Заситеност

С

Сатори

Гостин
~*~

Дали има некоја работа во животот, од која со тек на време сте се заситиле?
Да, некои луѓе, градот во кој живеам, гимназијата во која учам.Јас сум зависник од промени од се брзо се заситувам.
Не мислам на ситни нешта како храна, пијалоци и сл., туку на поголеми работи, пример: места на кои излегуваме, места на кои работиме, места на кои одмараме, одредени личности, познати ликови итн.
Бидејќи сигурно секој од вас го почувствувал тоа чувство на заситеност, што мислите, зошто воопшто некогаш ни доаѓа?
Затоа што понекогаш имаме премногу од тоа што ни е потребно.
Дали е поради тоа што незнаеме со некоја мера и постепено да живееме, па брзо ни проаѓа меракот, дали ние се менуваме, па со тоа ни се одмилуваат некои работи или нешто сосем десетто? :pipi:
Кажав погоре кој е мојот случај, сакам промени.:galerija:
 
Член од
19 септември 2007
Мислења
116
Поени од реакции
1
Ja sum sekogas gladen, duri mozam so edna ista zena cel zivot da go pominam i da ne mi zdosadi
 

doti4nata

Drama Queen
Член од
25 септември 2005
Мислења
3.390
Поени од реакции
35
Па во принцип не сум тип на човек што сака многу промени. Речиси цел живот се дружам со истите луѓе, искачам во Мон Ами (го кажувам ова место, затоа што најчесто сум таму) и радо би идела неколку пати на исто место на одмор. Е сеа па, спротивно од сево ова од некои работи многу брзо се заситувам... Најчесто од нови работи, учење... тоа ми е лоша особина, али кога ќе ми текне дека сакам нешто сакам да го знам одма! Кога ќе почнам да го учам, се заситувам, ми здосадува и, за жал, така сум оставила многу работи во животот што сега би сакала да ги знам. И исто така се заситувам од нову луѓе. Ако запознаам некој, па ми е интересен некое време, и покрај сталните другарки поминувам доста време со него... после неколку месеци или година, секогаш ме фаќа некоја сафра, досада и не можам ни да поднесам да бидам у друштво со таа особа. Зошто е сево ова не знам, можеби се само глупави каприци, можеби е мојата мрза и незаинтересираност да седнам и да научам нешто или да запознаам некој нов подобро... Немам појма, али сметам дека е лошо тоа... Баш ќе беше добро сега да се навежбав карате и да научев италијански...:toe:
 

girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
Дали има некоја работа во животот, од која со тек на време сте се заситиле?
Не мислам на ситни нешта како храна, пијалоци и сл., туку на поголеми работи, пример: места на кои излегуваме, места на кои работиме, места на кои одмараме, одредени личности, познати ликови итн.
Бидејќи сигурно секој од вас го почувствувал тоа чувство на заситеност, што мислите, зошто воопшто некогаш ни доаѓа?
Дали е поради тоа што незнаеме со некоја мера и постепено да живееме, па брзо ни проаѓа меракот, дали ние се менуваме, па со тоа ни се одмилуваат некои работи или нешто сосем десетто? :pipi:
Луѓе сме и имаме потреба од промени. Се заситуваме кога ни е се познато, старо, невозбудливо. Имаме потреба од нешто ново, да видиме, научиме, сознаеме нови работи, нови луѓе, нов начин на живот. Не сме создадени за да бидеме роботи.
 
V

Viktoranius

Гостин
Ми се случило да се заситам...од градот кај што живеам..од училиште (уствари кој не е заситен од училиште)..од некој антипатични фаци и то.
 
Член од
27 октомври 2007
Мислења
73
Поени од реакции
0
da zasitena sum od se sto me opkruzuva, od facite, mestata kaj shto se dvizam, celiot grad i zivotot vo nego ali ke mi pomine:icon_frow pak ke se pojavi nesho interesno neli?!?:cry:
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Не во стил дека ме замараат,него едноставно секојдневното поминување време со нив допринело некогаш и да нема за што да се прави муабет.
Што знам, ама со луѓето со кои често си го минувам времето секогаш имаме за што да правиме муабет:) И ако се случи една минута да е тишина, мене повторно ми е преубаво. Доволно е да ми се во близина.
Никогаш не може да се заситам од луѓето кои си ги сакам и со кои ми е пријатно. Всушност, сето она што ми ја топли душичката не може да ми здосади.
 

KohlBass

Dechak iz vode
Член од
1 јуни 2006
Мислења
1.485
Поени од реакции
36
Зависи од што, ама у принцип често се заситувам од работи и тоа доста брзо. Океј, можеби тоа не е заситување, туку прилагодување по што новите работи наскоро ми изгледаат нормални и не ми се толку интересни како на `почетокот`. Од луѓе можам да се заситам само ако не ми се битни во животот. Секогаш сакам да сум со оние кои ми значат. Сепак, мали промени во друштвото, доколку се кон подобро, секогаш се добредојдени. А, и се сомневам дека може да се спречи заситувањето со умереност. Така само се пролонгира.
 
Член од
19 септември 2007
Мислења
116
Поени од реакции
1
Alchajmerovo spasenie. Sekoj den zapoznavas novi luge i novi mesta. Malku pravi problemi koga ke ti vleze doma zosto e nemirko koj gi premestuva rabotite da ne mozes da gi najdes.
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Па и да јадеш чоколадо, кога-тогаш ќе се заситиш, па ќе ти се згади. Сакам да кажам, мораме да си ги дозираме нештата за да не ни се здосадат. Ми се има здосадено и од луѓе, ама по ден-два па ми недостигаат. Малите промени можат да ни помогнат во случај на заситеност, пр. викенд надвор од градот, излегување на непознато место, запознавање нови луѓе...
 
Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
62
Се наоѓам во еден таков период кога сум тотал презаситена од вечерното излегување...Милион пати ми е подобро да излезам преку денот на кафе отколку навечер...
Ми годат тивки и пријатни места за разлика од пред некоја година...
 

Dzings

Premium
Член од
31 март 2007
Мислења
1.804
Поени од реакции
53
Preku tase mi e da se bricham sekoi 2-3 dena!
Od ponedelnik ke pushtam brada! :vozbud:
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.404
Поени од реакции
5.961
Ми се случило да се заситам од материјални работи многу пати, но од луѓе што ги сакам и почитувам не, никогаш не ми е доста да бидам во нивно друштво, секогаш е забавно и има за што да се разговара.

Заситена сум била од излегувања, од иста музика секој ден, од едни исти муабети на MSN, од досадни часови во школо и набљудување на истите исфрустрирани ликови секојдневно...
Ги сакам промените и не можам да живеам еднолично.
 

Tetka biberce

Wild Child
Член од
18 октомври 2007
Мислења
78
Поени од реакции
0
Баш сега излегов од ваков период.Ми беше смачено и здосадено ама баш од се.Ваљда бурниот живот и темпото по коешто ми се случува работите ме доведе до тоа:toe: Добро ми дојде периодот на хибернирање,нигде не излагав,се посветив на некои работи за коишто претходно немав време или па воопшто не ми паднале на памет да ги правам.Сега пак сум си онаа „старата“ само сега малку со усул ги правам работите и држам некој баланс.
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Потребата за нешто ново, желбата за нешто непознато е она кое не’ прави заситени од старите работи. Ми се има случено да се заситам и од личност, и од место. И главна причина за тоа била одредената неподнослива монотонија која делува ммногу негативно на моралниот развој на човекот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom