Закон на атракција!

Шмекерот

Еден и единствен
Член од
24 мај 2008
Мислења
1.767
Поени од реакции
384
Ај една ваква тема...:smir:
Принципот на законот за атракција нагласува дека мислите и чувствата на луѓето привлекуваат реални настани во нивните животи и имаат директно влијание врз нивните физички, емоционални и професионални врски.Се зборува дека оние што се славни и богати добро ја знаат и ја практикуваат оваа тајна.

Според мене, ваше е да верувате во ова, но во глобала, животот се одвива добро само кога си позитивен. Убаво е човек да има, во нешто да си верува, да му служи како мотив и да го движи напред.
Проблемот со законот за атракција е што не бира помеѓу лоши и добри мисли. Затоа треба да се контролираат мислите. Иако звучи глупо, тоа е можно со елиминирање на лошите работи што не опкружуваат.

Jaс на пример пробав да ги контролирам мислите, и да ги одстранам лошите работи од мојот живот. Донекаде ми успева. Реално...нормално у животот има позитивни и негативни нешта. Со радост ги прифаќам позитивните нешта. сакам да се дружам со позитивни луѓе...одбегнувам негативни луѓе коишто шират таква енергија...и придонесува јас да се чувствувам така! Имало и некое филмче за оваа тематика....ама не знам као се вика...ако некој знае...го замолувам да пише.
Шо мислите вие форумџии за оваа тема?
Let it be....Shmek :smir:
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
http://www.thesecret.tv/

И првото делче од филмот - Тајната.



Знам за ова. Звучи интересно. Како апчиња за слабеење. Без мака до успех.

Некако ми е нереално. Вселенски сили, мисли упатени кон нив за да ти се врати со добро. Со сила убавина не бидува...
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.103
„The Secret“ се вика филмот... добар е, те тера позитивно да размислуваш.
 
S

smart ass

Гостин
а нели е подобро да мислиме реално а последицата на самото мислење да има позитивен исход па оттука и позитивно расположение.

ова секако бара преземање на одредено дејство.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.830
Поени од реакции
6.383
Хахахахаха, го имам гледано филмчето.....каква глупост.Јест да позитивно мислење помага бидејки ти добиваш самодоверба кога мислиш позитивно,а не дека универзумот се прилагодува на твоите желби.Ептен глупости има во тоа филмчето.А замислете сите што би било сите луѓе така да размислуваат??Еве пр. ако еден сака дожд,а другиот не, кого универзумот ќе му ја исполни желбата?Или пак во филмчето кажува научно е докажано дека една позитивна мисла е 100 пати посилна од лошата. Како универзумот знае која е позитивна мисла,и како знае која е позитивна,а која лоша за мене лично?И како мајке ти докажале тоа научно дека едната е 100 пати посилна од другата??
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Ја имам читано оваа книга од Ронда Бирн. Мислам дека за да се однесува човек по овие доктрини, мора да е цврст карактер и голем борец. Законот на привлечност, ги елиминира сите негации. Тој го прифаќа исклучиво оптимизмот. Не смее да се размислува ,,Нема да бидам несреќна" туку ,,Ќе бидам среќна". Верувам во ова, но не сум способна да го применам бидејќи има милион причини што те деградираат во овој свет и те прават да се обесхрабруваш и едноставно да песимичариш.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Искрено не ми беше потребна оваа книга или филм за да почнам да го применувам тоа. Во принцип секогаш за мене велат дека сум позитивна личност и мило ми е што и навистина сум таква. Тврдам дека колку попозитивно размислуваш, позитивни работи и ќе ти се случуваат. Нормално дека и негативностите се неизбежен дел од животот, но ако постојано некој е негативен, а очекува позитивен живот - тоа едноставно нема да се случи.
Позитивната енергија и љубовта кон животот можат чуда да направат во животот, докажано и испробано. :) Затоа секој ден кога станувам од спиење велам денес ќе ми биде убав денот, ќе се насмеам и навистина ми е таков денот. Дури и кога денот не е како што треба, сепак наоѓам позитивна работа за убаво да се чувствувам, а тоа мене како личност ме прави послободна и посреќна.
 

Quark

brr,brr...zbrc
Член од
12 март 2008
Мислења
3.489
Поени од реакции
156
Ja neam procitano knigata a i go neam gledano filmot.

Tuku, kako jas gledam na ova, sto mislam deka e najvozno.

Smetam deka sustinskoto e vo toa covek da znae da se prilagodi, prvenstveno umstveno da se prilagodi na sekakva sostojba.
Znaci i koga mozebi si "down", da napravis edna mala "umstvena egzibicija" pa da go prifatis toa kako normalno stanje, a ne kako kraj na Svetot. Koga ke go mozes toa, sekogas ke ti bide ubavo, bez razlika na nadvoresnite faktori.
Okey, jasno mi e deka e prilicno tesko za izveduvanje toa, ama jebiga...:)
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Искрено не ми беше потребна оваа книга или филм за да почнам да го применувам тоа. Во принцип секогаш за мене велат дека сум позитивна личност и мило ми е што и навистина сум таква. Тврдам дека колку попозитивно размислуваш, позитивни работи и ќе ти се случуваат. Нормално дека и негативностите се неизбежен дел од животот, но ако постојано некој е негативен, а очекува позитивен живот - тоа едноставно нема да се случи.
За време на едни избори имаше партиска реклама во која двајца другари седат на кауч со пиво во раце и гледаат српски филм, во него главниот протагонист медитираше и викаше мммммммммммм сваки дан је све боље и боље и боље, сваки дан је све боље и боље...... Па почнаа и нашиве двајца протагонисти секој ден е се подобро и подобро, секој ден е се подобро и подобро :icon_lol:.
Читана ми е и книгата, гледан ми е филмот. Закон на привлечност :raz:
Не сме ние посебно како индивудуалци центарот на овој универзум па да ни се исполнат сите желби, не постои судбина само спелт на околности....
Ако овој закон е природен закон тогаш зошто умираат гладните и жедни деца во Африка? Зошто кога е гладен и жеден човек мисли на храна и вода, зошто универзумот по магичен начин не се преуреди спрема нивните потреби и не преживеат?
Нема судбина секогаш има причина или причини, а не како што би рекол Едо Мајка:

reko smiri se edo sve je to ba u tvojoj glavi pogledam desno vidim tam
nesto je u travi to je sigurno ma reko sigurno neki pas kad se
zacu glas kaze maajka eto nas
tjesim se ko fol sigurno je alkohol
sigurno kumova trava u svakoj koski mi strava
reko sam sebi edo sve je ok sjeti se one knjige od one louis-e hay
misli pozitivno evo tu je kraj sumarku zacu se glas kaze drugi put cemo ti jebat majku.
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Истото ко Моќта на потсвеста од Џозеф Марфи. Се е точно, само би додал, ако сте несреќни не обвинувајте никого, сфатете дека вие сакате да бидете несреќни. Кај што е проблемот таму е решението. :wink:
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.852
Поени од реакции
8.389
Не е чесно спрема себеси ако човек почне да се самозалажува, играњето со емоциите е меч со две острици.
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Да. Освен пласибо постои и носибо ефект, кога ќе сфатиш дека се самозалажуваш ќе ти биде уште полошо. Затоа најпрво треба да се потоне до дното за да можеш да земеш залет од таму за нагоре. Еве:
:smir:
 

Blackout

An emotional retard
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
451
Занимливо.
Со мислењето не можеш да влијаеш врз текот на настаните но можеш да влијаеш врз тоа како ќе ги перцепираш.
Значи не е важно што се случува туку како ти гледаш на тоа.
А што ако мене ми е пријатно во мојата непозитивност?
 

delfybuba

Schatje
Член од
22 октомври 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
93
Занимливо.
Со мислењето не можеш да влијаеш врз текот на настаните но можеш да влијаеш врз тоа како ќе ги перцепираш.
Значи не е важно што се случува туку како ти гледаш на тоа.
А што ако мене ми е пријатно во мојата непозитивност?
Тогаш,си навикнала на тоа.
И кога ке ти се случи нешто убаво ,не знаеш како да му се израдуваш и кратко трае.И опет со старите мисли.

Убава е позитивноста,во секој случај.
Смо не знам дали и реално би можело да биде...кај мене лично не верувам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom