За неколку месеци можно е да започне нуклеарна војна

Член од
20 август 2007
Мислења
2.252
Поени од реакции
312
Без разлика на ова нуклеаркиве и актуелниве теми не знам зошто ама на Северно Корејскиот народ му се восхитувам.Ваљда дека спотот на Faithless е со таа тематика :)


Пред се ги почитувам како крајно воспитани и дисциплинирани.Ако не,ќотек до посер!!! Така се прави држава,а не ко нас нешто демократија глумиме,а тоа сето пашибозук да ти било.Е ај ваму некој нека мрдни има да го мачат ко грешен ѓаол.

Се ми се чини дека Америка од љубомора му фаќа кимка :smir: :baeh:
 
Член од
30 август 2008
Мислења
2.232
Поени од реакции
286
Откриени 11 подземни објекти за нуклеарни проби во Северна Кореја

Разузнавачките служби на САД и Јужна Кореја откриле 11 подземни објекта во Северна Кореја, каде може да се извршуваат нуклеарни проби, пренесоа американските медиуми, повикувајќи се на јужнокорејски медиуми.
Јужнокорејскиот весник "Јунан илбо" денеска пишува дека службите го засилиле набљудувањето со шпионските сателити и ги мобилизирале разузнавачките мрежи за да го следат движењето на превозни средства или некаква необична активност околу откриените објекти, пренесува МИА.
Кон крајот на минатата недела Северна Кореја соопшти дека ќе ја интензивира својата нуклеарна програма и ќе искористува плутониум за воени цели. Таа, исто така, се закани со војна на секоја земја, која ќе се обиде да ги запира нејзините бродови како дел од спроведувањето на новите санкции, одобрени од Советот за безбедност на ОН.
Се претпоставува дека Северна Кореја располага со доволно количество плутониум за направи неколку нуклеарни бомби.
Јужнокорејскиот претседател Ли Мјун-бак денеска замина за САД, каде утре со претседателот Барак Обама ќе ја разгледаат нуклеарната закана од Северна Кореја.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=110034
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.678
Поени од реакции
4.793
Без разлика на ова нуклеаркиве и актуелниве теми не знам зошто ама на Северно Корејскиот народ му се восхитувам.Ваљда дека спотот на Faithless е со таа тематика :)


Пред се ги почитувам како крајно воспитани и дисциплинирани.Ако не,ќотек до посер!!! Така се прави држава,а не ко нас нешто демократија глумиме,а тоа сето пашибозук да ти било.Е ај ваму некој нека мрдни има да го мачат ко грешен ѓаол.

Се ми се чини дека Америка од љубомора му фаќа кимка :smir: :baeh:

Типот во 1.05 минути беше егзекутиран поради грешката , е тоа ти е дисциплина ...

на времето Северна Кореа и Југославија биле гс и гаќи
 
Х

Ханзо

Гостин
Откриени 11 подземни објекти за нуклеарни проби во Северна Кореја...
...се откриени денес после севернокорејските закани, а сателитските снимки стигнуваат до Ленгли преку CNN. Дајте му забава на народот, мора некој да те поддржи, мора некој да гине за грст земја со јарбол на кој се веат ѕвезди и ленти. :toe:
 

vlatko5

X-Form+Ation
Член од
29 февруари 2008
Мислења
121
Поени од реакции
3
nema sansi da nastani nuklearna vojna:nenene:
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
228
Поени од реакции
26
moe mislenje e deka vojna ke ima ako korea ne se povlece od proizvostvo na nuklearno oruzje,neli prasanjeto e dojdeno do sovetot za bezbednost a korea se protivi pa vo najskoro vreme mozeme da otcekuvame vojna megu svetot i korea.
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.812
Поени од реакции
1.082
15.06.2009, 19:49

КОРЕЈСКИОТ ПОЛУОСТРОВ СЕ НАОЃА НА РАБ ОД ЗАПОЧНУВАЊЕ НА НУКЛЕАРНА ВОЈНА

СЕВЕРНА КОРЕЈА СЕРИОЗНО СЕ ЗАКАНУВА
Корејскиот Полуoстров се наоѓа на раб од започнување на нуклеарна војна.
Вака гласат проценките на светските аналитичари по јавната закана изречена од севрнокорејскиот комунистички режим според кој оваа изолирана држава планира да го засили производството и развивањето на своето атомско оружје бидејќи се подготвува за неизбежна војна.

Овие закани доаѓаат како резултат на сознанијата на армијата на Северна Кореја која наводно добила прецизни разузнавачки информации дека САД распоредуваат голема количина нуклеарно вооружување во Јужна Кореја и во Јапонија, со цел истото да биде употребено за напад на Северна Кореја. Раководејќи се од фактот дека со овие стратешки разместувања Северна Кореја се наоѓа на удар на американските ракети, Пјонгјанг соопшти дека не се откажува и дека од безбедносни причини е принуден да произведува нуклеарното оружје.

Дополнителна тензија доаѓа и од јавно изречената намера на Пјонгјанг дека ќе започне војна против било која држава која што ќе се обиде да ги запре нејзините бродови на море. Ова особено по одлуката на меѓународната заедница предводена од САД која започна со контрола и престрес на севрнокорејските бродови кои патуваат кон и од Северна Кореја, и за кои се сомнева дека пренесуваат материјали за развивање на нуклеарното оружје.
Во меѓувреме, разузнавачките служби на САД и Јужна Кореја открија нови 11 подземни објекти за нуклеарни проби во Северна Кореја. Американските шпионски сателити утврдиле дека во овие подземни тунели е забележано засилено движење на превозни средства со нуклеарни материјали и необична активност на северно корејската армија. Причина повеќе за стравувањата дека по речиси 6 децении повторно би можело да избие нова војна на Корејскиот Полуостров.

http://www.sitel.com.mk/?ItemID=11AE609FAEDC4041967222E188640C2A
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Паника и ширење на страв од медиумите. Да не се верува на се што се чита. :helou:
Еве малку логика. И да има нуклеарен напад на Јужна Кореја и тие ќе испоизгинат ги дели граница, на мала територија лежат и двете земји...
Плус профитираат сад и одредени држави преку оружјето на таа војна јас повеќе би рекол заплашување на масовната светска популација.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
ќе дојдат вонземјани масовно со летечи тањири и ние сите земјаните ќе се обединиме против нив. Тие ќе не окупираат.
 

Wa_sa_ka_ha_ta

свежо офарбана
Член од
16 мај 2009
Мислења
72
Поени од реакции
4
Зар сте изненадени од ситуацијата. Редно беше да се отвори нов фронт и нова причина дека Америка заедно со Европа треба да го спасат светот. :pishtoldzМе чуди пасивноста на Кина (можеби грешам). Исто така и Јапонците слабо гласот им се слуша ( ако грешам или не сум разбрала нешто Ве молам поправете ме). ако навистина светот е пред прагот на Нуклеарна војна:violent1: , мислам дека до сега ќе не труеја од сите страни со клипови, вести, спотови, и на велико ќе имаше паника низ берзите и слично...

некако премногу ми е пасивна целата ситуација, не ми се многу испаничени американциве и Европјаниве, па згора и Австралија, и Нов зеланд, до сега ќе летаа пердуви и ќе копаа скирвалишта на велико ако навистина следи Нуклерен напад од С. Кореја.:salut:

Тоа е барем моето мислење...:pipi:
 
R

RAYTHEON23

Гостин
пд хитно треба да се извршат дисциплински мерки против бастардите под хитно...прати Б-1 Б2 Б52 јужна кореја...па да видите како ке кукаат одма за мир и ориз:vozbud:
 
Член од
8 март 2008
Мислења
81
Поени од реакции
4
Абе каква нуклеарна војна, прикаски за Американци, да им биде понтересен денот....
Да е можна војна, можна е и тоа како, ама локално ќе се тепаат, многу се блиску со југот, ќе биде сам себе убијал....
Најверојатно сценарио е од типот Индија vs Пакистан - две нуклеарни сили, се тепаат погранично со гооодини, а немаат м**а да опалат проектил.
Не се до толку забегани.....со комшија таа игра не врви....
 

bama

† Револуционер †
Член од
1 февруари 2007
Мислења
2.040
Поени од реакции
362
нека се ракетират не боли ЦЕФ за кореја дали е јужна или северна,
 
Член од
26 август 2008
Мислења
2.165
Поени од реакции
58
пд хитно треба да се извршат дисциплински мерки против бастардите под хитно...прати Б-1 Б2 Б52 јужна кореја...па да видите како ке кукаат одма за мир и ориз:vozbud:
i nekolku tu-160 vo S.Koreja,pa da vidime koj ke moli za mir i za oriz...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom