За патријархот Вартоломеј МПЦ е парацрква

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.812
Поени од реакции
1.082
За патријархот Вартоломеј МПЦ е парацрква

Тешки и навредливи квалификации од вселенскиот патријарх Вартоломеј за Македонската православна црква – Охридска архиепископија. За него МПЦ е нехристијанска и парацрковна организација.
Тоа патријархот Вартоломеј го кажа на вчерашното одбележување на 1.700-годишнината од донесувањето на Миланскиот едикт во Ниш, Србија.
„Во нашите православни цркви повторно зајакнуваат разни расколи, ереси, отпадништва. Ерарсите се прогонуваат, како, на пример, архиепископ охридски Јован. Свештениците, монасите, верниците биваат прогонети за зборот Божји, бидејќи не се согласуваат да се вклучат во антихристијанска и псевдоцрковна организација, а тоа е помогнато и од државните структури. Затоа што го носат името Христово, тие се прогонуваат без каква и да е причина и вина“, рече владиката Иринеј.
Овие навреди се поради случајот со расчинетиот владика Јован Вранишкоски.Вранишковски има затворска казна поради финансиските малверзации.
Обраќањето Вартоломеј го прочита на грчки јазик, а српскиот владика Иринеј бачки, го преведуваше на српски јазик.
Македонската православна црква-ОА, инаку, не беше поканета на оваа прослава на православните цркви во Ниш.
http://a1on.mk/wordpress/archives/216525

http://dnevnik.mk/?ItemID=609014A0ABFB1D4280532D8A0F6227FC

http://www.time.mk/c/e69e0bc00c/patrijarhot-vartolomej-mpc-e-paracrkva.html
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
Се дур не се реши спорот за името со Грција МКД ќе има проблеми од сите страни, редно време е веќе да се реши спорот затоа што со тоа паралелно ќе се реши и проблемот со црквата.. Па и не е случајно вчерашната изјава на Г.Г.Стефан

Г.Г. Стефан: Штом се реши спорот со Грција, ќе не признае СПЦ

http://www.sitel.com.mk/mk/gg-stefan-shtom-se-reshi-sporot-so-grcija-kje-ne-priznae-spc
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Од чисто политички аспект, за сето ова постои едноставно решение, од кое ќе им залетне и на Србите и на Грците, а се работи за премин на МПЦ во католичките цркви. Прифаќање на католицизмот и папата, и крај на приказната. Ќе останат дебилите со она во уста. Но за такво нешто треба политичка визија и храброст, нешта од кои што нашите политичари и владици се оперирани...
 
И тие нема да те примат со украдена историја..;)
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.506
Поени од реакции
11.570

Не знам за украдена историја, но знам дека на секој католички Божиќ папата им ги честита новогодишни и божиќни празници на Македонците, и тоа на македонски јазик.

Се разбира, папата им ги честита новогодишните и божиќните празници и на другите народи на нивните јазици, но нас конкретно не нарекува Македонци и тоа повеќе од доволно говори кое е мислењето на Ватикан и на католичката црква за македонската нација и за македонската историја.

А кога сме кај Вартоломеј и кај неговата одбрана на Јован Вранишковски, како православен христијанин, Вартоломеј во најмала рака би требало да се помоли како за Вранишковски, така и за тие кои го осудиле и за тие кои го бранат, бидејќи Исус Христос во Новиот Завет ги повикува луѓето да не судат за да не бидат судени, да не осудуваат за да не бидат осудени и да простуваат за да им биде простено, а Вартоломеј го прави сосема спротивното, ниту повикува на прошка и милостија, ниту повикува на покајување за гревовите, туку само додава масло на огнот, што не го прави ништо поарен ниту од Вранишковски, ниту го прави поарен од тие кои го осудиле Вранишковски, ниту го прави поарен тие кои го бранат Вранишковски.
 
Член од
9 март 2013
Мислења
1.313
Поени од реакции
580
Токму така не личи воопшто на рисијанин туку на антихристијанин наместо да повикува на слога помеѓу црквите тој навредува и прави раздор.
МПЦ-ОА иако го следи Православното учење не и треба соединетото православно братство и без нив е совршена и функционира безпрекорно и достојно!
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
За патријархот Вартоломеј МПЦ е парацрква

Тешки и навредливи квалификации од вселенскиот патријарх Вартоломеј за Македонската православна црква – Охридска архиепископија. За него МПЦ е нехристијанска и парацрковна организација.
Тоа патријархот Вартоломеј го кажа на вчерашното одбележување на 1.700-годишнината од донесувањето на Миланскиот едикт во Ниш, Србија.
„Во нашите православни цркви повторно зајакнуваат разни расколи, ереси, отпадништва. Ерарсите се прогонуваат, како, на пример, архиепископ охридски Јован. Свештениците, монасите, верниците биваат прогонети за зборот Божји, бидејќи не се согласуваат да се вклучат во антихристијанска и псевдоцрковна организација, а тоа е помогнато и од државните структури. Затоа што го носат името Христово, тие се прогонуваат без каква и да е причина и вина“, рече владиката Иринеј.
Овие навреди се поради случајот со расчинетиот владика Јован Вранишкоски.Вранишковски има затворска казна поради финансиските малверзации.
Обраќањето Вартоломеј го прочита на грчки јазик, а српскиот владика Иринеј бачки, го преведуваше на српски јазик.
Македонската православна црква-ОА, инаку, не беше поканета на оваа прослава на православните цркви во Ниш.
http://a1on.mk/wordpress/archives/216525

http://dnevnik.mk/?ItemID=609014A0ABFB1D4280532D8A0F6227FC

http://www.time.mk/c/e69e0bc00c/patrijarhot-vartolomej-mpc-e-paracrkva.html
Патријархот Вартоломеј е редовна тема за критика на српските православни публицисти, поради неговото екуменистичко делување и приближување до римската Црква, а и монашката заедница од Света Гора го има добро „подбрано„, пред пар години, кога на патријархот му упати пообемно писмо со точно наведени причини за потребата од останување во православната вера и неприближување до ниту една друга заедница на Светов...
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Патријархот Вартоломеј е редовна тема за критика на српските православни публицисти, поради неговото екуменистичко делување и приближување до римската Црква, а и монашката заедница од Света Гора го има добро „подбрано„, пред пар години, кога на патријархот му упати пообемно писмо со точно наведени причини за потребата од останување во православната вера и неприближување до ниту една друга заедница на Светов...
Чекај Мики жити кариера, чија страна ти сега држиш?

На Србите? Па тие не ја признаваат твојата црква. На монасите од Свет Гора? Знаеш дека на светот не постои ниту една друга организација која му нанела повеќе штета на македонскиот народ од гнасните во грчката црква?

Испомешани ти се малку работите, ама тоа е...
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
И тие нема да те примат со украдена историја..;)

Охридската Архиепископија, покрај убедливо највлијателната православна црковна организација, Патријаршијата во Константинопол (Цариград, Истанбул), своевремено имала најголемо влијание на Балканот. Пеќската патријаршија во првата половина на 13 век некаконски се одвоила од Охридската архиепископија, под чија јурисдикција во одредени период биле и делови од Молдавија и Влашко, Албанија, па дури и некои православни заедници во Италија. Нејзината позиција е специфична. Таа и географски и културно е на крстопат меѓу христијанскиот Исток и Запад. Понатаму, Охрид бил еден од поважните духовни и културни центри, а Македонија во христијанска Европа си имала и своја тежина, не само поради проповедите на Павле, први на континентот, не само поради Јустинијана Прима, туку и поради ширењето на словенската писменост. Како таква, таа е специфичен проблем за другите православни сестри и во 18. век е некаконски укината.
Но претпоставувам дека тебе ова не ти значи нешто, и дека ти си повеќе склон да примаш знаење од Јован и некои негови мецени, како Пахомие, Качавенда. Пријатна дружба. Не ќе биде лошо да ја посетиш и Света Гора. За нас таму нема место, но сум чул дека за типчиња како тебе, тамошните монаси организирале мошне топол, братски пречек.
Но којзнае, можеби ти си веќе таму и некој игумен зад тебе ти диктира што да напишеш.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Чекај Мики жити кариера, чија страна ти сега држиш?

На Србите? Па тие не ја признаваат твојата црква. На монасите од Свет Гора? Знаеш дека на светот не постои ниту една друга организација која му нанела повеќе штета на македонскиот народ од гнасните во грчката црква?

Испомешани ти се малку работите, ама тоа е...
Ставро,

го чекав Твоето раѓање, за да ми станат нештата троа појасни...:sneaky:

Во мојот пост бев јасен: наведов православни публицисти од Србја а не од СПЦ, кои не ја штедат ниту својата Црква а го критикуваат и патријархот, а од монашката заедница од Света Гора, која не и‘ припаѓа на грчката православна Црква, немаме кочница за признавањето на МПЦ-ОА.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Ставро,

го чекав Твоето раѓање, за да ми станат нештата троа појасни...:sneaky:

Во мојот пост бев јасен: наведов православни публицисти од Србја а не од СПЦ, кои не ја штедат ниту својата Црква а го критикуваат и патријархот, а од монашката заедница од Света Гора, која не и‘ припаѓа на грчката православна Црква, немаме кочница за признавањето на МПЦ-ОА.
А тие православните публицисти од Србија со душа чекаат, всушност инсистираат, СПЦ да ја признае МПЦ?

Или не баш?

Знам дека монасите од Света Гора не се под директна јурисдикција на грчката црква, ама дека се живо заинтересирани МПЦ да биде признаена, тоа мало морген...
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Од чисто политички аспект, за сето ова постои едноставно решение, од кое ќе им залетне и на Србите и на Грците, а се работи за премин на МПЦ во католичките цркви. Прифаќање на католицизмот и папата, и крај на приказната. Ќе останат дебилите со она во уста. Но за такво нешто треба политичка визија и храброст, нешта од кои што нашите политичари и владици се оперирани...
Многу ми е интересно, како си представуваш православна црква да премине во католичка црква?!
Ке сакаш папата да ти стави епископ на МПЦ?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom