Занимливости

  • Креатор на темата Креатор на темата Apokalipto
  • Време на започнување Време на започнување

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.586
Ќе се обидеме да создадеме нешто во стилот на забавните магазини, барем нешто што порано ...постоеше. Има многу теми за кои не би се развила дискусија, а многу работи кои ќе е интересно да се спомнат и да ги прочитаат сите кои се интересираат за науката.

Почнувам со една кратка а интересна вест (малку контровезна):

Коралите полека се селат на север и југ, накај половите, во барање на постудена вода, покажало истражувањето започнато во 1930 година на гребените близу Јапонија.
changeofsc.jpg
Научниците остануваат фрапирани од ваквата миграција и приспособување на коралите кон изменетите услови во океаните.

линк кон веста
 
Иако многу фактори влијаат на ваквото однесување на коралите, сепак мислам дека акцент се става на температурните разлики и нивната поврзаност со глобалното затоплување.....
 
Што претставува Тициус - Бодеовиот закон?



Во осумнаесеттиот, деветнаесеттиот, па и дваесеттиот век, астрономијата како наука сé уште не била во целост Њутновска. Меѓу астрономите и филозофите сé уште владеело мислењето дека Сончевиот систем ги содржи само оние шест планети, познати уште од античко време: Меркур, Венера, Земја, Марс, Јупитер и Сатурн. Меѓутоа, кога во 1781 год. Вилијам Хершел (William Herschel) ја открил седмата планета - Уран, скоро сите биле убедени дека мора да постојат уште такви слични тела.
Додатен стимул пристигнал кога се сетиле дека девет години порано бил објавен еден математички куриозитет, познат како Тициус-Бодеов закон.
Имено, уште во 1766 год. еден пруски астроном, Јохан Тициус (Johann Titius), објавил еден “закон” кој говорел за оддалеченоста на планетите од Сонцето. Поради тоа што тој “закон” бил објавен само како кратка фуснота во една книга за општа наука, веројатно никогаш немало да стане општо познат, ако во 1772 год. еден друг германски научник, Јохан Боде (Johann Bode), не го дополнил и објавил.
!bode-2.gif
Јохан БодеТој емпириски математички израз може едноставно да се опише вака:
Ги земаме броевите:
0, 3, 6, 12, 24, 48, 96, 192, 384
т.е. секој следен е двапати поголем од претходниот. Потоа на секој од нив му додаваме 4. Добиваме:
4, 7, 10, 16, 28, 52, 100, 196, 388.
Ако сега секој од добиените броеви го поделиме со 10 ќе добиеме:
0,4 0,7 1,0 1,6 2,8 5,2 10,0 19,6 38,8
при што секој број ја претставува просечната оддалеченост на планетите од Сонцето, изразено во астрономски единици (а.е.). Кога ќе се земе сé предвид, вредностите се зачудувачки прецизни. Вистинските просечни вредности се:
Меркур..........0,39
Венера..........0,72
Земја.............1,00
Марс..............1,52
Јупитер...........5,2
Сатурн..........9,54
Уран............19,19
Нептун..........30.0
Плутон........39,48
Целата работа која Боде ја предлагал, заедно со неговиот закон, не била сериозно прифатена во научните кругови, сé додека Хершел не објавил дека новооткриениот Уран се наоѓа во орбита оддалечена околу 19,2 а.е. - точно на местото кое било предвидено со Тициус-Бодеовиот закон!
Меѓутоа, се воочува една работа - Марс е на оддалеченост од 1,6, а Јупитер на точно 5,2 а.е. Тогаш што претставува вредноста 2,8 која се наоѓа помеѓу? Дали е тоа местото на орбитата на изгубената, хипотетичка планета Фетон? Астрономите организирале “ѕвездена полиција” со цел да ја откријат планетата за која се верувало дека е на тоа место. Повеќе од една година, небото било набљудувано од најмоќните телескопи во тоа време, но без резултат.
И тогаш, на 1 јануари 1801 год., сицилијанскиот астроном Џузепе Пјаци (Giuseppe Piazzi, кој и не учествувал во потрагата, туку ги средувал своите каталози на ѕвезди), ја открива првата мала планета (планетоид), наречена Церес, на оддалеченост од 2,767 а.е. на Тициус-Бодеовата скала. Нејзината големина била околу 960 km, а периодот на орбитирање 4,6 години. Така, дефинитивно било пополнето и последното празно место во Бодеовата низа. Подоцна, на тоа место се пронајдени огромен број на помали објекти, кои го сочинуваат познатиот астероиден појас, помеѓу Марс и Јупитер. По тоа откритие, до крајот на 1807 год., откриени се уште три помали објекти - Палас (1802), Јуно (1804) и Веста (1807).
На чуден начин, законот е прекршен во случајот со планетата Нептун, а на нејзино место, на предвидената вредност од 38,8 лежи орбитата на Плутон, со вистинска вредност од 39,48 а.е.
Денес, кога се говори за Тициус-Бодеовиот закон, научниците се сложуваат дека се работи за чиста математичка коинциденција, но правилноста во структурата на Сончевиот систем, како онаа која ја предвидел и изразил Бодеовиот закон, и фактот што сите планети кружат околу Сонцето во ист правец, сугерира на можноста целиот систем во почетокот да бил создаден со едноставен механички процес.

http://www.astronomija.com.mk/vest.asp?id=387
 
1. Ако длабоко вдишете воздух, во вашите бели дробови ќе вдишете повеќе молекули од воздухот, отколку што има ѕвезди во сите галаксии од видливиот Универзум, заедно.

2. Ако секоја ѕвезда е претставена со едно единствено зрно ориз, тогаш една макета на нашата Галаксија, Млечен Пат, ќе ја собере точно во просторот помеѓу Земјата и Месечината.

3. Иако јадрото на Сонцето е 12 пати погусто од густината на железото, неговите надворешни слоеви се толку ретки што просечната густина на Сонцето е само 1,4 пати од таа на водата.


4. Секоја секунда, Сонцето претвора 5 милиони тони материја во чиста енергија, во согласност со познатата равенка на Ајнштајн (E=mc2).

5. Материја земена од неутронска ѕвезда со големина колку еден нокт, содржи толку маса колку што е масата на сите луѓе на Земјата, заедно.

Продолжува... :)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: H96
1. Ако длабоко вдишете воздух, во вашите бели дробови ќе вдишете повеќе молекули од воздухот, отколку што има ѕвезди во сите галаксии од видливиот Универзум, заедно.

2. Ако секоја ѕвезда е претставена со едно единствено зрно ориз, тогаш една макета на нашата Галаксија, Млечен Пат, ќе ја собере точно во просторот помеѓу Земјата и Месечината.

3. Иако јадрото на Сонцето е 12 пати погусто од густината на железото, неговите надворешни слоеви се толку ретки што просечната густина на Сонцето е само 1,4 пати од таа на водата.


4. Секоја секунда, Сонцето претвора 5 милиони тони материја во чиста енергија, во согласност со познатата равенка на Ајнштајн (E=mc2).

5. Материја земена од неутронска ѕвезда со големина колку еден нокт, содржи толку маса колку што е масата на сите луѓе на Земјата, заедно.

Продолжува... :)

болдираново може ли да го објасниш..
 
болдираново може ли да го објасниш..

Секако :)

Се мисли на бројката. На пример, во еден кубен сантиметар воздух има 1 000 000 000 000 000 000 молекули (плус минус некоја нула). Е сега, со еден здив земаме повеќе кубни сантиметри воздух... пример.
А во вселената, онаму до каде што може да се набљудува, постојат толку многу галаксии, а во секоја галаксија постојат милијарди ѕвезди. Е вкупната бројка на сите тие ѕвезди е помала отколку бројката на молекули од воздухот што можеш да ги вдишиш.
Тоа е еден вид споредба колкави може да бидат димензиите на разни објекти во природата...
 
Шаховската табла се состои од 64 полиња во која има 32 фигури кои се движат по 10тина зацртани правила.
Пресметано е дека бројот на различни партии шах е поголем од вкупниот број на електрони и кварки што постојат во универзумот.
 
6. Земјата треба да биде згмечена до големина на едно зрно грашок, за да стане црна дупка.

7. Гама зрачењето од Вселената за прв пат беше забележано при крајот на шеесеттите години од минатиот век, од американските сателити, дизајнирани да лоцираат гама зрачење од тајните локации за тестирање на нуклеарни бомби од страна на Русија.

8. За еден космолог, галаксија како што е Млечниот Пат, која содржи стотици милијарди ѕвезди, е најмалото нешто во Универзумот за кое треба да се води сметка.

9. Изразот „Големиот прасок“ (анг. Big Bang), кој се користи за да се објасни како настанал Универзумот, за прв пат е употребен од космологот Фред Хојл (Fred Hoyle), сега сер Фред, во едно радио интервју на BBC во четириесеттите години од минатиот век.

10. Кога е вклучен телевизорот, но на него нема ниту еден канал, се забележуваат бели точки како играат по екранот. Некои од овие точки (околу 1 %) се причинети од позадинското космичко зрачење.


Продолжува...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: H96
11. Радио телескопот кој го откри позадинското космичко зрачење, оригинално беше наменет и употребуван при раните експерименти за праќање на ТВ сигнали преку Атлантикот, со помош на сателит.

12. Просечната густина на Универзумот изнесува меѓу 10 и 100 атоми на водород на секој кубен километар.

13. Биле потребни само 0,000000000001 секунди (10-12 s) за она што ќе биде целиот видлив Универзум, да се прошири од големина колку еден атом, до големина колку целиот Сончев систем.

14. Иако ништо во Вселената не може да патува побрзо од светлината, самата Вселена може да се шири побрзо од светлината.

15. Има околу 10 000 ладни честички од темна материја на секој кубен метар околу нас, вклучувајќи ја „празната“ Вселена, воздухот кој го дишете, дури и цврстите објекти како што е Земјата.

Продолжува...
 
16. Потрагите по далечните супернови мора да бидат во точно определено време, затоа што овие објекти се толку слаби, што можат да бидат набљудувани прецизно само при Млада Месечина, кога небото е најтемно.

17. Кога пулсарите беа откриени за прв пат, се мислеше дека тие „сигнали“, кои што се повторуваат во точни временски интервали, се пораки од малите зелени луѓе!

18. Чинијата на радио телескопот Аресибо е толку голема, што може да собере 4 милијарди шишиња од пиво.

19. Трошокот за праќање на меѓуѕвездена порака, користејќи ги постојните радио телескопи, е околу 1 долар по збор. Потенцијалното враќање на оваа инвестиција е непроценливо.

20. Антена со дијаметар од 200 метри која работи на бранова должина од околу 20-21 cm, може да детектира сигнал од слична таква антена оддалечена 1 000 светлински години.
 
21. Проектот МЕТА може да детектира сигнал слаб колку еден десет билионити дел од ват од радио енергија која пристигнува на Земјата.

22. Најдалечната ѕвезда која што досега е директно проучувана за да се детектира сигнал од интелигентни суштества, е на помалку од 1 % од растојанието преку целата Галаксија, земено од Земјата.

23. Радио телескопот Аресибо беше употребуван при снимањето на филмот Контакт (Contact).

24. Има грубо околу милијарда (109) фотони (честики од светлина) во космичкото позадинско зрачење за секој барион (протон или неутрон) во Универзумот.

25. Во 1906 година, Џ.Џ. Томсон (J.J. Thomson) ја доби Нобеловата награда докажувајќи дека електроните се честички. Во 1937, неговиот син Џорџ Томсон (George Thomson), ја доби Нобеловата награда докажувајќи дека електроните се бранови. И двајцата беа во право.

26. Херман Минковски (Hermann Minkowski), кој воведе геометрија во Ајнштановата специјална теорија на релативност во 1908 година, беше еден од професорите на Ајнштајн на универзитетот на кој што учел. Тој својот ученик го опишувал како мрзливо куче, кој никогаш не се грижел за математиката, воопшто.

27. Астрономите проценуваат дека има најмалку 100 милиони црни дупки во нашата Галаксија. Со преку 100 милиони галаксии, тоа значи дека нашиот Универзум досега имал десет илјади милиони милијарди (1019) вакви објекти.

Извор
 
Како гори оган во нулта гравитација?


Човекот научил да го користи огнот уште пред два милиони години, и оттогаш, па до денес, научи дека огнот е добар слуга, но лош господар. Сè до првите летови во Вселената, човекот имаше директен контакт со оган само на Земјата, и не се знаеше како тој ќе се однесува во вселенските летала, т.е. во услови на нулта гравитација.
Kibritche_1.jpg
Ова особено ги интересираше научниците од Соединетите Американски Држави, затоа што во почетокот на вселенските истражувања, пред 40-тина години, тие планираа вселенските летала со човечки екипаж да ги полнат со чист кислород, а сите знаеме дека кислород гори, т.е. го потпомогнува горењето. Во 1967 година, само една искра во леталото Аполо 1 за момент се претвори во силен оган, кој ги усмрти тројцата астронаути во леталото. Но, несреќата на Аполо 1 се случи на Земјата, пред полетувањето. Па, како огнот се однесува во Вселената?
Во бестежинска состојба огнот не може да гори, затоа што практично се гаси сам од себе. Зошто е тоа така?
Тука, на Земјата, во услови на гравитациско влијание, кога ќе запалите оган тој создава светлина, топлина, јаглерод диоксид и водена пареа. Произведената топлина предизвикува другите продукти на согорувањето да се шират, со што се намалува нивната густина и тие се издигнуват во височина, т.е. воздухот станува потопол и се издигнува нагоре. На тој начин, околниот свеж воздух, богат со кислород, доаѓа до пламенот и согорувањето продолжува, сè додека има гориво, но и кислород во воздухот, кој го поттикнува понатамошно согорување.
Kibritche_2.jpg
Меѓутоа, во бестежинска состојба продуктите од согорувањето не одат никаде, затоа што при нулта гравитација нема нешто што би го нарекле горе или долу. Затоа, продуктите од согорувањето се акумулират околу пламенот и го попречуват околниот воздух, т.е. кислородот, да дојде во допир со пламенот, па согорувањето престанува заради недостаток на кислород.
Заклучокот е дека за постоење на оган потребна е гравитација, или некој начин со кој ќе се обезбеди непречен допир на кислородот од воздухот со пламенот. Можно решение е со некаков вентилатор да се распрснуваат продуктите од согорувањето и да се носат свежи количества воздух. Нешто слично имаме и на Земјата. Од искуство знаеме дека огнот гори посилно кога дуваме во неговиот правец.
Движењето на воздухот со помош на вентилатори во вселенските летала не е потребно само заради пламенот (кој, патем, таму и не е баш нешто посакуван), туку е потребен и заради нормално дишење. Имено, продуктите од процесот на дишење, кои ги испуштаме при издишувањето, исто така би биле локализирани само околу дишните органи и брзо би се задушиле доколку на некој начин околниот воздух не се натера на движење. На Земјата, тие продукти под влијание на гравитацијата, исто така, се отстрануваат од околината на нашите дишни органи и се носи ново количество на свеж воздух.


Извор
 
Повеќето од птиците преселници имаат "магнетен компас" со кој се служат користејќи ги магнетните полови на земјата за да патуваат.

Еден подвид на медуза (Turritopsis nutricula) кога ќе го постигне врвот на староста може да се трансформира во "дете" со прераспоредување на клетките, Ова може да го повторува безброј пати.

Најголемото јајце на светот е јајцето на нојот. Може да има 30 пати поголем волумен од кокошкино јајце и да му требаат цели 2 часа за да се свари целосно.

Јајцето на нојот исто така е најголемата клетка.

Делфините неможат да се задржат долго време под вода бидејќи мора да дишат користејќи ги посебните дупки.

Делфините "спијат" со едно отворено око, додека постојано дишат одржувајќи се на површината на водата.

Кога умира кралицата на Clownfish рибите, - доколку нема женка во јатото еден од машките единки го променува полот со што го продолжува родот.
 
Еден подвид на медуза (Turritopsis nutricula) кога ќе го постигне врвот на староста може да се трансформира во "дете" со прераспоредување на клетките, Ова може да го повторува безброј пати.

Теоретски, може да живее бесконечно?
Или веќе е практично... :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв