The_Freelancer
Хиперактивен интелект
- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 438
- Поени од реакции
- 16
Секое лице кое што во иднина неовластено ќе користи софтвер, фонограм, видеограм или топографија на интегрални кола, може да одлежи затворска казна и до пет години. Ова се предвидува со новиот Законот за авторски и сродни права, според кој неовластеното користење на авторско право, се изедначува со кривичното дело кражба и ќе се третира како кражба на интелектуален имот.
Целите на донесување на новиот Закон, кој беше денеска претставен во просториите на Американската стопанска комора во Македонија (AmCham), се да се востанови нов режим на колективно остварување на авторското право и сродните права кој ќе функционира поефикасно.
Претставникот на Business Software Alliance, Валентин Пепељуговски истакна дека при имплементацијата на новиот закон биле следени искуствата на државите членки на ЕУ.
„Мислам дека јавноста во Македонија, компаниите, корисниците на авторските дела и авторските права ќе мораат да сфатат дека секое неовластено користење на авторско право ќе се третира како кривично дело, за што ќе се одговара согласно кривичниот законик, во кој се предвидена казна затвор до пет години“, изјави Пепељуговски.
Оценувајќи дека Македонија со новиот закон ги исполнува европските критериуми, Пепељуговски сепак напомена дека имплементацијата на Законот не може да се спроведе преку ноќ, поради актуелната економска состојба.
Претседателот на Координативно тело за интелектуална сопственост (КТИС) Мите Костов, потврди дека во изминатите години во Македонија биле регистрирани големи повреди во сите делови на заштита на авторските права и тоа во речиси сите индустриски производи.
Притоа Костов наведе дека КТИС доследно на терен го спроведува Законот за авторски и сродни права преку инспекции и упати апел до сите оние кои што не знаат како да заштитат авторско право, да се обратат до ова тело.
„Ќе бидат посетени сите фирми, кои што досега не биле посетени од инспекциите. Ова не треба да се сфати како некаков притисок, туку сакаме јавноста да знае дека работиме согласно законот“, рече Костов, додавајќи дека во проверката на софтверите нема да бидат изземени ниту медиумските куќи.
Наведувајќи дека КТИС редовно процесирала казни за нарушување на авторските права, Костов се пожали дека судовите досега биле кочничари на спроведувањето на овој закон, но изрази надеж дека таквата состојба ќе се промени, со оглед на тоа, како што рече, во Македонија постои политичка воља овој закон да се спроведува.
Извор: Tocka
Кои се шансите ова да им успее?