Запознај ја Македонија - туристички водич

Despot

ВОЈВОДА
Член од
25 септември 2008
Мислења
497
Поени од реакции
280
Ја отворам оваа тема со цел сите ние да ја запознаеме Македонија, т.е. сите места кои ни се помалку или повеќе познати. Сакам тука да се споделуваат слики, патни правци како да се стигне до таму, интересни ресторани, рибници каде може да се застане по пат. Секоја информација е добродојдена.
Јас лично планирам летово секој слободен викенд да посетувам по некое такво место.

Сакам да започнам со Зрзе манастирот, па да одам во Слепче, Журче. Дали има интересни места кои можам да ги посетам попатно? Ако може некој да сподели повеќе информации би било одлично.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089
Еве ја ке го рекламирам с.Блатец. За мене најубаво село во Македонија.
http://forum.kajgana.com/threads/БЛАТЕЦ.43380/
Плус во негова близина се и градовите Виница и Кочани, кој исто така имат што да понудат. А и другите села во оваа околина се ок.
 
Despot

ВОЈВОДА
Член од
25 септември 2008
Мислења
497
Поени од реакции
280
Дали ќе може да напише како да се стигне до Кокино, Куклица, Цоцев Камен, Гаволски Ѕид, што има друго да се види по пат....
 
Член од
21 јуни 2012
Мислења
51
Поени од реакции
6
Во Берово добре изглежда, не сум бил :icon_lol: Колко пари на ден е собата ?
 
Член од
22 ноември 2009
Мислења
80
Поени од реакции
5
Има некој искуство на Тиквешко езеро? Планирам за викендов да кампувам со шатор, па понеделник би требало да пост-нам една репортажа.
 
Член од
26 март 2011
Мислења
659
Поени од реакции
667
Неокоја информација за Колешински водопади? Се смпремаме натаму да одиме па ме интересира некој ако бил да каже како поминал. Бидејќи сме од Тетово ме интересира дали вреди да се потегнеме на тој пат? Дали има некое локално ресторантче каде би можеле да ручаме или да си понесеме сендвичи? Колку има пешачење откако ќе ја оставиме колата? На слики сто гледав местото ме остави без здив, па вака некој од искуство нешто да каже? Што може интересно успат да се посети? Секоја инфорамција е добредојдена
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443

Сум бил неколку пати и можам само да препорачам. Водопадите се супер, а добра е и инфраструктурата, ви препорачувам да возите по новиот пат Куклиш -Свидовица -Колешино, значи кога ќе влезете во Струмица движете се према валандово и на излезот од Струмица свртете лево кон Колешино . Патот е нов и е во подножието на Беласица, супер филинг а по патот сигурно ќе видите и еден куп прегазени змији. До водопадите се патува по тесно патче кое на почетокот е асфалтирано за потоа да премине во земен пат. Патот е тесен а за викендите има огромна гужва така да не сум сигурен дека може да најдете паркинг до последниот паркинг, кој е во непосредна близина до водопадите. Но искрено тоа е помалку битно зошто и онака се пешачи во шума. За јадење нема потреба да носите попат има и продавници има и еден летен ресторан кој се наоѓа на половина пат помеѓу водопадите и селото Колешино. Но ако сакате добро јадење со прекрасен амбиент и поглед на струмичката котлина тогаш ви го препорачувам ресторанот-мотел ПОДГОРСКИ АН (http://www.podgorskian.com/index.php) кој се наоѓа од десната страна пред Колешино кога идете одкај Струмица. Водопадите вредат да се посетат но кога веќе идете од Тетово ви препорачувам да ги посетите и Смоларските водопади, ако имате време посетете ги и Мокринските извори и Габровскиот водопад каде има ептен убави летниковци. Иначе скоро на сите водопади има поставено скара така да и тоа ви е варијанта за јадење. Тука би ги препорачал Габровските водопади зошто мислам дека не се толку посетени и би можеле на мира да јадете а пат има до самите водопади. Незнам како сте со време но кога сте веќе во Струмица ви препорачувам да го посетите и градот и секоко Манастирите во Вадоча и Вељуса.
 
Фала ти на информацииве, супер корисни се (y) Имаме во план да одиме накај Струмица една сабота попладне, да сетаме и спиеме во Струмица и после сабајлето да одиме накај водопадите во Колешино и Смоларските водопади. Дали Мокринските извори и Габровскиот водопад се некаде во близина? Каде се наоѓаат, ќе може ли тоа се да се спакува во еден ден? Јас нажалост толку малку знам за Македонијава наша што не сум ни чула за овие места па немам претстава колку се далеку едно од друго:( Но се трудам да го поправам тоа ;)

П.С Ако имаш некоја слика од местава може ако не ти е тешко да закачиш...фала
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Ти препорачувам да не гледаш фотографии пред да ги посетиш местата едноставно не се доловува природата и само ќе си го расипеш ефектот. Водопадите во Габрово и Колешино како и мокринските водопади се наоѓат на истиот пат и не се далеку еден до друг. Но морам да ти кажам дека Габрово и Мокрино се повеќе излетнички места така да со оглед дека немате доволно време најдобро е да одите директно на Колешинските водопади. Водопадот во Смолари се на некој 10 км од Колешино но незнам каков е овој дел на патот кој води директно под Беласица до Смолари. За на враќање можете да одите преку Ново Село , а кога сте во Ново Село и ако сте гладни ви препорачувам да застанете на Скара во ресторан Ловец кој се наоѓа во центарот на Ново Село. А ако сте повеќе за Пица, Грниња и слично на враќање од Новосело према Струмица по пат ќе поминете низ Селото Босилово е во Босилово се наоѓа најдобрата и најпозната Струмичка пицерија „ ПАРК „ таму пробајте го специјалитетот на куќата пица ПАРК.
 
Член од
18 јули 2012
Мислења
132
Поени од реакции
47
да не знае некој некое поефтино сместување во Струмица, во близина на градот?
 
Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Доста мислења се избришани од темава, мислам убаво е појаснето во воведниот дел на истата дека треба да дадете свое видување а не copy-paste од интернет страници.
Бидејќи Македонија изобилува со прекрасни места за посета, претпоставувам на оној кој ќе ги посети нема да му биде проблем да сликне и да даде придонес на темава по што и останатите форумџии ќе сакаат да ги посетат. Потенцирам дека секое мислење кое е ископирано од друга интернет страница ќе биде отстрането.
Можете да препорачате и сместувачки капацитет (би било пожелно да ставите и некоја слика), некој локал за храна, места за прошетка.....

Teмата е поставена како ВАЖНА
 
eternum

-- 21 incoming ? --
Член од
27 јуни 2007
Мислења
1.023
Поени од реакции
1.141
Случајно ја открив темава и мислам дека заслужува малку поголемо внимание. Како љубител на природата со мојата сопатничка го чекаме секој убав викенд (кога сме без обврски :) ) да прошетаме некаде. Понекогаш се навраќаме на места кои ни оставиле прекрасен впечаток, меѓутоа сакаме да отидеме и на места на кои никогаш не сме биле.

Еве како за прв пост на темава ќе набројам неколку убави места кои вреди да се посетат, понатака ќе закачам и фотки (имам многу, треба да ги средувам ама ме мр..:P )

Пешна, во близина на Македонски Брод - во пролет, кога е се' раззелето и рекичката што понира од пештерата е во полн ек

Кокино, рана есен кога уште не е ладно а ветер нон-стоп дува низ мегалитите

Бабуна и пределот над селото Богомила - освен во зима, имам одено во сите периоди од годината и немам зборови да го опишам тој предел

Смоленски и Колешински водопади - поубави се кога има повеќе вода (пролет и есен)

Св. Јоаким Осоговски, Крива Паланка - пределот над комплексот манастири со густата шума е "must go"

Постојат уште мноогу прекрасни предели, ќе се обидам (кога ќе можам) да направам мини-репортажи од местата кои ги посетувам. Како пост-скриптум, љубител сум на природата и не сакам да пишувам за рибници, ресторани, викендички и слично. Оваа тема е обемна, има место во неа и за гурманите :)
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Пред некоја година бев на тура низ источниот дел на земјава и открив доста интересни места.
Античкиот град Баргала, во близината на Штип е место што вреди да се посети. Има рушевини од градот кој бил основан во римско време и зачувани ќупови за чување пченица, но мене најинтересниот дел ми беше што има остатоци од базилика која била изградена во периодот на раното христијанство и е една од првите направени на нашата територија, значи е едно од местата од каде што почнало да се шири Христијанството во Македонија. Исто така веднаш под градот се наоѓа и средовековната црква Св. Ѓорѓија во која престојувале Кирил и Методиј. Сликите ќе ги ставам во спојлери, да не биде километарски постот.
Градот Баргала

Црквата Св. Ѓорѓија
Изненадувачки убав град е и Кратово, своевиден underdog меѓу македонските градови. Мало местенце со многу интересни и убави мостови и стари куќи. Во близина на Кратово е и Куклици, само моја препорака да не одите во летниот период бидејќи нема речиси ниедна сенка ниту на патот до таму, ниту на самото место и станува премногу топло.

Куклици
Ако сте за манастирски туризам, покрај Јоаким Осоговски што го пишаа погоре, би ви ги препорачала Вељуса и Водоча, во близина на Струмица и секако Лесновскиот Манастир кај Пробиштип.
Манастирот во Водоча

Внатрешноста на црквата

Црквата на манастирот Вељуса

Дворот на манастирот

Лесновскиот манастир

Друго убаво место на другиот крај на Македонија е Галичник. Самиот пат натаму од делот кога се одвојува над Маврово, па сѐ до горе е преубав, а пред Галичник има една преубава висорамнина, се вика Тонивода, откако ќе се стопи снегот остануваат малечки езерца покрај патот, застанете таму, поседете на тревата и подишете малку чист воздух. Само не чепкајте по езерцата, често има брбушки во нив :D
Патот натаму во есен

Тонивода

Галичник
Ако не ви се оди многу далеку, во близина на Скопје секогаш е Матка која може да ја видите од сто различни перспективи :)

Член од
31 јули 2010
Мислења
111
Поени од реакции
23
Дали знае некој да ми каже како се стигнува до езерото Козјак од Скопје ? Дали постои пат до таму и колку км е далеку ? Фала однапред
 
Kajgana Shop

На врв Bottom