Ах ти пак дојде... Па нели реков малку да научиш нешто. Ти оди на нерви телемата? Телемитите те иритираат?
Што ми ти ја гони душата наваму за да дојдеш и преку тебе да си го кажиме она што имаме да го кажиме? Си размислил некогаш? Кој ти ја праќа душата вака жедно да коментира на темава која не сакаш да ја спознаеш?
Ајде малку сериозно:
За светот, сметаме дека не е само овде сега. Ако мислиш дека си заглавен во твоето тело, твој проблем. Ние велиме дека не сте заглавени, само сте заборавиле некои работи.
ЗА човечкото тело и твојата своевидна вода... премногу е да коментирам бидејќи не се сложувам дека духот бара зборови. Мислам дека бара ПРАКСА! Погледни од исток кон запад... зборовите го кријат она што не треба да биде познато јавно.
Да се плива не е исто со она да се слушне. Барем не во мојот речник. Едното е пракса, дело, другото е... теорија! Затоа и духот бара пракса, а мрзливите бараат зборови и докази од други а не од самите себе.
Зарем јас не ти реков да одиш да имаш пракса малку околу темава? Зарем не ти реков да научиш нешто? 9 месеци ти се многу по патеката а? Ах тоа не е ништо во однос на целата вечност.
Секогаш се вртите околу тоа да се надминал некој самиот себе си. Тоа некој, ставете го да биде „јас“. Надминувајте се! Тоа го вели и „Книгата на Законот“. Повеќе нема грев. Нема ограничување. Дознајте ја вашата чиста волја и одете бидете тоа за што сте тука дојдени на Земјата. Зборот на Гревот е Ограничување.
Никогаш не барајте кај другиот да најдете дали е извор или не. За вас никогаш јас, или не знам кој друг нема да биде извор.
Одете го свотој пат Деца на Земјата!

Откако ќе слушнете (како што вели алф) не верувајте. Пробајте! Имајте пракса колку што ви е речено со она што сте го слушнале! Но сомневајте се! Сомневајте се и во самото сомневање! Но има крај, но тоа е тајна!
А за смртта алф, дали е долу или горе(кој знае што ти е тоа горе, што ти е доле), ќе те оставам со твоето размислување. Не е мое да поправам нечии ставови со зборови. За смртта, знаеме само дека е за кучињата! Бидејќи бог не живее во пес! Смртта е забранета за човекот.
Ве љуби Хептаграм!
П.С. ЗА 9 дена е Телемитска Нова Година. Сонцето повторно влегува во знакот на Овен! Подгответе се!