Законот на Телема

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
А јас ти посочувам дека опасноста не е надвор од луѓето, туку внатре - во нивната природа, предодреденост, карактер. Тоа што ти овде сакаш да го прикажеш како опасност е исто со обидот на муслиманите да го елиминираат сексуалниот нагон на еден маж кон сите останати жени освен онаа/оние што му се одобрени. И тоа го прават како? Со закон кој на сите жени им налага да се покриваат. Ти си истиот фундаменталист, различна е само областа. И тие мажи муслимани не се сите на исто духовно скалило па генијалците нашле решение од твој калибар.....нормално, за ,,доброто на сите"

Lol!!! :pos: замесени со дрога?! Па досега не еднаш, сто пати ќе стнев наркоман.
Сериозно веруваш дека некој ќе ги проголта глупостиве и лагиве што ги тресеш овде?
Kolaci Luci se mogu svugde primeniti; oni sadrze brasno, med i ulje (ugljene hidrate, masti i proteine, tri neophodna sastojka ljudske ishrane); takode miris tri bitne vrste magickih i lekovitih osobina; fino nacelo zivotinjskog zivota uhvaceno je u njima uvodenjem sveze zive krvi.

Pricest sa tri elementa ima za osnovu simbole tri gune. Za Tamas (tamu) upotrebi opijum ili velebilje ili
neki uspavljujuci lek, za Radzas (rad) upotrebi strihin ili neko drugo nadrazajno sredstvo; za Satvas
(smirenost) zgodni mogu biti kolaci Luci .

Neka Adeptus Minor stoji u svom krugu na kvadratu Tifareta, naoruzan Stapom i Peharom, ali
neka on izvede Ritual potpuno u svom Svetlosnom Telu.
On moze da pali Kolacice Luci ili
Miris Abramelina, moze da bude pripremljen kao sto je opisano u Liber CLXXV, citanjem
Liber LXV i vezbanjem Joge. On moze da priziva HADITa "vinom i cudnim drogama" ako
tako zeli. 11 On priprema krug uobicajenim formulama Teranja i Posvecivanja, itd.


Извор
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.168
Поени од реакции
12.150
Тука е подобар текстот, од каде што е и преземан преводот.
Pdf формат.
( Hrumachis XI Oasis is one of the oldest O.T.O. bodies that arouse in these areas, with it’s headquarters in Belgrade. The camp was already active by the beginning of the year 1990., subsequently following it’s official chartering by 1992. e.v.)

И каде тука има дека во "Светлосните колачиња“ има дрога кога убаво пишува и во „Книгата на Законот“ што има во нив? :)
Тоа што цитираш од 3 различни места од „Магика“ не покажува дека во колачињата има дрога... само покажува дека си барал "Kolaci Luci" во Search и си копирал за да се срамотиш тука со незнаењето и омразата!

Благодарни што споделуваш конечно книга од Кроули во секој случај. :love:

Не ми се допаѓа твојата упорност во овој твој обид кој што доаѓа од незнаење, незаинтересираност за учење и омраза...
Постојано си поправан, ти е објаснувано и пак истото... оди биди христијанин и толкувај библија, си отвори и тема за тоа - не знам што се заморуваш со Магика кога не е тоа твоја суштина...
 
Последно уредено:

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
@alf Не претерувај.Не ти се допаѓа Телема? Не ја посетувај тогаш и не пишувај.
Вакви подметнувања од твоја страна нема веќе да ти дозволам и ќе бидат строго санкционирани. Ниту сум апологет на темата ниту па имам намера да станам телемит, но гледајќи од страна, твоето вечно противречење на скоро секој пост на двајцава телемити на форумов, неизбежен е заклучокот дека е некое нетрпение или не дај боже (Один, се разбира) омраза. Ако имаш нешто лично против некого, обрати му се на приватна порака.
Не знам од кои побуди го правиш тоа и не сакам ни да знам, но прекини. Подметнувањето за некакви ритуали на кои се конзумира не знам ти што, поткрепено со некакви српски трач весници за наводни убиства во име на Кроули или некакви секти или култови е непримерно и ниско за секој човек. Не се обидувај да ми докажеш нешто друго.
Не подметнав ништо , можеше да побараш линк и ќе допишев, вака ме обвинуваш неправедно.
Не се работи за никаква нетрпеливост помеѓу мене и двата члена, нивни проблем е што секој напад кон филозофијата телема го сваќаат лично. Тие постојано упатуваат лични напади , а јас постојано ги поправам дека alf не е темата .
Да беше ова на некоја друга тема христијанство ,ислам или било што ќе си фаќафте сеир, а кога е оваа секта во прашање одма со опомени, немој така Атеист.

Имаа тие тема , разговараме на истата , јас поставив прашање, јадат колачи замесени со малку опојни сутпстанци,јадат еве и линк .Друго е ако не им се допаѓаат прашањата. Што е проблемот?
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.168
Поени од реакции
12.150
Каде пишува дека во колачињата кои се користат при Гностичка Миса и други ритуали се користи дрога при нивно подготвување и каде во овие цитати што ти ги сподели од „Магика, Книга 4“ се потврдува овој твој став?
Дали ти читаш воопшто цел текст или слабо?

Kolaci Luci se mogu svugde primeniti; oni sadrze brasno, med i ulje ...“
- Магика :)

Инаку „Магика, Книга 4“ е достапна и на македонски јазик (не е онлајн) но може да си ја набавиш бидејќи по се изгледа не знаеш српски добро или намерно забораваш :)
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Не подметнав ништо , можеше да побараш линк и ќе допишев, вака ме обвинуваш неправедно.
Не се работи за никаква нетрпеливост помеѓу мене и двата члена, нивни проблем е што секој напад кон филозофијата телема го сваќаат лично. Тие постојано упатуваат лични напади , а јас постојано ги поправам дека alf не е темата .
Да беше ова на некоја друга тема христијанство ,ислам или било што ќе си фаќафте сеир, а кога е оваа секта во прашање одма со опомени, немој така Атеист.

Имаа тие тема , разговараме на истата , јас поставив прашање, јадат колачи замесени со малку опојни сутпстанци,јадат еве и линк .Друго е ако не им се допаѓаат прашањата. Што е проблемот?
Alf и ќе биде темата, и ќе ти бидат упатувани лични (според тебе) напади, кога истиот тој ќе подметнува “жута штампа“ за некаква си вистина. Како би изгледало да пронајдам некој си текст кај што Брејвик извикува „Исус“ и убива 70 луѓе. Да речеме на тема христијанство. Нема да биде истото?
Колку гледам и ти сеир фаќаш на друга тема со Мики. Што ти е тогаш проблемот со сеирот? А ова твоево веќе не е сеир.
 

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Alf и ќе биде темата, и ќе ти бидат упатувани лични (според тебе) напади, кога истиот тој ќе подметнува “жута штампа“ за некаква си вистина. Како би изгледало да пронајдам некој си текст кај што Брејвик извикува „Исус“ и убива 70 луѓе. Да речеме на тема христијанство. Нема да биде истото?
Колку гледам и ти сеир фаќаш на друга тема со Мики. Што ти е тогаш проблемот со сеирот? А ова твоево веќе не е сеир.
Колачињата не се жута штампа, ти за нив опоменуваш.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Колачињата не се жута штампа, ти за нив опоменуваш.
Да, жута штампа се. Или најди од веродостоен извор кои се состојките или shut the f... up.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Kolaci Luci se mogu svugde primeniti; oni sadrze brasno, med i ulje (ugljene hidrate, masti i proteine, tri neophodna sastojka ljudske ishrane); takode miris tri bitne vrste magickih i lekovitih osobina; fino nacelo zivotinjskog zivota uhvaceno je u njima uvodenjem sveze zive krvi.

Pricest sa tri elementa ima za osnovu simbole tri gune. Za Tamas (tamu) upotrebi opijum ili velebilje ili
neki uspavljujuci lek, za Radzas (rad) upotrebi strihin ili neko drugo nadrazajno sredstvo; za Satvas
(smirenost) zgodni mogu biti kolaci Luci .

Neka Adeptus Minor stoji u svom krugu na kvadratu Tifareta, naoruzan Stapom i Peharom, ali
neka on izvede Ritual potpuno u svom Svetlosnom Telu.
On moze da pali Kolacice Luci ili
Miris Abramelina, moze da bude pripremljen kao sto je opisano u Liber CLXXV, citanjem
Liber LXV i vezbanjem Joge. On moze da priziva HADITa "vinom i cudnim drogama" ako
tako zeli. 11 On priprema krug uobicajenim formulama Teranja i Posvecivanja, itd.


Извор
За разлика од тебе кој само читал за нив, јас ги имам јадено истите, не еднаш, не двапати....секој пат кога сум бил присутен како и кога сум бил дел од тој ритуал познат како Гностичка Миса. Да имаше дрога во нив, сега ќе бев зависник, скоро седум години сум член на ОТО, за сите овие години сум конзумирал прилично доста од нив, што значи од прва рака, од лично искуство можам да ги демантирам овие лаги.[DOUBLEPOST=1561515485][/DOUBLEPOST]
Колачињата не се жута штампа, ти за нив опоменуваш.
Колачињата не се жута штампа, лагите дека во нив има дрога се.
 
Последно уредено:

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Ако ти ги месиш и ги знаеш они три "миризливи" суптанци кои се ставаат ,во ред да ти верувам, но и покрај тие колачиња имаш во самиот опис на мисата дека се користи опиум.

Ипси , толку ли е тешко да признаете дека на собиранките користите опојни суптанци?
Бидете мажи бре..кажете еднаш.
"Да , луѓе ние користиме во мали дози опојни супстанци , нашиот пророк кој тестираше со нив го најде совршениот баланс за да не предизвика штета ,а се со цел да воспоставиме разговор со бестелесното битие аиваз. И солта е опасна во големи количини, ама во мали е корисна."

Не е тешко нешто вака - слично да се објасните,нели?
Нема потреба од однесување како во оној вицот!

Седи кравата во едно гнездо и плете и покрај нејзе две овци со крила летаат, и кравата вика ...свашта!:)
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.168
Поени од реакции
12.150
.Ако ти ги месиш и ги знаеш они три "миризливи" суптанци кои се ставаат ,во ред да ти верувам, но и покрај тие колачиња имаш во самиот опис на мисата дека се користи опиум..
Ајде просветли ме ако сакаш и ако можеш, нормално:
Каде има опис дека во Гностичка Миса се користи опиум?
Немој само српски сајтови... всушност ти и со ѓаволот би се здружил ако ти потврдува твојата лудост дека е вистина!
Или и ова е едно од твоите лаги за да ни покажеш колку Телема не чини? :)

Кажавме што има во тие колачиња (кои се користат при различни ритуали ако сака магичарот, не само во Гностичка миса) и тоа е запишано убаво и зошто...
Исто и во текстот на Гностичка Миса на EGC стои што се користи и како (јавно достапен текст ја јавно и приватно изведување на овој централен ритуал на О.Т.О.) :)

Ти и такви ниски подли луѓе како тебе, кои не можат ништо повеќе да дадат од себе си, ќе измислувате сешто, ќе се самозадоволуваат со вакви изјави собрани од прохристијански сајтови и гледање филмови ...
но, што да правиме - не се бега од тоа што си - самозадоволувај се - и тоа е за некој магика :)

 
Последно уредено:

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Ако ти ги месиш и ги знаеш они три "миризливи" суптанци кои се ставаат ,во ред да ти верувам, но и покрај тие колачиња имаш во самиот опис на мисата дека се користи опиум.

Ипси , толку ли е тешко да признаете дека на собиранките користите опојни суптанци?
Бидете мажи бре..кажете еднаш.
"Да , луѓе ние користиме во мали дози опојни супстанци , нашиот пророк кој тестираше со нив го најде совршениот баланс за да не предизвика штета ,а се со цел да воспоставиме разговор со бестелесното битие аиваз. И солта е опасна во големи количини, ама во мали е корисна."

Не е тешко нешто вака - слично да се објасните,нели?
Нема потреба од однесување како во оној вицот!

Седи кравата во едно гнездо и плете и покрај нејзе две овци со крила летаат, и кравата вика ...свашта!:)
Добро бре човек.....дали си ти нормален?! Како може да конзумирам нешто кое содржи опиум без тоа да има никаков ефект на мене? И не е само конзумирањето, нагласив дека сум бил дел од самиот ритуал, сум гледал како се подготвуваат. И сега ти мене ме убедуваш дека ти повеќе знаеш за нив од мене и Хепта?! Што мислиш дека ќе постигнеш со ова упорно клеветење и лажење? Мизерно е, не приметуваш?
 

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138

Ајде просветли ме ако сакаш и ако можеш, нормално:
Каде има опис дека во Гностичка Миса се користи опиум?
Немој само српски сајтови... всушност ти и со ѓаволот би се здружил ако ти потврдува твојата лудост дека е вистина!
Или и ова е едно од твоите лаги за да ни покажеш колку Телема не чини? :)

Кажавме што има во тие колачиња (кои се користат при различни ритуали ако сака магичарот, не само во Гностичка миса) и тоа е запишано убаво и зошто...
Исто и во текстот на Гностичка Миса на EGC стои што се користи и како (јавно достапен текст ја јавно и приватно изведување на овој централен ритуал на О.Т.О.) :)

Ти и такви ниски подли луѓе како тебе, кои не можат ништо повеќе да дадат од себе си, ќе измислувате сешто, ќе се самозадоволуваат со вакви изјави собрани од прохристијански сајтови и гледање филмови ...
но, што да правиме - не се бега од тоа што си - самозадоволувај се - и тоа е за некој магика :)
Има линк погоре од вашата книга во причестите(не миса..моја грешка) стои да се користат опојни супстанци и растенија со халуциони дејства.

Тоа е ваша книга, а не моја констатација.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.168
Поени од реакции
12.150
Има линк погоре од вашата книга во причестите(не миса..моја грешка) стои да се користат опојни супстанци и растенија со халуциони дејства.

Тоа е ваша книга, а не моја констатација.
Има два линка, еден од тебе и еден јас што поставив кон подобра pdf верзија за полесно да читаат луѓето, да не е со без врска фонт.

Значи се сложуваме дека нема опојни дроги во „светлосните колачиња“ (Cakes of Light) кои се дадени во „Книгата на Законот“ и тоа во третото, последно поглавје.
Се сложуваме дека нема ништо од опојни дроги ниту во самиот ритуал на Гностичка Миса како централен ритуал на О.Т.О. во кој се користат овие колачиња.

А ти надолго и нашироко ни тврдеше и со кренат прст велеше дека ние користиме дроги токму за овие ствари, и тоа на 2-3 страници едно по друго иако знаеше дека си во грешка!

Ти велиш дека во книгата на Кроули позната како „Магика, Книга 4“ или Liber ABA стои дека се користат опојни супстанции при причест, а таму (како што си цитирал) пишува:
„Pricest sa tri elementa ima za osnovu simbole tri gune. Za Tamas (tamu) upotrebi opijum ili velebilje ili
neki uspavljujuci lek, za Radzas (rad) upotrebi strihin ili neko drugo nadrazajno sredstvo; za Satvas
(smirenost) zgodni mogu biti kolaci Luci .“

Дали ги забележуваш овие ИЛИ напишани од самиот Кроули кој што знаел многу добро дека не секој би сакал опиум или не би сакал нешто слично, а и да биде доследен на својата философија - дека може и вака и вака - дека се зависи од Магичарот и неговата умешност?

Работата е што ние како Телемити кои прифаќаме Закон кој што нуди Слобода, Живот, Љубов и Светлина - не судиме ако некој мисли дека треба за причест да користи дроги! Како што ти дотрчуваш и сите други старо-еонски верници да осудувате дали е добро или не некој да користи по сопствена волја дроги!
Нормално со закани како богот многу се лути на тоа, за да ви имаат кредибилитет вашите мрачни срца и умови!

Така почна и муабетов со цитат дека ако ти е волја земи опиум, ако тоа те уништи - тоа е, не си размислил добро и не си се спознал иако си имал знаци и симболи кои сигурно укажувале дека правиш грешка!

Така да, залудно пелтечење за дрогите и како ние во О.Т.О. само тоа правиме! Лажеше и измислуваше и клеветеше - иако беше насочен каде да гледаш за да видиш дека не е така како што глаголаш - и тоа не се заборава!
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.168
Поени од реакции
12.150
Бидејќи гледам сеуште некои се заморуваат со Телема во обид да го прикажат овој Закон како зло и тоа преку нивните очи полни со омраза... заради нивни егоистички побуди...

Подолг извадок од мој есеј од блогот за оние кои го „намирисале“ новото време и новиот Закон, но никако не можат да поминат над некои свои препреки кои сами си ги поставуваат како замки :)

„Ако сте се пронашле во Законот на Телема, а Ви е проблем што доаѓа тој Закон преку нас, луѓе (или не :) ) кои се иницирани во О.Т.О. или пак A.’.A.’., а не од некој друг, тогаш треба да си поставите многу прашања на кои ќе мора да им најдете одговор за да дознаете каде правите грешка во однос на Телема, иницијација и новиот еон.

Според моето разбирање и искуство – прифаќањето на Законот на Телема и правилно искористување на истиот секако ќе Ве однесе до портите на Редовите од кои доаѓа и се шири истиот тој Закон и ќе побарате иницијација.

Инаку, ќе мора да седите дома и да се лутите се до небото и до пеколите што нештата кои ги дознаваш и спознаваш не се во рамките на Вашите убедувања.
Законот донесе еден мал проблем кај неиницираните кои ги фатил малку четириделниот зрак на Телема (Слобода, Живот, Љубов, Светлина) и тоа им се допаднало, тоа се оние кои знаат дека постои Закон кој што ги привлекува, но бидејќи не знаат што значи авторитет и работа (или се плашат од сето тоа), ја губат нишката. Исто така и стравот од непознато.

Истите тие мислат дека се Сонца кои не зависат еден од друг. Забораваат дека се дел од огромна слика. Дека се привлекуваат едни со други. Егото им стана голем проблем на тие луѓе. Никој не сака пракса (храна за да станат вистински Сонца), но и те како им е лесно да зборуваат како тие во претходниот живот биле Наполеон или Јоан де Арк и во овој живот тие не мора ништо да надминат!
Ние велиме: НАДМИНИ НАДМИНИ! СЕКОГАШ БАРАЈ ПОВЕЌЕ!

Законот не припаѓа никому, но секој може да го користи. Е сега, ако Ве лути што О.Т.О. го пушти законот да се тркала низ мноштвото луѓе, во светот на микрокосмосот и што се дозволи секој човек, дали во полето, дали во фабриката, дали во палатата или парламентот да го препознае овој Закон како свој и преку него да бара иницијација во Редови како О.Т.О. – тука ништо не можам. Слободно може да Ве лути тоа“
- Телема – Закон на Човештвото
 

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Законот не припаѓа никому, но секој може да го користи. Е сега, ако Ве лути што О.Т.О. го пушти законот да се тркала низ мноштвото луѓе, во светот на микрокосмосот и што се дозволи секој човек, дали во полето, дали во фабриката, дали во палатата или парламентот да го препознае овој Закон како свој и преку него да бара иницијација во Редови како О.Т.О. – тука ништо не можам. Слободно може да Ве лути тоа“
- Телема – Закон на Човештвото
Типично временско од една позиција размислување и носење заклучоци.

Тука е таа цела поента која постојано ја повторувам, не може еден закон создаден/даден преку призма од едновремено постоење на човекот да се понудува јавно за секого. Притоа да се повикува на слоган човештвото пред се, кога човештвото ќе се изгуби токму преку тој закон.

Многу едноставно ,се тркала закон со разорно дејство.За вас тоа можеби е и небитно бидејќи функционирате по принцип на иницијација , па тоа што им се случува на не иницираните е нивна грешка во сваќањето , недоволното разбирање или немање доволно искуства, но како и да е, одговорност мора да има.
А ја имаат оние кој го пуштиле законот да се тркала.

Сокрите си го законот во некоја дупка и практикувајте си го, нудете го на одбрани , иницирајте го, но немојте да "мафтате" пред очите на другите. Прави духовни "деформации" кој не се во контекст на развивање здраво духовно човештво.(во секој период од неговиот развој)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom