Законот на Телема

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.254
Поени од реакции
12.265
Ах жабри имаат само следбениците на Исус - рибата :) Не е тоа за мене... Јас го сакам планинскиот воздух кој што го дишат планинските јарци! Водата ми е матна мене за дишење! Ја надминав.
Мене најде да ме плашиш со смртта и „што потоа“. Си го погрешил човекот за такви муабети. Сигурно сум поблиску од тебе до смртта. ;)

За жал ти ми кажуваш што јас разбирам за работи што ти не си ги ни слушнал па дури и ми кажа кај сум. Благодарам.
Види ја оваа книга и ќе знаеш што јас мислам за еквилибриумот на горниот цитат што ти ми велиш дека јас го разбирам не знам како!

Зборувај за телемата човеку, не ми врти празна слама зборувајќи за се и сешто освен за телемата. Се имаме дадено да видите и прочитате, да разберете нормално и сработите. А вие... вие го одбивате Законот бидејќи така ви бара разумот или духот?

Дури и претходниот голем иницијант многу одамна рече:
Лукаво и прељуботворно поколение бара знак, и нема да му биде даден знак, освен знакот на Јона пророкот.
Реков, одбиј го алф Законот! Никој не може да ти даде насила. Ниту имам таква цел.

Има такви по светот што ќе се пронајдат во Законот на Новиот Еон...
 
Член од
1 јули 2009
Мислења
299
Поени од реакции
343
Мене најде да ме плашиш со смртта и „што потоа“. Си го погрешил човекот за такви муабети. Сигурно сум поблиску од тебе до смртта. ;)

.
Гробар да не си по професија?
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.254
Поени од реакции
12.265
Гробар да не си по професија?
Ти да не си :)

П.С. Има што сум по професија назад низ темава, мислам... бидејќи знаеш, мора да имаш некоја добра професија инаку си никој и ништо. Барем така мислат луѓево.
 

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.611
Поени од реакции
1.160
Ах жабри имаат само следбениците на Исус - рибата :) Не е тоа за мене... Јас го сакам планинскиот воздух кој што го дишат планинските јарци! Водата ми е матна мене за дишење! Ја надминав.
Ќе морам со едноставни зборови!

Светот (земјата-воздухот-небото) се своевидна "вода" во која се движи човечкотот тело,тој оди под земја,на земја и над земја.
Додека,"вода" за човечкиот дух преставуваат зборови,
оние кој не сакаме да ги слушаме што одговата на поимот (под земја),оние кој ги следиме за кој одговора поимот(на земја) и зборови кој сакаме да ги достигнеме(над земја).
Постои и збир на сите три во едно што преставува своевиден извор од кој е исполнето морето во кое плива секој човечки дух.,тоа што те прашував за човек роден како таков.

Секој плива (сака да слушне) таму каде го носи духот,за да кажеш дека си надминал треба самиот да си постанал извор,а ако беше извор немаше да имаш потреба од книги(зборови) и да се држиш за нив правеќи си себеси аквариум-група ,а сите зборови излегле од самиот извор.
Така да водата не ти е матна,само не сакаш да се симнеш под земја и да ги поставиш нозете испод пеколот.;)
Сигурно сум поблиску од тебе до смртта. ;)
Смрта е доле,а не горе.:)

Но штом ти така викаш.
Од твоја уста во божји уши.


А вие... вие го одбивате Законот бидејќи така ви бара разумот или духот?
Кој тоа вие или ми персираш?
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.254
Поени од реакции
12.265
Ах ти пак дојде... Па нели реков малку да научиш нешто. Ти оди на нерви телемата? Телемитите те иритираат?
Што ми ти ја гони душата наваму за да дојдеш и преку тебе да си го кажиме она што имаме да го кажиме? Си размислил некогаш? Кој ти ја праќа душата вака жедно да коментира на темава која не сакаш да ја спознаеш?

Ајде малку сериозно:

За светот, сметаме дека не е само овде сега. Ако мислиш дека си заглавен во твоето тело, твој проблем. Ние велиме дека не сте заглавени, само сте заборавиле некои работи.
ЗА човечкото тело и твојата своевидна вода... премногу е да коментирам бидејќи не се сложувам дека духот бара зборови. Мислам дека бара ПРАКСА! Погледни од исток кон запад... зборовите го кријат она што не треба да биде познато јавно.

Да се плива не е исто со она да се слушне. Барем не во мојот речник. Едното е пракса, дело, другото е... теорија! Затоа и духот бара пракса, а мрзливите бараат зборови и докази од други а не од самите себе.
Зарем јас не ти реков да одиш да имаш пракса малку околу темава? Зарем не ти реков да научиш нешто? 9 месеци ти се многу по патеката а? Ах тоа не е ништо во однос на целата вечност.

Секогаш се вртите околу тоа да се надминал некој самиот себе си. Тоа некој, ставете го да биде „јас“. Надминувајте се! Тоа го вели и „Книгата на Законот“. Повеќе нема грев. Нема ограничување. Дознајте ја вашата чиста волја и одете бидете тоа за што сте тука дојдени на Земјата. Зборот на Гревот е Ограничување.
Никогаш не барајте кај другиот да најдете дали е извор или не. За вас никогаш јас, или не знам кој друг нема да биде извор.
Одете го свотој пат Деца на Земјата! :) Откако ќе слушнете (како што вели алф) не верувајте. Пробајте! Имајте пракса колку што ви е речено со она што сте го слушнале! Но сомневајте се! Сомневајте се и во самото сомневање! Но има крај, но тоа е тајна!

А за смртта алф, дали е долу или горе(кој знае што ти е тоа горе, што ти е доле), ќе те оставам со твоето размислување. Не е мое да поправам нечии ставови со зборови. За смртта, знаеме само дека е за кучињата! Бидејќи бог не живее во пес! Смртта е забранета за човекот.

Ве љуби Хептаграм!:love:

П.С. ЗА 9 дена е Телемитска Нова Година. Сонцето повторно влегува во знакот на Овен! Подгответе се!
 

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.611
Поени од реакции
1.160
Горан,
Како се оформува плодот во утобата на мајката и со кој дел од телото прво излегува со нозете или главата?
Но,оној во кого е плодот е застанат спротивно од самиот плод.

Што е сега за тебе горе и доле?
Ако од тебе излегол Законот тогаш стоиш со нозете доле,а глават горе,но ако ти си поризлегол од Законот тогаш главата ти е доле,а нозете горе.
Сега знаеш зошто некој апостол барал да биде распнат обратно.
А главата доле значи покорен и послушен на духот бидејќи од духот произлегол, оставајќи им го стадото или во преносна смисла "куче" кое го пасе стадото.
Па нели и самиот кажа:
Сигурно сум поблиску од тебе до смртта. ;)
За смртта, знаеме само дека е за кучињата!
(y)


Наведнија главата бидејќи ако духот ти рече:

Горан,
Престани да си ги обликуваш брковите пред огледало со тоа правиш погрешна слика за Мене,ти треба да послушаш.;)
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.254
Поени од реакции
12.265
Прави што ти е волја и тоа нека биде цел закон. -AL I.40
“Ти немаш право освен да дејствуваш по својата волја. Прави го тоа и никој нема да ти каже не.” – AL I. 42-43
“Секој маж и секоја жена е ѕвезда.” -AL I.3
И да се потсетиме:

Човекот е тоа што сам од себе ќе направи во рамките одредени од неговата наследена судбина; тој е дел од човештвото; неговите дела не го допираат само она што тој го нарекува јас, туку и целиот Универзум.
Почитувај, и не го презирај физичкото тело кое е твоја времена врска со надворешниот и материјалниот свет. Затоа твојата ментална урамнотеженоста нека биде над вознемиреноста од материјалните потреби; зајакни ги и управувај со анималните страсти, скроти ги емоциите и разумот,негувај ги Вишите Тежнеења.
Прави им на другите добро поради самата добрина, не поради награда, ниту пак поради нивна благодарност или наклоност. Ако ти си великодушен нема да тежнееш кон изразите на благодарност.
Запамети дека неурамнотежената сила е зло; дека неурамнотежената милост е слабост, која би го дозволувала и поттикнувала Злото. Делувај страсно; мисли разумно; биди Свој.
Вистинскиот ритуал колку е акција толку е и збор; тој е Волја.
Запамети дека оваа земја е само атом во универзумот и дека и ти си атом на неа, па дури и да станеш Бог на земјава по која се влечеш и ползиш, па и тогаш би бил само еден атом, и тоа еден помеѓу многуте.
Сепак имај најголемо самопочитување и поради тоа не греши против себе. Гревот кој е непростив е свесно и намерно отфрлање на вистината, страв од знаењето дека тоа знаење не би одговарало на твоите предрасуди.

И ова со сигурност велам дека е така:

Како инаку би било, о Човеку, ти чиј живот е само ден во Вечноста , капка во океанот на времето; како би можел ти, ако нема толку многу твои искушенија, да ја исчистиш својата душа од земјината рѓа? Но сега е тоа така, да Вишиот Живот е поврзан со опасности и тешкотии; ги немале ли и Мудреците и Хиерофантите на минатото? Тие биле прогонувани и понижувани, луѓето ги измачувале; сепак низ тоа нивната Слава растела, Затоа радувај се, о Инициран, бидејќи колку се поголеми твоите искушенија, поголема е твојата победа. Кога ќе те измачуваат и зборуваат лажно против тебе, зарем Мајсторот не рекол: "Ти си блажен"!

Сепак, о аспиранту, нека победите не ти носат Гордост, зашто со зголемувањето на Знаењето би требало да се зголеми и Мудроста. Оној што малку знае, мисли дека знае многу; но оној што знае многу свесен е за своето незнаење. Го гледаш ли оној кој мисли дека е мудар? Повеќе надеж има за будалата отколку за него.
Не брзај другите да ги осудуваш; како можеш да знаеш дека ти на нивното место би одолеал на искушението. И дури да е така, зошто би презирал некого кој е послаб од тебе?

Ве љуби братот Хептаграм!:love:

“Робовите ќе служат” -AL I.58
“Љубов е законот, љубов под волја”. -AL I.57

П.С. Секој стих е всушност една пракса. Размислете добро каква би била таа пракса.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
ΚΕΦΑΛΗ KB

ДЕСПОТ
Келнерите на најдобрите ресторани се потсмеваат на целиот свет; тие го проценуваат секој муштерија по неговата сопствена вредност.
Јас тоа го знам сигурно, затоа што секогаш постапуваат со мене со длабоко почитување. Така тие ми ласкаа до толку што ете ги фалам вака јавно.
Сепак тоа е вистината; тие се остроумни затоа што служат, и затоа што неможат да имаат личен интерес во работите на луѓето кој ги служат.
Апсолутниот монарх би требало да биде апсолутно мудар и добар.
Но нема доволно силен човек да нема интерес. Поради тоа најдобриот крал би била Чистата Случајност.
Чистата Прилика е таа која владее со Универзумот; затоа и само затоа, животот е добар.​
Liber 333​
 

Mama.

уметник
Член од
23 јули 2011
Мислења
524
Поени од реакции
326
a shto ja pottiknuva voljata? od kade se raga, shto ja ubiva????
dali sama moze da opstoi,dali sama moze da ne dvizi, da pravi cuda???
shto treba da ima eden covek za da ima volja? shto ako eden den ednostavno se razbudish bez volja za nishto?
kako pak da ja pocuvstvuvash?
dali navistina e samo voljata najvazna ili treba da imash ljubov i verba za da se odrzuva toj magicen krug bez koj nemozeme da opstoime?
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.254
Поени од реакции
12.265
a shto ja pottiknuva voljata? od kade se raga, shto ja ubiva????
dali sama moze da opstoi,dali sama moze da ne dvizi, da pravi cuda???
shto treba da ima eden covek za da ima volja? shto ako eden den ednostavno se razbudish bez volja za nishto?
kako pak da ja pocuvstvuvash?
dali navistina e samo voljata najvazna ili treba da imash ljubov i verba za da se odrzuva toj magicen krug bez koj nemozeme da opstoime?
Дали ова дали она...

Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот закон
Љубов е законот љубов под волја!

Ете ти и љубов и волја... мислам дека е доволно јасно.
Има за љубовта доволно тука разгледај малку наназад.

А ако се разбудиш еден ден без волја... значи не си имал/а волја ти никогаш, си имал/а куп желби кои никако не ти се исполниле и ете сега скапуваш во безизлезна ситуација бидејќи патот што е поминат всушност е поминат на сон и ќе се прашува човек ете што е волја, како да ја почувстствува... итн итн...

Ве љубив Хептаграм!:love:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ___

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
a shto ja pottiknuva voljata? od kade se raga, shto ja ubiva????
dali sama moze da opstoi,dali sama moze da ne dvizi, da pravi cuda???
shto treba da ima eden covek za da ima volja? shto ako eden den ednostavno se razbudish bez volja za nishto?
kako pak da ja pocuvstvuvash?
dali navistina e samo voljata najvazna ili treba da imash ljubov i verba za da se odrzuva toj magicen krug bez koj nemozeme da opstoime?
Волјата е составен дел на нашето битие, или попрецизно кажано, таа е негов динамички аспект. Што значи дека таа неможе да се убие, поттикнува или накнадно да се раѓа.
Што се однесува до болдот, тоа може да се однесува на желба за нешто, што не е исто со Волјата.
За чистата Волја, неослабена од цел, ослободена од страсти за резултат, секој пат е совршен.
Мислам дека извадоков би требало да ги појасни работите:
Значи се работи за концепцијата на вечното движење, бескрајно и непроменливо. Тоа е Нирвана, само што е динамична, а не статична – што на крајот се сведува на истото.
Очигледна практична задача на Магичарот е да открие што всушност е неговата вистинска волја, за да може на тој начин да ја извршува, а тоа тој најдобро може да го изведе по пат на пракса на Liber Thisharb (Equinox I,7) или слични пракси кои одвреме навреме ќе му бидат одредени.
Сега секој би требало совршено едноставно да ја сфати Пораката на Мајсторот Терион. Ти мораш
(1) да откриеш што е твоја Волја.​
(2) Да ја извршуваш таа Волја со а) едно-насочност б) непристрасност ц) мир.​
Тогаш и само тогаш, ти си во хармонија со движењето на Работите, а твојата волја е дел од Божјата, и спрема тоа еднаква на неа. И бидејќи волјата е само динамички аспект на нашето битие, и бидејќи две различни битија не можат да имаат идентични волји тогаш ако твојата волја е Божја волја, значи Ти си тоа.
LIBER II

Љубовта е законот, љубов под Волја!
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ___

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.254
Поени од реакции
12.265
34. Но вие, о мој народе, дигнете се и разбудете се!
35. Ритуалите нека бидат изведувани правилно со радост и убавина!
36. Постојат ритуали на елементите и прослави на сезоните.
37. Прослава за првата ноќ на Пророкот и неговата Невеста.
38. Прослава за трите дена на пишувањето на Книгата на Законот.
39. Прослава за Тахути и детето на Пророкот – тајна, О Пророку!
40. Прослава за Врвниот Ритуал, и прослава за Еквинокс на Боговите.
41. Прослава за оган и прослава за вода; прослава за живот и уште поголема прослава за смрт!
42. Прослава секој ден во вашите срца во радоста на мојата наслада!
43. Прослава секоја ноќ за Ну, и задоволство на крајниот занес!
44. Навистина! празнувајте! радувајте се! нема страв од сега натаму. Разложувањето, и вечната екстаза се во бакнежите на Ну.
45. Смртта е за пците.

Среќна Нова Година и Еквинокс на Боговите мои пријатели. Започна уште еден круг на живот низ бесконечното пространство на Ну!
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
“But this is of the essence of the Occult Wisdom concerning Daäth. For Daäth is the crown of the Ruach, the Intellect; and its place is in the Abyss. That is, it breaks into pieces immediately it is examined. There is no coherence below the Abyss, or in it; to obtain this, which is one of the chief canons of Truth, we must reach Neschamah.”
-Little Essays Towards Truth, “Knowledge”
 

Kajgana Shop

На врв Bottom