За првпат во Република Македонија е утврдена минималната плата

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
474
Едно е факт Македонија е мала држава Принс дај боже Балканот да се укрупни да нема граници и да има поголема меѓународна трговија меѓу земјите на Балканот е тогаш ќе имаме подобар живот.

Вака заеби се делиме сите,се правиме паметни а немаме големи плати па како ќе имаме кога не можеме да заработиме ни за леб.
 
Член од
16 април 2011
Мислења
607
Поени од реакции
154
Тоа дека во текстилот жените се третирани како магариња е така ,не дека газдите немаат пари да му платат туку зошто да му плакаат кога може да се зафркавааат со нив (пример свед милк тиа слики никогаш нема да ги заборавам )
Можеш за свед милк да споделиш некое искуство?
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
1.325
Со 8 илјадарки Грујо и неговите министри нека го тераат месецот.
 

Lorddd

Титула - Лорд
Член од
18 март 2007
Мислења
1.067
Поени од реакции
53
Океј, мило ми е што каков таков, првиот чекор е направен. Ама со ова ни пола од проблемите не се решаваат. Како што веќе спомнаа некои пред мене, а и познавајќи ги нашите "паметни, сезнајковци" газди, ова може да го искористат во нивна полза (за такви работи ги бидува).

За експлоатацијата на работниците да не почнеме да зборуваме.. Нема две чисти од водење бизнис газдата, ама во нашиов чуден систем функционира некако. Се натреваруваат кој од кој повеќе пари потрошил за глупости/поскапа кола купил. Ајде да работи добро, паметно, поштено океј е, ама го знам бе што прави какво муле е..

Инаку за минималната плата, би требало како што одиме напред, како што ни се зголемува стандардот на живеење и таа да расте.. Дали ќе биде така, ќе видиме.
 
T

Tetro

Гостин
Со 8 илјадарки Грујо и неговите министри нека го тераат месецот.
8.050 денари. :)

Со тие пари можат да се купат 268 леба од по 30 денари.
За четиричлено семејство тоа е 67 леба, месечно.

А само леб се јаде? Се јаде, ама не може да се живее така постојано. :(
 

DarkLord

Невиден малер
Член од
27 јануари 2007
Мислења
941
Поени од реакции
247
Не ми јасно што може да се направи со оваа ефтина пара? Храната станува поскапа и оснатано, како може платата да ни останува иста?
 
Член од
15 јули 2011
Мислења
201
Поени од реакции
117
Мислам дека ова ќе резултира само со поголема невработеност освен ако не е точно дека повеќево газди се лопови у тој случај ќе мора повеќе да издвојат и да немаат толкава профит маргина.

Али со сила у економија нема како што рече некој, најдобар начин да се зголемат платите е повеќе конкуренција како на пример тоа што ќе отвара странска фирма една конфекција во МК и ќе вработува искусни шивачки итн. Луѓето треба да престанат да се жалат и повеќе да почнат да произведуваат за себеси со свој бизнис итн.
 

Mj

Маестро
Член од
25 јануари 2008
Мислења
754
Поени од реакции
212
8.050 денари. :)

Со тие пари можат да се купат 268 леба од по 30 денари.
За четиричлено семејство тоа е 67 леба, месечно.

А само леб се јаде? Се јаде, ама не може да се живее така постојано. :(
А сметки?
 

Mj

Маестро
Член од
25 јануари 2008
Мислења
754
Поени од реакции
212
Какви сметки со плата од 8.050 денари? :confused:
Па бар за вода. Струја јок, на свеќи. Иначе требаше повеќе да утврдат минимална плата. Цениве растат на се, а плати исти.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
11.843
Поени од реакции
8.572
Конечно ја доловивме поентата секоја чест.Сите се повикуваме на тоа како е во странство како они земале плата па имале јака економија,слободи прави и напредни општества но забораваме дека ние сме 20 години држава а да речеме САД каде каде се постари од нас па ние сакаме во овие 20 години да ги достигнеме САД во економија и во ред други работи.Се согласувам со тебе да беше повисока минималната плата дефинитивно ќе имаше серија на отпуштања и по автоматизам зголемена невработеност.
Зашто Англиските тревници се поубави од нашите...зашто се косат веќе 500 години, а нашите вчера почнавме да ги косиме..
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.807
Супер одлука, секоја чест што некој конечно реши да ја утврди минималната плата, е сега има проблем кој се вика МОБИНГ, а тоа значи дека работодавецот може да им даде 8050 денари плата да им плати придонеси на тој износ, да и ги префрли 8050 на сметка и да и ги побара назад 2000 илјади да ги врати во кеш, верувајте во текстилната индустрија толку многу ги омаловажуваат, така да нема да ми биде чудно да се случи ова горенаведеното.
Е тоа е бе ....кај сиромаси,па и прости....или кај прости,па и сиромаси.....

Па добро бе има по 300 работнички во една фабрика....доволно е секоја да земе по еден машки член од фамилијата и да му направат еден асален бунт...има цела држава да се солидаризира,како домино ефект.

Ама јбг,уште се наплашени од поранешниот комунистичкиот режим,и никако да се сетат дека денес е демократија.

Ја да бев на местото на Грујо ќе направев минимална плата да биде 1ден....па нека се сетат вработените од каде се стасани на ова дереџе,и кој ги затвори и испокраде сите фабрики во државава(во мрачните 90ти)....а они тогаш блееја како телиња....а гледајте денес у една мочана грција цела Атина ја запалија од протести....е тоа е солидарност.

Ај у пм се изнервирав.
 
P

Princ

Гостин
Па бар за вода. Струја јок, на свеќи. Иначе требаше повеќе да утврдат минимална плата. Цениве растат на се, а плати исти.
Го болдирав магичниот збор и ќе се повторам: не може владата да ги зголеми платите во стопанството!
Владата може да утврди ниска минимална плата, можеби и висока максимална, но не може да ни ги зголеми платите на нас приватњаците!
Не пишувам вообичаено со извичници, но навистина не се разбирате како одат работиве, а коментирате.
И јас не се разбирам, основно имам завршено, но имам логика да разберам дека владата не може да ги зголеми парите во стопанството.
Замислена ситуација: минимална плата 8.050.
Имаш фирма со добивка месечно од 300.000 на пример и имаш 20 вработени на кои им плаќаш по некој просек од 12.000. Тоа се вкупно 240.000 денари месечно што одат само за плати. 60.000 ќе оставиме на страна.
Е сега, доколку владата утврди минимална плата од 16.000 (оп, на неколкумина што не знаат да пресметат 2+2 им се крена курето, ќе зимаат плата 16.000, жими ашимов, за кратко ќе образложам, знам дека го тупам ама користам прилика да ве иритирам) ти на минималец ако ги исплаќаш вработените само првиот месец откако ќе се донесе одлукава ќе си во минус 20.000 денари. Наредниот уште 20. Па ќе го симнеш бројот на вработени на 10 и после мајка ви ќе остане невработена и пријавена у труд. Епа ќе остане.
Значи, да резимираме: економијата/стопанството ја одредува платата (што повеќе пари имам во фирма, толку ќе има и за моите вработени) а владата само може да утврди нешто. Ништо повеќе. Не се брукајте повеќе со вакви размислувања, се потрудив баш детално да ви објаснам како стојат работите.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.629
Поени од реакции
38.552
Прво конечно нешто за пофалба, утврдена минимална плата во договор со синдикат и бизнис сектор. Бруто платата е во висина на можностите на нашето стопанство. Толку сме јаки (мизерни) и доволно е што толку е границата.
Е сега закнот дозволува на пола работно време, дозволува на 2 саати неделно и некој ќе си ги скрати трошоците за плата. Дел од вработените во текстил со гаранција на рака ќе враќаат пари, а ако гугнат ќе ја видат вратата од надворешна страна.
Плус има и договори за практиканти и волонтери така да од бизнис страната не е нешто страшен законов. Од страна на работниците е голем успех и на толку што се утврди минималецот.
Ако се развива реалниот сектор, минималецот ќе се покачува. Ако стегне уште една рецесија минималецот ќе опаѓа.
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Не ми јасно што може да се направи со оваа ефтина пара? Храната станува поскапа и оснатано, како може платата да ни останува иста?
Е тоа е бе ....кај сиромаси,па и прости....или кај прости,па и сиромаси.....

Па добро бе има по 300 работнички во една фабрика....доволно е секоја да земе по еден машки член од фамилијата и да му направат еден асален бунт...има цела држава да се солидаризира,како домино ефект.

Ама јбг,уште се наплашени од поранешниот комунистичкиот режим,и никако да се сетат дека денес е демократија.

Ја да бев на местото на Грујо ќе направев минимална плата да биде 1ден....па нека се сетат вработените од каде се стасани на ова дереџе,и кој ги затвори и испокраде сите фабрики во државава(во мрачните 90ти)....а они тогаш блееја како телиња....а гледајте денес у една мочана грција цела Атина ја запалија од протести....е тоа е солидарност.

Ај у пм се изнервирав.
Па бар за вода. Струја јок, на свеќи. Иначе требаше повеќе да утврдат минимална плата. Цениве растат на се, а плати исти.
Со 8 илјадарки Грујо и неговите министри нека го тераат месецот.
Какви сметки со плата од 8.050 денари? :confused:
Па со поскапувањето што се случува последните години на основните продукти некако многу европски цени ќе добијат, а платите уствари ќе се покачат малце и нема некоја разлика. Скупи су паре сад, са је оскудација ... :eek:
А за министрите, сигурно ќе се сетите на изјавата на еден; Па мене не ме погоди, знаете какви се министерските плати итн....
Порано живеевме од месец за месец, сега од ден за ден, сега завршив средно гимназија, немам за факултет да идам, вчера се пријавив во завод па што дојде за работа ќе одам друго чаре немам, вриштат само писма за извршување. :(.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom