За неверниците

Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
- Исус, Господ, за да ме/не избави од злото, го ПОБЕДИ истото тоа зло, кога беше распнат на крстот а особено со Своето воскресение! Сега, силата од лукавиот е многу послаба од времињата пред првото Христово пришествие. Плус тоа, лукавиот е разоткриен: најголем дел од неговите !финти„ кои ги користи за пропаст на луѓето се веќе ПОЗНАТИ и ВИДЛИВИ!
Се чудам како тогаш е толку успешен во тоа што го прави?
Ако финтите му се видливи,како успеваат и како толку луѓе паѓаат на нив?Пошто и сам викаш дека општеството ни пропаѓа.
- на прв поглед, се чини дека другите „успеале„ без Христа. А ВО ШТО успеале? ИСторијата ни покажува дека сите цивилизации, достигнувајќи го свјот максимум, воедно го достиглале и својот минимум-пропаѓале! Ниеден историчар нема дадено ниту рационално објаснување зашто максимумот од една цивилизија воедно е нејзина пропаст, туку сите историчари само ЗАКЛУЧУВААТ дека максимумот е воедно и цивилизациски пад! Така, дали некој бил роден во Вавилон, во Мохенџо Даро, во Рим или во Маху Пикчу, било сеедно: сите умирале! И речиси сите биле „членови„ во клубот наречен пекол!
Еве ти примери:
-Турците(уствари,сите муслимански земји) успеале.И сеуште стојат.
-Кинезите исто така.Кинеската економија е една од најголемите во светот моментално,а нивната цивилизација е меѓу најстарите,долго време уште пред да има И од Исус.Нивната моментална религија,моментално е атеизам.Претходно бил будизмот.
-Сеуште тука е Индија.Уште не пропаднала како шо гледам,исто,цивилизација многу постара од Христијанството.
-И се вика Мачу Пикчу.И пропаднал баш поради алчноста на Христијанските колонизатори,а не поради внатрешни судири.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Се чудам како тогаш е толку успешен во тоа што го прави?
Ако финтите му се видливи,како успеваат и како толку луѓе паѓаат на нив?Пошто и сам викаш дека општеството ни пропаѓа.
Еве ти примери:
-Турците(уствари,сите муслимански земји) успеале.И сеуште стојат.
-Кинезите исто така.Кинеската економија е една од најголемите во светот моментално,а нивната цивилизација е меѓу најстарите,долго време уште пред да има И од Исус.Нивната моментална религија,моментално е атеизам.Претходно бил будизмот.
-Сеуште тука е Индија.Уште не пропаднала како шо гледам,исто,цивилизација многу постара од Христијанството.
-И се вика Мачу Пикчу.И пропаднал баш поради алчноста на Христијанските колонизатори,а не поради внатрешни судири.
Кон болтуваното:
- успешен е од проста причина: „..за луѓето тоа не е можно. За Бога, се е можно..„ вели сам Христос. А Христос е Бог, Синиот Божји па за Него се е можно, дури и воскресението.
- „...еве, доаѓа кнезот од овој свет со кого Јас немам ништо..„ вели Христос. Од оваа реченица, јасно е кој е богот во овој свет:тоа е лукавиот. Митрополитот Антоние Блум (упокоен 2004 г) вели дека речиси се во овој свет е под демонско влијание. Затоа најголем дел од луѓето се склони кон чинење зло. Тоа е она кое популарно се нарекува „линија на помал отпор„. кога луѓето се „фаќаат„ за полесните работи, наместо да се фатат за доброто, кое бара многу повеѓе напор и енергија за негова реализација (за правење добро).
- турците и сите арапски земји, велиш, успела. Дообјасни, во што успеале? Тоа што и нехристијанските народи постојат на Земјава е само последица од Божјата милост и долготрпение.
- да, кинеската економија е моментално една од најјаките во светот, ама тоа е тековна појава, која ја немаше до пред 10-15 години. Кога и кинезите ќе ги исцрпат сите свои енрегетски извори и суровини, што тогаш? На што ќе се базира кинеската економија тогаш?
- тоа што Индија сеуште не пропаднала е дискутабилна категорија. Ајде да речеме дека не пропаднала. Целитот тој паганизам и демонизам кој го практикуваат хиднусите има своја „позадина„ од која хинду религијата ја црпи својата енергија и опстанок, а таа позадина е злотото демонско! Плус тоа, хиндусите/индијците се повеќе се ориентираат кон современиот менталитет на живеење (пари и кариера) па хинду религијата им е сосема споредна работа. Хиднуизмот е постар од христијанството, тоа е точно, како што е точно дека хиндуизмот е компилација од паганизам и демонизам.
- дали е „Мачу„ или „Маху„ зависи од литературата која ја користиш. Јас ги има забележано и двете имиња низ литература па не ја гледам грешката.
 
Член од
19 август 2007
Мислења
941
Поени од реакции
302
(до МИК1)

Да видиме кои се демонските дела на Кинезите, Арабите и Индијците:

-Броеви
-Хартија
-Алгоритам

Според твојот начин на резонирање, денес Божјиот збор го читаш од творенијата на Лукавиот.

П.С. А да те потсетам дека и газот си го бришеш со едно од тие творенија (toilet paper).
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Очигледно е дека си помешал одредени работи.
Она кое претставува културолошки и цивлизациски домет (наука, философија, уметност...) не е тема за спорење. Дури и православните богослови велат дека добро е тоа што денес постојат различни народи, култури и цивилизации, оти таква е волјата Божја по поделбата на народите од кулата вавилонска па наваму.
Пошто наслово на форумов се вика „религија„, ние за тоа и расправаме: за религијата,т.е. религиите и нивните разлики.
Кај нив, кај религиите,една работа е совршено јасна: религијата или е Божја, или е човечка или е демонска. Сите тие религии даваат резултати (во православието тое резултати се нарекуваат „плодови„) кои се последица од живеењето според одредена религија, и кои се видливи и мерливи. Или се добри или се лоши.
Ако некоја религија го слави вистинскиот Бог, дава и вистински резултати. Ако религијата е паганска, која им се обраќа на асптрактни или измилсени богови-идоли, тогаш, кој е плодот од таквата религија? Ако религијата е сатанска, тогаш такви плоди и ќе даде:зло, зло и само зло. А што друго и може да се очекува од лукавиот?
 
trickster

Remember the name …
Член од
19 август 2007
Мислења
452
Поени од реакции
14
Се иѕвинувам на сите 3а офтопикот:

Мики1 ги читам постовиве и се чудам на неколку работи,начинот на кое ја водиш целава дискусија е на доста 3авидно ниво, вокабуларот исто така асоцира на школуван и начитан човек,(оваа пофалба стои доколку ова не е копи паст муабет а се надевам дека не е),работата што немо3ам да ја сватам е следново : како мо3е да имаш толку ограничени свакања кон работите ,целата таа верба и љубов која што ја описуваш во постовиве наместо да ти помогне тебе те хендикепирала.Ра3мислзвај малце подалеку од бариерите на верата барем пробај мислам дека нема да ти наштети, а мо3еби и ке сватиш дека додека ра3мисуваш фиктивно реланоста ке те прега3и. Прифати го ова како најдругарска критика некам да те навредам или омалова3ам.
 
Прво и основно: јас не се родив како верник, уште помалку православен. До моето преумување, и јас читав многу-многу научна, философска и уметничка литература, смтеајќи дека таму „лежи„ духовноста кај човекот и „паѓав„ на задник од нивните достигања-признавам! Така, ерудицијата не ми е слаба страна, но сметај дека ништо, ама баш ништо неможе да се спореди со верата, које е трајна категорија, за разлика од минливоста и променливоста во науките, философиите и уметностите. Кога читав философија сметав дека философите (мудрољубците) се многу паметни луѓе, што е неспорно. Но , во споребна со остроумноста од Светите Оци и богослови, философите се мали деца.
Ова ме потестува на една реченица од рускиот светогорски монах Силуан, кој вели:„ ..кога бев млад, многу ме интересираше од што е изградено Сонцето..„ па вели: „... сега кога ја имам верата, не ме интересира од што е изградено Сонцето...„
Секако дека не сум навреден, немаш проблем за тоа. И секако дека постои опасност реалноста да ме згази, за тоа сум многу свесен. Затоа богословите го советуваат т.н. среден/царски пат, патот на умереноста во се, па и во читањето верска литература (тоа е аристителовата „златна средина„, состојба во која зе бега од немаштијата и од претерувањето).
Во секој случај, моја благодарност за советот, кој го прифаќам.

П.С. Не е копи-пејст, сигурно.
 
Не си се родил како верник,што те предомисли да станеш.3арем не мислиш дека господ ке те ка3ни 3а периодот кога си бил неверник.Нели верата е нешто што треба да го почуствуваш и осекаш а не нешто 3а што треба да те предомисли некаква литература.Верата е трајна категорија а науката минлива,хм... 3ашто е минлива 3атоа што ги побива баналните дефиниции на верата дека 3а се што нема логично објаснуванје се препишува на господ и 3атоа што нонстоп напредува,а верата е трајна пошто немо3е да си препише ништо пошо што и да и3мислат ке биде побиено со научен дока3 и стагнира и се уна3адува ,трајна е и кај верниците до оној момент кога верникот не дојде во со3нание дека 3ивее во рамка и почитува нешто што не пости т.е коа ке го прега3и реалноста.

пс:а и ако не е тајна колку год си 3вучиш во3расно да 3нам барем на кое ниво да се обракам
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334

хе..хе....ти се наполни егото:smir:
 
Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
Мики,поентата е докажана.
Можеш колку сакаш да цитираш текстови од Библии,но ништо нема да постигнеш со тоа.Можеш да спориш колку сакаш,исто-пропаст.
-Прво,нормално дека нехристијанските земји ќе пропаднат кога ке се потрошат сите ресурси.Тогаш ќе пропаднат и христијанските и целата останата планета.
-Не било така пред 15 години?Тековна појава?И тоа ли го нарекуваш аргумент?...Нема ни да одговорам на тоа,смешно е.
У глобала,не докажуваш никакваа поента,само цело време тапкаш во место.Дискусијата губи секаква вредност,кога една од страните го прави тоа.
Продолжи да веруваш ако тоа ти носи смиреност,тоа е добро.Само се надевам дека ќе погледнеш некогаш позади догмите,ако не се плашиш да го направиш тоа.
 
Ме премисли стекот од околности: запознавањето со поинаква вистина од еден мој професор, барањето трајни вредности, читањето на Светото Писмо и сл. После тоа, Творецот си ги уреду работите во вистинската насока...
Дека научните вистини се минливи, за тоа имам доста пишувано на форумов. Во секој случај, здравата наука и учење не го побиваат црковното учење, туку напритив: го потврдуват она кое во Црквата е јасно уште пред 2000 г.
Да, јас сум веќе возрасен, 39 г.

хе..хе....ти се наполни егото:smir:
Хе-хе-хе...секоја пофалба е О.К., само да не прејде во непрекидно фалење. Така, пофалбата би прешла во ласкање и во храна за гордоста...а гордоста е извор на сите бељи кај луѓето.

Мики,поентата е докажана.
Можеш колку сакаш да цитираш текстови од Библии,но ништо нема да постигнеш со тоа.Можеш да спориш колку сакаш,исто-пропаст.
-Прво,нормално дека нехристијанските земји ќе пропаднат кога ке се потрошат сите ресурси.Тогаш ќе пропаднат и христијанските и целата останата планета.
-Не било така пред 15 години?Тековна појава?И тоа ли го нарекуваш аргумент?...Нема ни да одговорам на тоа,смешно е.
У глобала,не докажуваш никакваа поента,само цело време тапкаш во место.Дискусијата губи секаква вредност,кога една од страните го прави тоа.
Продолжи да веруваш ако тоа ти носи смиреност,тоа е добро.Само се надевам дека ќе погледнеш некогаш позади догмите,ако не се плашиш да го направиш тоа.
Не се во прашање само нехристијанските туку и христијанские земји. Исцрпувањето на суровините ќе се случи секаде во светот и што тогаш?
Стојам на ставот дека денешна Кина не е истата од пред 15 г. Економските (а не моите) анализи покажуваат дека за 50 г, Кина, достигнувајќи ги САД, ќе ги потроши сите енегетски и минерални извори. И што тогаш? Каде и со што тогаш Кина ќе биде економски џин?
Дообјасни го изразот „позади догмите„, не те разбирам најдобро. Позади догмите стојат седумте вселенски Собори, на кои е утврдена верата, како преветнива од можните искрвиувања на изворното учење по принципот „расипан телефон„ (онакака како што будистите го претворија Гаетама Сидарта Буда во бог).
 
Raul Duke

*Mostly Harmless*
Член од
5 април 2008
Мислења
50
Поени од реакции
2
Да одговорам на оригиналното прашање, ќе си го преформулирам како "Зошто сум атеист", така ќе одговорам по кратко.

Атеист сум бидејќи не ми е страв да речам НЕ ЗНАМ.

Од секогаш религијата ми била интересна. Од секогаш сум се чудел зошто им е интересна и на другите интелегенти луѓе. Не знам.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Да одговорам на оригиналното прашање, ќе си го преформулирам како "Зошто сум атеист", така ќе одговорам по кратко.

Атеист сум бидејќи не ми е страв да речам НЕ ЗНАМ.

Од секогаш религијата ми била интересна. Од секогаш сум се чудел зошто им е интересна и на другите интелегенти луѓе. Не знам.
Па и верниците пред се ВЕРУВААТ а после тоа велат дека знаат. Знаењето е рационална а не верска категрија, а верата не е рационална туку духовна категорија.
 
Член од
12 мај 2008
Мислења
1.495
Поени од реакции
38
Не верувам во судбина бидејки секој може да си управува со својот живот како што сака, но во Бога верувам. Ако не е Бога сигурно не би постоеле ниту ние.
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.159
Поени од реакции
6.015
Не верувам во судбина бидејки секој може да си управува со својот живот како што сака, но во Бога верувам. Ако не е Бога сигурно не би постоеле ниту ние.
Од кај знаеш?
 
Nikolic

Џентлмен
Член од
8 април 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
68
Можи и од мене едно прашање?

Ако не верувате во Бог, во што верувате? Што ви дава надеж?
Надеж ми дава мојата упорност...срекен сум што сфакам дека Господ нема да ти даде ништо,ако сам не се помачиш нема никој да се мачи за тебе
 
Kajgana Shop

На врв Bottom