За првпат во Република Македонија е утврдена минималната плата

  • Креатор на темата Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување Време на започнување
H

Hip.Hop_MKD

Гостин

Сабота, 01 Октомври 2011 14:42

За првпат во Република Македонија е утврдена минималната плата.

VLADA--plata-500.jpg
Минималната плата беше утврдена на седница на Економско-социјалниот совет со кој претседаваше министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски.
Минималната плата ќе изнесува 8050 денари за нето, односно 12.265 за буто плата. Донесената одлука ја соопшти премиерот Никола Груевски.
Пред триесет дена од владеачката ВМРО-ДПМНЕ беше ветено дека ќе се направат напори за во најбрз можен рок да се одреди минималната плата. На економско-социјалниот совет, кога беше договорена оваа сума, присуствуваа претставници на синдикатите кои искажаа задоволство од донесената одлука.
Од одлуката задоволни и работодавците.
-Во кожарството досега се земаше плата од 4800 денари, а во текстилната индустрија на работниците им се плаќаше по 5500 денари месечно. Презадоволни сме од ваквата одлука, велат од здружението на работодавачи.
Во регионот таа се движи од 120 до 160 евра.
Извор: http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/44178-Za-prvpat-utvrdena-minimalnata-plata
Според мене мизерија е...
 
Аирлија,конечно.. очекував барем 9000,ама знаејќи со какви притисоци и уцени идат стопанствениците,до негде можам да ја проголтам и оваа цифра
 
Мизерија е ама е минимална, значи под тоа не може да се оди. Јас сум задоволен што најпосле се утврди минималната плата.
Аирлија,конечно.. очекував барем 9000,ама знаејќи со какви притисоци и уцени идат стопанствениците,до негде можам да ја проголтам и оваа цифра

Може да расне нагоре но, ако им се смета и тоа што остануваат прекувремено, највеќе во текстилните компании.
 
Може да расне нагоре но, ако им се смета и тоа што остануваат прекувремено, највеќе во текстилните компании.

Текстилците се најголеми душевадници.. ама мило ми е што полека почнаа да јадат шамари..еве пример во Штип сега ќе отвори Џонсон Контрол фабрика и ќе им ги земе најдобрите работници на големиве "бизнисмени"..а они ако нејќат да пропаднат ќе мораат да ги креваат платите..
 
Може да расне нагоре но, ако им се смета и тоа што остануваат прекувремено, највеќе во текстилните компании.
Прекувременото единствено може да се реши со помош на централизиран систем за водење на евиденција на ниво на државата и казните да бидат генерирани компјутерски се друго би било лук и вода
 
Текстилците се најголеми душевадници.. ама мило ми е што полека почнаа да јадат шамари..еве пример во Штип сега ќе отвори Џонсон Контрол фабрика и ќе им ги земе најдобрите работници на големиве "бизнисмени"..а они ако нејќат да пропаднат ќе мораат да ги креваат платите..

Остај мајка ми порано за 4 000 денари, од 6: 00 наутро-до 22/23 00 на работа беа и никој не превземаше ништо. Само газдата превзема си купи скапи коли, куќи, итн... се луксузираше додека вработените мизеруваа!
--- надополнето: Oct 1, 2011 1:21 PM ---
Прекувременото единствено може да се реши со помош на централизиран систем за водење на евиденција на ниво на државата и казните да бидат генерирани компјутерски се друго би било лук и вода
Џабе што имаше во една фирма електронско ги тераа да куцаат и да се вратат назад. А кога би имало поголем мониторинг од страна на државата би било подруго.
 
респект за законот како зако, но сепак владава подпадна под притисокот на бизмизмените и не го оджа ветувањето минималната плата да е160 евра но пак и ова е некој напредок :)
 
Замисли некој што заработува 8000 денари што ќе прави кога ќе му кажат дека добил 50 денари покачување?
Ќе умре од среќа.

50_denari,_1996-_pozadina.jpg

Ja сега работам за 8000, додуша привремено..вечер кога ќе отидам на работа,ќе му барам на газдата покачување:pos::pos:
 
Супер одлука, секоја чест што некој конечно реши да ја утврди минималната плата, е сега има проблем кој се вика МОБИНГ, а тоа значи дека работодавецот може да им даде 8050 денари плата да им плати придонеси на тој износ, да и ги префрли 8050 на сметка и да и ги побара назад 2000 илјади да ги врати во кеш, верувајте во текстилната индустрија толку многу ги омаловажуваат, така да нема да ми биде чудно да се случи ова горенаведеното.
 
Не им давај идеи, премногу се глупи за да им текне вакво нешто.
 
Јас на времето кога работев во една фирма, ми пуштаа на сметка 10000 и после ми бараа 4000 да ги враќам, така да муабетов ми е многу добро познат :/

Патем, оваа идеја не е нова, јас го искусив ова пред 8-10 години а прилично млад сум, пред мене којзнае колку поминале по таа фора.
 
Значи ништо веќе им има текнато, тоа е врв мислам на мибингот да ти ги бара назад чесно заработените пари, да да сега ќе се случува, @THE_CHOSEN_ONE, кога е во прашање изживување со вработените и нивно потчинување е тогаш се многу паметни, а за правење нешто иновативно и за проевропски водење на компанијата, е тука се многу глупави, верувај.
 
Јас на времето кога работев во една фирма, ми пуштаа на сметка 10000 и после ми бараа 4000 да ги враќам, така да муабетов ми е многу добро познат :/

Патем, оваа идеја не е нова, јас го искусив ова пред 8-10 години а прилично млад сум, пред мене којзнае колку поминале по таа фора.
Не знаев за оваа финта.
Впрочем, јас сум од ситуирана фамилија па имам мало познавање за проблемите со кои се соочуваат луѓето од работничката класа.

@Принц жити се кажи што работеше и кај за тие пишливи 6 илјадарки, колку ти беше саатнината?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom