@ВИКТОРГ:
"Хептаграмот, мудрецот над мудреците и просветлениот на форумот"... Можеше да се кажи и Хептаграм вели бла бла бла, но јас велам тоа и тоа... што толку ви е битно кој што е. Јас пишувам Викторг, тупиот или најпаметниот, вели бла бла... не велам. Многу ми е гајле каков си. Излагајте што имате да излагате, кажете што имате да кажете, прашајте итн итн. Тука сме да расправаме а не каков е некој или што е...
Освен книгите, тука е искуството по животот за да се истражува и да се развива човек духовно. Ако мислиш дека нема што да се истражива, дека се е веќе познато, жалам но не е така. И не можам да ти докажам во врска со тоа. Ти сеуште гледаш 3 религии, јас гледам една. И може да ти докажам дека е една? Не... за тоа треба духовен развој и мир. Работа и работа. Истражување и на надворешниот и внатрешниот свет.
Велиш не го познаваш нашиот "телемизам", јас ќе кажам систем, а велиш се поврзуваат со лагата. Не одат такви изјави заедно. Можеш да кажеш можеби се поврзуваат итн итн.
Кроули инаку не е мистичен. Треба да му ги читнеш есеите за мистеријата, за тајните што вели, исто и телемитите после Кроули. Заради него ти и дрги што немаа поима за Редови и слично дознавте, бидејќи јавно проговори. Но ете, изгледа тука згрешил. Јас сум против тоа што дозволи премногу работи да бидат достапни за секој. Тука не се сложувам со Кроули.
И да, телемитите не се ама баш ич мрачни. Не познавам мрачен телемит. Пак ќе мора да видиш ставови на телемити за животот смртта раѓањето... Се е Игра. Смеа. Тоа го немаше во Стариот Еон. Мислам види како живееш и што правиш и зошто. Тоа е.
А ако е потребно да се осудува без искуство без познавање што е телема што не е , бујрум, но со тоа нема да се добие ништо.
@БУЦИ:
Ако сум се зафркнал, мое си е. Јас кажав Луѓе. Не знам зошто поврзуваш Богови.
А и добро е. Штом ти текнуваат "стихови" од Аца Лукас, мислам дека има што да ми кажи човекот.
И убаво вели Evil_Betty. Јас мислам дека не сум арогантен освен ако некој не кажи некоја изјава што нема логика само за да кажи дека телемата е нешто лошо. Простудирајте, имајте искуство, па кажете што е како е. Или барем користете го можеби зборот. Така се ублажува работата и муабетот или расправата може убаво да си тече.
Благодарам за внимание. 93 93/93