Овој примеров со женава во бутик не е веќе интересен, си го извадил од МБС. Најди нешто друго.
Туку не ги искоментира овие христијаниве што ги фрлате кај лавовите.
Што се однесува до волјата, единствена разлика меѓу тебе и оние што се надвор од редот е тоа што ти можеби, велам МОЖЕБИ активно трагаш по својата вистинска волја а не дека си ја пронашол или открил.
Другарче далеку си.
Незнам како не сфати досега дека никаква иницијација не те прави телемит. Не е ова кире бананамен со бананите, па ајде ќе ја наметниме одората и одеднаш сме ИЗБРАНИТЕ.
П.С. велиш гледаме престава хух? дури и да е престава, актерите се очајни
П.П.С. 63 страници, се надевам дека заслужив дивиденда
Примерот ќе се повторува секогаш во твојот случај. Иницијација те прави масон, телемит, гностик, христијанин итн итн Зависи од иницијацијата и мистериите на иницијаторскиот систем. Ме разбираш?
Сите велите за нас каде сме и што сме, а само ние ви велиме работете ги праксите и видете каде сте и зошто сте, а не каде сме ние!
Не разбирате што ви се кажува? И ние одозгора ете сме надмени, отмени, горди итн итн
Сме горди, работата и треба да го прави горд човекот.
77. О биди горд и моќен меѓу луѓето!
78. Воздигни се! зашто никој нема сличен на тебе меѓу луѓето, ниту меѓу Боговите!
Воздигнете се, единствени сте! Зарем толку не разбирате дека вие ја правите разликата помеѓу нас и вас?
Научете што е иницијација(има по нет и добри дефиниции). И научете кој е, а кој не е телемит и што е тоа. Има се во Законот. Пробај Хич да дојдеш до одора и пробај да бидеш телемит, и ќе разговараме дали е лесно или не. Погледни што ти треба за да дојдеш до запознавање лично со иницијант не пак да ти се даде одора.
Вака од читкање по форуми и 5 книги на годишно ниво, се е лесно и едноставно.
Јас никаде не реков што сум пронашол, каде сум, кој сум и зошто сум. Тоа се ваши претпоставки. Јас, само зборувам за телемата.
На форум тоа тешко да се раскаже.
Надмен телемиту.
Некои "прашања", признавам дека заслужуваат таков одговор, но како модел за комуникација ти е погрешен избор.
А за магијскиот препород и тоа за егзотеријата ќе си го прашам, али глеам дека со тебе нема муабет.
Погрешно? Нема ништо погрешно EvilBetty... 5 прашања што заслужуваат никаков одговор и едно ок прашање после тоа... инерцијата си влечи да се даде таков одговор.
Коментирате без почит, со единствена желба да ја унакажите темата, и нормално, тоа и го добивате што го нудите. Нема потреба од лутење што не ви е по ќеф одговорот. Вам целата тема не ви е по ќеф па пак доаѓате и се препирате и давате неумесни коментари кои се и те како бесцелни.
Ако мислиш на Ипсисимус, не ми е брат, и не ме интересира како тој одговара овде и дали одговара. Негово си е тоа. Јас, вака одговарам на провокаторски прашања. Мое е правото како и дали ќе одговорам на нечие прашање. Мислам дека никој не ми платил од форумот за да секое прашање од ваша страна добие солиден и концизен одговор.