Алал да ти е штом само ти ги знаеш сте варијанти од духовниот развој. Има и еден друг цитат кај нас, кој вели: Нема поголема опасност за аспирантот од духовната гордост. Таа се вгнездува во неговото срце и додека трепне, тој веќе се чуствува како дома во ложата на црните браќа.
Цензурата, забраните, казните...под изговор дека се за општо добро, со милениуми се покажуваат како неуспешни. Имаш свештеници што силуваат деца, судии вмешани во криминал, шофери што возат пијани итн, итн. И секогаш ќе ги има. Тоа не зависи од никаков духовен стадиум.
Границата не зависи од возраст, имаш луѓе и на 80 години што имаат детски ум и не научиле ништо од животот а имаш и тинејџери чија зрелост може да воодушеви. Неможе да го ставиш човекот под стаклено ѕвоно, од проста причина што ,,опасноста" не доаѓа од надвор, туку од внатре, од неговата сопствена природа, потенцијал, предодреденост.
Остатокот од постот е толку бесмислен, што немам намера да го коментирам.