дури и да се создаде поголема група на поединци веднаш меѓу нив ќе се појави, фигуративно кажано, капка оцет.
Ако сакаш и вака ќе го кажам, се` додека групата е во оригинален состав може да дејствува и да биде ефикасна. Проблемот настанува кога ќе се појават првите успеси и ќе дојде до неминовната масовизација на групата. Тогаш доаѓа до инфилтрирање на поединци со неблагородни цели или задачи.
Сеуште сме кревки во тоа поле и тоа без одбранбен систем од таквите. Наместо координатори на проекти, ние поставуваме/бараме „лидери“. Наместо најпривлечно да е успехот, најпривлечно е да се постане, условно речено, мал титои да ни се поклонуваат и да не обожуваат другите.
Жестока е до толку борбата за водечките позиции што се заборава целта на организацијата и таа пропаѓа. Така пропаднаа неколку организации во кои сум учествувал. Посебно ми е жал за мојата прва и за Непокор.