Можеби ќе делувам грубо и можеби грешам, ама Вештице искрено, твојов воведен пост и воопшто отворањево на темава ми личи како да сакаш (не знам зошто) да се докажеш дека не си како “шмизлите“, туку дека си нешто посебно, девојка која игра ВоВ, една од ретките, уникална и слично.
Јас не го играм тоа зошто никогаш не ме привлекло, ни тоа, ни другите општо популарни игри, како и да ви се викаа. Имам дремено еднаш до два пати во играчница, сум видела по некоја игра, ама не ме привлекува. Сосема ми се забавни КрејзиТакси, Снејк, и некои пакмановидни игрички
Немам ниедна другарка што игра ВоВ, и мислам дека повеќето девојки едноставно не се into that, како што кажа некој погоре.