БЛАТЕЦ

Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089
Блатец е село во источниот дел на Македонија во подножјето на планината Плачковица, во близина на Виница. Изобилува со многу природни убавини. Селото е на надморска височина од 710 метри. Реката Блатешница тече низ селото. Во зима во Блатец е многу ладно и снегови, а во лето е многу пријатен особено на во вечерните часови. Селото е познато по ориз,грав и ред други земјоделски производи. Исто така е симбол за чист воздух и богатството на почвата.
Blatec, The Republic of Macedonia - вака е насловот на групата на фб http://www.facebook.com/group.php?gid=63165849746&ref=ts#!/group.php?gid=63165849746

http://mk.wikipedia.org/wiki/Блатец


 
Б

Бат Елохим

Гостин
За Блатец не знам дали има тема, ама тоа е големо гастербајтерско село, распослано на подножјето на Плачковица, со многу чешми, вода и зеленило! Сега е сезона на свадби, кога се враќаат печалбарите, да си направат свадба и да си ги однесат невестите.
Навечер по долги задолжително!
Следно на список: Блатец во зима!
Навистина вреди да се посети.
 

Круме

Life, Get One!
Член од
28 март 2010
Мислења
449
Поени од реакции
32


Ја неможам да го најдам Блатец на мапава.


Види го ти Блатец... планинско цело а какви коли возат? По колку им го зимаат гравот и оризот бе?



Иначе изгледа како едно од многуте прекрасни Македонски села вредни за посетување.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089
seloto e navistina prekrasno
ako gi poglednete slikite vo galerijata na stranata na fb ke se uverite vo toa
inaku kolite i kukite se takvi zasto 90posto od mladite se po stranstvo i se vrakjat samo preku leto i zimo.
 

stick figure

#MiaSanArsenal
Член од
2 мај 2010
Мислења
4.811
Поени од реакции
3.705
Сум бил во Блатец, е нели сум од Виница де. :)
Не е лошо...
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.308
Поени од реакции
7.294
И јас сум бил во Блатец, селото не е лошо, дури има и стамбена зграда, со која некои блатчани се фалат и велат дека Блатец е град.:kesa:
Како и да е, интересни се прекарите на луѓето во тоа село, ( мрки, семка, чае, врана) :pos2:
 
Член од
30 мај 2010
Мислења
100
Поени од реакции
7
Обавезно го посетувам и оваа година за Богородица , исто како и секоја година :)
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089







неколку слики од убавото с.Блатец
 
Член од
30 мај 2010
Мислења
100
Поени од реакции
7
Во сабота -21 месецов , ќе бидам во Блатец .. се надевам убаво ќе си поминеме .

Поздрав до Блатчани и се гледаме таму :)
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089
С. Блатец– Црквата Св. Илија во село Блатец претставува трикорабна базилика со рамни тавани. По форма и големина не се разликува од останатите цркви во овој регион кои се градени во средината на минатиот век. Сепак она што остава посебен впечаток е тоа што нејзините тавани се копаничарски мошне добро обработени, како што е обработен и големиот крст на иконостасот и царските двери. На самиот иконостас и на останатите делови на црквата се наоѓаат 77 икони од кои еден дел се работени од зографот Никола Михаилов од Крушево. Неговиот потпис се наоѓа на иконата “Зачетие на Св. Ана’’. Другите икони се со ликот на Христос, Богородица, Св. Ѓорѓи, Св. Јован Претеча, Св. Никола и др.Дали се работи за иконописец од Крушево или пак од Кратово останува да се потврди. Меѓутоа според оригиналниот натпис овој иконописец потекнува од Крушево.
На северната страна на црквата под самиот покрив се наоѓа натпис на кој стои дека црквата е градена 1850 год. Други белези на самата црква упатуваат пак на констатацијата дека црквата е градена уште пред 1850 год. За историјата на црквата дознаваме од сочуваните белешки во неколку стари книги кои се наоѓаат во црковната библиотека и кои сеуште се користат за одделни црковни празници. Дознаваме дека повеќето од книгите се набавени од печатницата во Цариград во 1858 година, потоа дека одделни свештеници биле ракоположувани на свети денови и слично. На одделно место среќаваме податок дека во с. Блатец имало земјотрес и тоа на почетокот на минатиот век (1903 год.), како и тоа дека во селата Блатец и Липец била присутна болеста колера од која изумреле голем број на луѓе, а поголемиот број деца.
...
Инаку во околината на село Блатец се среќаваат неколку свети места на кои се изградени и обележја на кои верниците доаѓаат. Во месноста Селиште верниците изградија и една друга мала црквичка посветена на Св. Великомаеник Ѓорѓи. На ова место каде верниците се собираат на Ѓурѓовден во поново време е изграден конак каде може да се престојува бидејќи се направени соби и трпезарија за гости .Во околината на селото се наоѓаат неколку водички и тоа Св. Петка, Св. Богородица, додека на јужната страна од селото се наоѓа водичка и изградено манастирче со зграда и конак посветено на “Рождество на пресвета Богородица’’. Жителите оваа водичка ја користат за лекување на очобол.
Меѓу жителите на Блатец се зборува дека во центарот на селото, каде што се наоѓа споменикот на паднатите борци и плоштадот, постоела црква Св. Богородица, па оттука и легендата за празнувањето на овој празник меѓу жителите на Блатец.
 
Член од
29 јануари 2008
Мислења
821
Поени од реакции
410
На времето Блатец кога е бил под германска опсада името било Blatcenburg!
исто така пред 60-80 години не ме држете за збор... Месната заедница е била во Блатец и се е сметало за Град, а Виница село под Општина Блатец. Подоцна со изградба на патишта, фабрики, водоводни мрежи Виница е прераснала во урбаноо место и сите Блатчани навалиле у Виница, Кочани.... Така да ако одете накај виница прашајте 100-души од каде им е потеклото 80 ќе ви кажат од Блатец.. Моите поколенија се од таму и од нив ги имам слушано овие моабети... Поздрав Blatcenburg!
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089
На времето Блатец кога е бил под германска опсада името било Blatcenburg!
исто така пред 60-80 години не ме држете за збор... Месната заедница е била во Блатец и се е сметало за Град, а Виница село под Општина Блатец. Подоцна со изградба на патишта, фабрики, водоводни мрежи Виница е прераснала во урбаноо место и сите Блатчани навалиле у Виница, Кочани.... Така да ако одете накај виница прашајте 100-души од каде им е потеклото 80 ќе ви кажат од Блатец.. Моите поколенија се од таму и од нив ги имам слушано овие моабети... Поздрав Blatcenburg!
Овој муабет и ден денес го зборат сите Блатчани, и е точен 100%.

--- надополнето ---

И езерце има бе? Алал да ви е
Не е езерце, туку има 2 прилично големи брани, ако не те мрзи имас линк од неколку фото галерии можеш поубаво да разгледаш:salut:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom