Заситеност

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Дали има некоја работа во животот, од која со тек на време сте се заситиле?
Не мислам на ситни нешта како храна, пијалоци и сл., туку на поголеми работи, пример: места на кои излегуваме, места на кои работиме, места на кои одмараме, одредени личности, познати ликови итн.
Бидејќи сигурно секој од вас го почувствувал тоа чувство на заситеност, што мислите, зошто воопшто некогаш ни доаѓа?
Дали е поради тоа што незнаеме со некоја мера и постепено да живееме, па брзо ни проаѓа меракот, дали ние се менуваме, па со тоа ни се одмилуваат некои работи или нешто сосем десетто? :pipi:
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Тоо much love will kill you...

А камо ли пак, нешто друго. Сум се прашувал и јас често, како против монотонијата, дали треба да се бориш или да побараш нешто ново; дали пак јас нереално очекувам нешто ново секој еден пат и дали се трудам за да го добијам "новото". Дали "новото" ми е пред нос, ама јас сум заглавил во стегите на монотонијата...

The answer my friend is blowing in the wind...
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Дали има некоја работа во животот, од која со тек на време сте се заситиле?
Не мислам на ситни нешта како храна, пијалоци и сл., туку на поголеми работи, пример: места на кои излегуваме, места на кои работиме, места на кои одмараме, одредени личности, познати ликови итн.
Бидејќи сигурно секој од вас го почувствувал тоа чувство на заситеност, што мислите, зошто воопшто некогаш ни доаѓа?
:pipi:
Да имало места кои ми се презаситени и имало личности кои ми се многу драги,ама сум имала потреба од нив од време на време да одморам.Не во стил дека ме замараат,него едноставно секојдневното поминување време со нив допринело некогаш и да нема за што да се прави муабет.Меѓутоа тоа брзо ми поминува и си се враќам во нормала.:pipi:

Дали е поради тоа што незнаеме со некоја мера и постепено да живееме, па брзо ни проаѓа меракот, дали ние се менуваме, па со тоа ни се одмилуваат некои работи или нешто сосем десетто?
Хм..не би знаела што е причината..
Мислам дека сакаме што повеќе време да поминуваме со луѓето или од што ни е интересно во моментот,па да претеруваме со правење на тие работи и на крај да се презаситиме од тоа,па и досадно да ни стане.
Треба се со мерка да правиме,дел по дел,за да не стане досадно.


Додуша има многу работи кои постојано ги правам и не ми станале досадни и никогаш не сум се заситила од нив(на пример секојдневно одење по кафиња:a.a: )

Треба да се прави баланс во животот и да не се претерува во ништо.Но,сепак ретко кој е имун на тоа.
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.507
Поени од реакции
14.693
....мислам дека секој период од животот си носи нешто ново,а сите оние нешта кои се подолго и сите луѓе кои се околу нас подолго не заситуваат доколку не се постојано случува нешто.Заситеност од монотонија главен терет ...искушување на нови нешта мислам дека би помогнало па макар и тие нови нешта би биле "лош" избор...
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Заситеност - да. Но никојпат не од луѓе, туку од места, иста шема и сл.
Луѓето се секогаш истите - пријатели.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.216
Поени од реакции
34.484
Монотонијата не е неизлечлива болест, а заситеноста нагло може да се претвори во глад.

Заситеност од работа, јадење, грав, одредени места, јавни фаци, реклами... Ми се случува. Од луѓе, блиски, роднини, пријатели, љубов, смеа, убави чувства - никогаш. Не би се заситил од нив, туку напротив, би сакал да ги "мезaм" цел живот.
 

латас

паметен глупак
Член од
5 август 2007
Мислења
128
Поени од реакции
0
сметам дека заситувањето од некои нешта е сосем нормално... па ниеден човек не сака едно исто нешто цел живот... ја искрено брзо се за заситувам од обичните и секојдневни ствари и сум склон на промени... често се дешава да ми ск***и од све...али за среќа кратко ми траат тие `моменти`...
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
Дали има некоја работа во животот, од која со тек на време сте се заситиле?
Не мислам на ситни нешта како храна, пијалоци и сл., туку на поголеми работи, пример: места на кои излегуваме, места на кои работиме, места на кои одмараме, одредени личности, познати ликови итн.
Јас сум тип кој брзо се врзува за личности и се врзувам за оние чие присуство ми ја храни душата и ми претставува задоволство да ги видам,прегрнам,бакнам и никогаш не ми е доста од истите и никогаш не би се заситила од нив-НИКОГАШ,напротив...тие се оние кои откако ќе влезат во мојот живот оставаат длабока трага и секогаш ќе имаат почесно место во моето срце и се стремам кон тоа да ги задржам (зборувам за моите најблиски,пријателите,роднините...).

Од храна,облека,место на кое излегувам...од такви работи може да ми помине брзо меракот и ми поминал,посебно од тулумби:pos:

Бидејќи сигурно секој од вас го почувствувал тоа чувство на заситеност, што мислите, зошто воопшто некогаш ни доаѓа?
Дали е поради тоа што незнаеме со некоја мера и постепено да живееме, па брзо ни проаѓа меракот, дали ние се менуваме, па со тоа ни се одмилуваат некои работи или нешто сосем десетто? :pipi:
Тоа чувство на заситеност доаѓа поради тоа што сакаме што повеќе да искусиме за пократко време...

Мене ми беа ептен убави тулумбите и јадев,јадев,јадев и на крај ми се споврати и се заситив од нив и сега не ми претставува некое задоволство да ги јадам.
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
Дали има некоја работа во животот, од која со тек на време сте се заситиле?
Не мислам на ситни нешта како храна, пијалоци и сл., туку на поголеми работи, пример: места на кои излегуваме, места на кои работиме, места на кои одмараме, одредени личности, познати ликови итн.
Бидејќи сигурно секој од вас го почувствувал тоа чувство на заситеност, што мислите, зошто воопшто некогаш ни доаѓа?
Дали е поради тоа што незнаеме со некоја мера и постепено да живееме, па брзо ни проаѓа меракот, дали ние се менуваме, па со тоа ни се одмилуваат некои работи или нешто сосем десетто? :pipi:
Секогаш ми се појавува еден вид на здосаденост да излегувам на исто место постојано. Со тек на време ги запознаваш сите кои како и ти постојано се таму, ја знаеш стандардната музичка шема, некогаш се случува и да го знаеш редоследот на песните. И кога сето тоа се повторува и ништо не случува интересно...настанува заситеноста.
Не си заситен од оние кои се со тебе, од пријателите, но заситен си од атмосферата која владее таму. Заситен си од личностите кои доаѓаат, постојано ги гледаш истите лица а сакаш нешто друго. Истото е и на работа. Колеги, колешки горе долу истиот муабет.

Можеби пребрзо се заситуваме од она што не опкружува. Можеби живееме пребрзо за да научиме да уживаме во она што ни се нуди. Или пак не знаеме да го цениме она што го имаме. А можеби само живееме во заблуда дека треба да ни се случи кој знае што:jaj:
 

Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
Дали има некоја работа во животот, од која со тек на време сте се заситиле?
Не мислам на ситни нешта како храна, пијалоци и сл., туку на поголеми работи, пример: места на кои излегуваме, места на кои работиме, места на кои одмараме, одредени личности, познати ликови итн.
Да, многу често ми се случува да се заситам од монотонијата на животот, од тоа исто секојдневие, од истите навики, истите случувања, истите предмети.
Но од познати личности и ликови, никогаш. Баш тие се оние кои ми го исполнуваат животот и прават да не биде толку монотон и здодевен.


Бидејќи сигурно секој од вас го почувствувал тоа чувство на заситеност, што мислите, зошто воопшто некогаш ни доаѓа?
Дали е поради тоа што незнаеме со некоја мера и постепено да живееме, па брзо ни проаѓа меракот, дали ние се менуваме, па со тоа ни се одмилуваат некои работи или нешто сосем десетто? :pipi:
Сите живееме сто на сат. Сакаме да ни се случат работите многу брзо, одвај чекаме да дојди некој момент, одвај чекаме да ни пројди едно, за да се случи друго. И да, постепено се менуваме.
Треба да го пуштиме животот да не се брзаме никаде, се` да си тече спонтано, без никакво трчање.
 

Antagonist

Systematic Victory
Член од
7 април 2007
Мислења
842
Поени од реакции
41
па ова е многу обична и природна појава....да ти здосади нешто ...
да се заситиш,...ама што и да е ,...после некое време може пак да ти стане интересно ...
мал пример....коа ќе помислам да пуштам да слушам "Iron Maiden" ма не да ми е смачено ...ама ако се излажам да пуштам , одма ми стануваат интересни и ме влечат песна за песна да ги слушам
 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.222
Поени од реакции
952
Како што сум близнаци и во знак, и во подзнак, и во месечина, се заситувам брзо од се и се ми досадува по кратко време. Не можам а да не ги менувам работите, да ги прилагодувам по мој “терк“, едноставно, да не се како што се. Е сега, нормално не можам да се презаситам од љубов, убави чуства и сл. како што вели Acid, но на одредени периоди не сакам да сум им блиску!

Така да, неколку пати имам променето распоред на мебел во собата, компјутеров неколку пати неделно му ставам нова позадина, нови икони, телефонот 100 пати на ден му менувам скинови, исто и луѓето во именик им менувам имиња, им ставам псевдоними и сл. Не се појавувам два пати едно по друго во иста облека, мразам кога годишните времиња траат долго (пример, есен и зима во едно, цело време студи), не сум начисто јас со себе а камоли другите со мене!
 

mirkec

Неостварена желба
Член од
26 јуни 2007
Мислења
502
Поени од реакции
3
Заситеност нема шанси да ми се појави кај оние работи за кои сум емотивно врзан, како на пример - сакана личност, пријатели, другари, работа и др. Таков тип на човек сум - тешко се врзувам, ама кога ќе се врзам веќе нема одврзување. :kesa:

П.С.
Понекогаш ме фаќа заситеност од патот за на работа. 15 години се по истиот автопат. Аман бе луѓе - знам колку леви и колку десни кривини има. Ама кога ќе помислам дека во денешно време колку тешко се доаѓа до стабилна работа - некако ми поминува заситеноста.
 

Скулгрл

Queen of the superficial::..
Член од
17 јануари 2006
Мислења
5.059
Поени од реакции
69
Дивајн напиша:
Дали има некоја работа во животот, од која со тек на време сте се заситиле?
Сум се заситила од многу работи, кои за дадено време ми изгледале „крупни“. Кога бев мала се заситив од барбиките и ги правев инвалиди, па кога тргнав на училиште се заситив од домашните кои ми беа интересни на почетокот, кога почнав да излегувам-од единствената дискотека каде што ми беше дозволено да одам...Да често пати ми се јавила ова чувство на заситеност без разлика за што конкретно станува збор.
Дивајн напиша:
Бидејќи сигурно секој од вас го почувствувал тоа чувство на заситеност, што мислите, зошто воопшто некогаш ни доаѓа?
Најпростата желба на човекот-желба за нешто ново, дотогаш невидено и недопирливо. Сакаме друго, зошто мислиме дека ќе биде подобро. Некогаш е така, некогаш не. На нас останува да провериме и да се изгориме.:)
Дивајн напиша:
Дали е поради тоа што незнаеме со некоја мера и постепено да живееме, па брзо ни проаѓа меракот, дали ние се менуваме, па со тоа ни се одмилуваат некои работи или нешто сосем десетто? :pipi:
Не дека и ова нема голема улога во ова „заситување“. Знаеме колку е „напредната“ младава генерација и со кое темпо се обидува да го проживее животот. Сакам тука, сакам веднаш. Инаку веднаш си прогласен за неизживеан и досаден.

Од важните работи во мојот живот не би се заситила никогаш, без разлика колку пати се повторувани, се повторуваат и ќе се повторуваат во иднина. Од одреден аспект на животниот стил можеби би се заситила, сепак не би сакала животот да ми е тотално дежа ву.
 

tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
заситување е возможно од све, и со време од се би се заситиле доколку би имале можносто да конзумираме нешто доволно долго. Дури и смеата која изгледа незаситлива, после подолго време станува излишна и монотна, земете пример едена листа на вицови кога ја читате/слушате најсмешен е првиот а после се полека си спласнува. Има работи кои ни се чинат незаситливи но тоа е поради фактот што животот е краток и немаме доволно време доволно да ги уживаме ти ствари.

Како и да е да сумирам досега се имам заситено од: места во кои излегувам, другари, излитени шеги(мислам на шеги кои ги слушам прв пат а уствари од таков "калибар" имам слушнато еден мал милион), игри, и најглавно филмови во кој победуваат американци(рамбо итн.)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom