Давање одговор во форма на прашање е христинјански стил нешто како ,,зарем не пишува дека Исуса е нашиот Господ?" Хаха.
Страшно глупа споредба. Дали Исус е нечиј господ или не, е лична, субјективна работа. Тоа што јас го посочив е објективна, воочлива констатација.
Кој аспект од животот на човекот од западната цивилизација не е телемитски? Ти затоа што си опседнат со О.Т.О и дел од О.Т.О цел фејсбук да ти е со Американци членови на О.Т.О. А да не си обрнал внимание дека пола од членовите на ЛГБТ, еднакви права, феминисти, кој ти сметаш дека живеат според Законот на Новиот Еон во Америка одат во црква и на профилна имаат крстови.
Интересно што од сите можни примери, го одбра баш оној што најмалку ти оди во прилог дека западот не живеел според принципите на телемата. Од скоро, САД имаат закон со кој истополовите бракови се легализирани во сите 50 држави! Дали некој ќе носел крстови или ќе одел во цркви е негов избор и негово право, Liber Oz не е инструкција како да си го живееш животот, што да носиш и каде да не одиш. Зборот на гревот е ограничување!
Тоа не само што не е Телемитски туку не е ни човечки. Кој знае колку еони треба да поминат за човекот конечно да ја открие својата слобода и вистинска природа. Знам јас што е кажано и што беше кажано, ама како тоа да било само кажано, а никогаш слушнато.
Погрешно. Кој што ќе носи, каде ќе оди е право загарантирано во Liber Oz, одговорот е во болдираните делови:
Liber Oz
“Прави што ти е волја и тоа нека биде цел Закон. -AL I.40“ти немаш право освен да ја вршиш својата волја.
Прави го тоа, и никој нема да ти каже не.” – AL I.42-43“Секој маж и секоја жена е ѕвезда!” -AL I.3
1.
Човекот има право да живее по својот сопствен закон-
да живее на начин како му е по волја:
да работи по својата волја;
да се забавува по својата волја;
да се одмара како му е волја;
да умре кога и како му е волја.
2.Човекот има право да јаде што му е волја;
да пие што му е волја;
да престојува каде му е волја;
да се движи по површината на земјата по својата волја.
3. Човекот има право да мисли по своја волја;
да зборува што му е волја;
да пишува што му е волја;
да црта, слика, резбари, гравира, кова, гради по своја волја;
да се облекува како му е волја
4.
Човекот има право да љуби како сака –
исполнете се со љубов по волја, како ви е волја, кога, каде и со кого ви е волја. Al I.51
5.Човекот има право да ги убие оние кои му ги ограничуваат овие права.
“Робовите ќе служат” -AL II.58
“Љубовта е закон, љубов под волја”. -AL I.57