Хммм, но дали контролиран хаос е тоа со што ќе се задоволиш...
Сметаш дека си безбеден? Од каде знаеш дека некој следен пат нема Ти да бидеш тој што ќе биде наполнет со врело олово во некој супермаркет, од некој фолс флег терорист, и сето тоа во слава на Алах?
(ова со должно извинување до Исус, Буда, Зевс, Один, Баал... и илјадниците други богови, ама Алах е моментално најпопуларен избор за бог за кој вреди да се убива и да се гине)
Знам дека сега тоа звучи како спин во однос на можноста некој да биде убиен од терорист, и без „завера„ за фолс флаг. А за да не се случи тоа ни требаат построги закони и намалени лични слободи, така?
Хммм. Сега кога ќе се обидам да го прочитам ова последново, и мене ми звучи малку збунувачки... но мислам дека сепак ме разбираш.
Една од најефикасните алатки во социјалниот инжинеринг е криењето на вистината на очиглед. Пример, како да спречиш социјално незадоволство заради... ете заради воведување на ГМО како доминантна храна за човештвото?
- Ќе ја скриеш контроверзата на очиглед (plain sight што велат америте) на јавноста, така што сам ќе продуцираш куп глупави и лесно провидни гласини за штетноста на ГМО: дека газдите на индустријата сакаат да го уништат човештвото (и јадат мали деца за доручек), дека вонземјаните стојат позади тоа, дека целта е да се намали интелегенцијата на луѓето, дека...итн итн. Потоа сето тоа се нарекува „теории на заговор„ и работите почнуваат да се тркалаат сами од себе. Разни сомнителни и недквакани типови како Миленко или Слаѓана Велков почињаат да зборат неуки глупости заради привлекување на внимание, и никој повеќе не размислува озбилно за штетноста на ГМО.
Мноштвото научни студии и истражувања кои ја докажуваат таа штетност, се ставени во истиот кош со „теориите на заговор„ потрупани со купот страња и ненаучни бљувотини кои иницијално се извадени баш од тие што сакаат да ја скријат штетноста од исхраната со ГМО, барем во сегашното ниво на развој на генетиката.
Понатаму, велиш државата нема контрола врз масовното учество во џихад на нејзини граѓани? Зарем навистина веруваш во тоа??
Се разбира дека е не е лесно да ги спречат да отидат, но многу полесно е да ги спречат да се вратат. Секако не без реперкусии.
Мислиш дека не знаат каде отишле? Дека нема записи и документација кој отишол кон Турција или друг хаб од кој се оди на боиштата во Левантот, и потоа тој некој го нема никаде со месеци? Па дури и самите џихадисти воопшто не се кријат, туку се фоткаат и се постираат на разни социјални мрежи.
Сметаш дека државата не може да донесе закон со кој се одзема државјанство на некој џихадист, по многу законски основи? Но не, не само што тоа не се прави, туку џихадистите се негуваат, се „рехабилитираат„ и „лечат„.
Контролата на терористичките кризи што сега се актуелни навистина не мора секогаш да биде со режиран фолс флег, со директно овозможување на тероризам.
Но нели некој секако ги контролира работите на неколку нивоа погоре... На пример кој тоа дава иселенички визи на луѓе од доминантно муслимански земји, кога во источна европа имаше милиони потенцијални мигранти со неспоредливо по... безбедни религиозни сваќања. Инаку зборувам за пред 20тина годни и порано, но дури и сега статистички гледано наголемиот број мигранти во Европа се од муслимански земји... иако кандидати има и од многу други (немуслимански) држави.
Можеби ќе прашаш, што е поентата со правење штета сам на себе?
... но ајде ова ќе го оставам за некој друг пост. Ако сакаш да продолжиш со дискусијава.