- Член од
- 19 февруари 2012
- Мислења
- 11
- Поени од реакции
- 2
Може ли да ве запрашам вас христијаните (и муслиманите, но христијанските празници заменете си ги со исламски во темава) дали вие чекате да дојде Свети Димитрија за да појдете до најблиската црква која го носи името Св. Димитрија. Еве на пример јас живеам во Велес. Тука има манастир Св. Димитирја кој денес е масовно посетуван и од моите роднини и другари, но јас нема да одам. Ќе одам утре, ќе одам за 1 недела, ќе одам за 1 месец ама денес не одам. Зошто ? Па доколку вие чекате да дојде Св. Димитрија за да одите на црква или на манастир....Зошто ако сте толку верници, зошто не одите секоја недела до црква да се помолите и свеќа да запалите туку чекате да дојде празник да се правите верници. Еве ова ме потсети и за 8ми Март. Јас треба да чекам да дојде 8ми Март за да и поклонам на мајка ми или на баба ми цвеќе. Треба да чекате да дојде 8ми Март да се освестите дека е момент да купите цвеќе или подарок на вашите сакани ?
Јас бар вака размислувам, и не ме прави христијанин тоа што ќе запалам свеќа на празник.
Не ме прави добар син или внук тоа што на 8ми Март ќе подарам цвеќе на мајка ми или на баба ми.
Јас бар вака размислувам, и не ме прави христијанин тоа што ќе запалам свеќа на празник.
Не ме прави добар син или внук тоа што на 8ми Март ќе подарам цвеќе на мајка ми или на баба ми.