Живејте како кралевите и принцевите, крунисани и некрунисани, на овој свет, како што одсекогаш живееле, како мајсторите отсекогаш живееле, но нека не биде тоа само себе-задоволување; направи го твоето себезадоволување твоја религија.
Кога пиеш и играш и се радуваш, ти не си „неморален“, ти не ја „ризикуваш својата бесмртна душа“; ти ги исполнуваш принципите на нашата света религија под единствен услов да ги гледаш своите акции преку ова светло.
Не се понижувајте себе си и не ги уништувајте и не ги правете евтини вашите задоволства со напуштање на врвното задоволство, свесноста на Мирот кој што го надминува разбирањето.
Не ја прегрнувајте простум Марија или Мелујзина; таа е Самата Нуит, посебно концентрирана и инкарнирана во човечка форма за да ти даде бесконечна љубов, да ти понуди вкус дури на земјата од Еликсирот на Бесмртноста. "
— Законот на Слободата – Liber DCCCXXXVII , A.'.A.'. Издание во класа Е