За рационализмот, како убиец на вечноста.

Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Ставрогин, доколку внимателно си ја читал Бесови, Достоевски го окарактеризира како крајно негативен лик, како еден од "бесовите" кои ја морат Русија во деветнаесетиот век, нихилисти, целосно отуѓени од својот народ и вера, без морален компас, водени од идеи и -изми, некритички трансплантирани од западот и несмасно имитирани.

А во Карамазови, како контратежа на Иван, го имаш Аљоша, огласен како јунакот на романот од страна на самиот Достоевски, Аљоша кој е олицетворение на простодушната, наивна верба која го карактеризира типичниот Русин кој Достоевски го идеализира.

Достоевски не е само апологет на духовноста, туку остар напаѓач на позитивизмот и рационализмот и впрочем сите -изми кои ја цепкаат реалноста, во преден план носејќи еден или друг нејзин аспект. Тој е делумно инсипириран од Соловјов, руски поет и философ кој зборува за концептот на "соборност" кој означува единство, односно некој вид на холистички пристап кон гледањето на светот кој тежнее да ги обедини спротивните концепти во идејата за Бог. Фак, само што почнав да го читам типот, не е баш прост, али кога ќе го укопчам ко што треба, I'll get back to you.

Фала на одговорот, у секој случај. Достоевски ми е омилен автор и уживам да дрндам за него.
Mi trgna denes da ti gi citiram postovite...

Delata na Dostoevski se polifoni, odnosno sekoj od negovite junaci stapuva na scena i go kazuva ona sto go misli. Dostoevski ne zavzema strani vo negovite romani, iako zavzema strani vo negovite dnevnici, koi se mnogu poloso literaturno delo vo odnos na negovite romani. Mnogu komentatori na Dostoevski smetaat deka tokmu Ivan Karamazov i Nikolaj Vselovodovic Stavrogin se onie likovi so koi Dostoevski najmnogu se postovetuval, i koi gi izrazuvaat negovite najdlaboki sogleduvanja za zivotot i religijata. Ova zaradi intenzitetot so koi se prikaznani tie likovi, posebno Ivan Karamazov, koj licno za mene pretstavuva najvazniot knizeven lik bilo koga stvoren. Od druga strana, Aljosa i Zosima deluvaat nekako neubedlivo i bledo, eden Ruski avtor (Lav Sestov, izvorendno interesna pojava vo filozofijata) gi narekuva tie likovi lubok, odnosno nekoja vrsta na drveni rezbani igracki koi se prodavaat po panagurite vo Rusija...
 
The Wolf

I solve problems.
Член од
25 август 2010
Мислења
88
Поени од реакции
65

Ех, каква интересна појава. Сакаш да кажеш дека критичарите на Достоевски го познаваат него и неговите дела подобро од што тој се познава себе самиот? Интересна патологија. Тоа дека Аљоша и Зосима изгледаат неубедливо и бледо е целосно субјективен суд - делата се полифони, но нараторот во Карамазови ни го претставува Аљоша како јунакот на приказната, иако е вовлечен во вителот на настаните против својата волја. :)

Човеку, не негирам дека психата на Достоевски не содржи една нихилистичка, атеистичка и либерална нишка- впрочем, пред да биде прогонет на Сибир, тој е Иван, тој е Ставрогин. Но таму, меѓу едноставните, богобојажливи луѓе, чија срдечност го трогнува, тој го пронаоѓа Бог и се обидува да го разреши конфликтот меѓу стариот и новиот Достоевски преку своите книги, меѓу другото, сепак зборуваме за доста густ и слоевит опус.
 
Za Sestov, ti sovetuvam da procitas, ke vidis deka e interesna pojava, so svoeto otfrlanje na nuznosta, i so svoeto zastanuvanje na stranata na junakot od podzemjeto.

Sto se odnesuva do toa cii stavovi zastapuva Dostoevski vo odnos na negovite junaci, toa e navistina subjektivno. Megutoa razmerite na napadot vrz Hristijanstvoto i zarot so koj go pravi toa Ivan Karamazov se nenadminati vo istorijata. Posle Ivan Karamazov, nitu edna teodiceja ne e vozmozna. Duri ni Nice vo Antihrist ne uspeal so tolkava strast da go otfrli Hristijanstvoto. Se zboruva deka bogohulenjeto na Ivan Dostoevski go napisal vo bunilo, vo zar, za samo nekolku dena, dodeka afirmacijata na Hristijanstvoto niz likovite na Aljosa i Zosima mu odzemalo mnogu vreme i napor, bukvalno se macel so niv. Toa sto Aljosa e glaven lik vo knigata, se razbira deka ne e nikakov dokaz deka tokmu toj gi zastapuva stavovite na Dostoevski. Koga ke se sporedi ogromnata vizija koja se nazira vo Legendata za golemiot inkvizitor, so druzinata na deca koj gi predvodi i gi poducuva Aljosa na krajot od knigata, celiot toj suhristijanski kraj deluva nekako nategnat i isilen, i pomalku naiven.

Vo sustina, potpolno e nebitno sto zastapuval Dostoevski kako licnost, negovite dela postojat sami za sebe, sekoj naoga tamu ponesto. Ako Dostoevski i imal namera da napise afirmativen tekst vo koj na nekoj nacin ke go opravda Hristijanstvoto, toa vo sekoj slucaj ne mu uspealo. Naprotiv, mu napravil meckina usluga na Hristijanstvoto, i posredno na sekoja religija koja postulira semoken i dobar Bog kako tvorec na svet vo koj postoi Zlo.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom