Па бар за вода. Струја јок, на свеќи. Иначе требаше повеќе да утврдат минимална плата. Цениве растат на се, а плати исти.
Го болдирав магичниот збор и ќе се повторам:
не може владата да ги зголеми платите во стопанството!
Владата може да утврди ниска минимална плата, можеби и висока максимална, но не може да ни ги зголеми платите на нас приватњаците!
Не пишувам вообичаено со извичници, но навистина не се разбирате како одат работиве, а коментирате.
И јас не се разбирам, основно имам завршено, но имам логика да разберам дека владата не може да ги зголеми парите во стопанството.
Замислена ситуација: минимална плата 8.050.
Имаш фирма со добивка месечно од 300.000 на пример и имаш 20 вработени на кои им плаќаш по некој просек од 12.000. Тоа се вкупно 240.000 денари месечно што одат само за плати. 60.000 ќе оставиме на страна.
Е сега, доколку владата утврди минимална плата од 16.000 (оп, на неколкумина што не знаат да пресметат 2+2 им се крена курето, ќе зимаат плата 16.000, жими ашимов, за кратко ќе образложам, знам дека го тупам ама користам прилика да ве иритирам) ти на минималец ако ги исплаќаш вработените само првиот месец откако ќе се донесе одлукава ќе си во минус 20.000 денари. Наредниот уште 20. Па ќе го симнеш бројот на вработени на 10 и после мајка ви ќе остане невработена и пријавена у труд. Епа ќе остане.
Значи, да резимираме: економијата/стопанството ја одредува платата (што повеќе пари имам во фирма, толку ќе има и за моите вработени) а владата само може да
утврди нешто. Ништо повеќе. Не се брукајте повеќе со вакви размислувања, се потрудив баш детално да ви објаснам како стојат работите.