Законот на Телема

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Врвот е секако невидлив :)
Ти реков - повели, коментирај, не ми смета ништо од твоите коментари :) Одлично е.
И за пирамидата:
Рамнотежата не е ниту во основата ниту во врвот, ами во средината! ;)
Јасно?



П.С. Основата на пирамидата е недопирлива, не пак врвот. Кај трчаш? Полека...

Ете видиш, затоа јас имам позитивно мислење за тебе.

Болдот ти е пар екселанс;) ја заврте водата накај тебе:cool:

Битно да се проба нели,? Може некој ќе му се засвиѓа, и ќе посака да се иницира.:)

Добар пристап.



п.с. Врвот е секако невидлив, дури би рекол дека гледајќи од основата нагоре, имаш и неколку врвови кои личат на оној вистинскиот, а не се:)
И можеби ќе кажеме дека рамнотежата е во средината, ама без зацврстување на основата и работење на таа задача, од страна на секоја точка на пирмаидата, тогаш неминовно ќе почне да попушта целата пирамида.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.253
Поени од реакции
12.265
Болдот е сарказам :)
Ама ова е форум па тешко се препознава... пирамиди, обелисци и слично :)
Позитивно мислење ти немаш за мене, ете гледаш како познавам јас сарказам - но не и ти. Тешко ти оди со тоа, бидејќи НЕ СИ ЗАПОЗНАЕН СО ТЕМАВА!

Битно е да се работи! Реков: рисјанин си? НАУЧИ СИ ГИ РИТУАЛИТЕ И ПРАВИ КАКО ШТО ТЕ УЧИ КНИГАТА! :) Што ќе врескаш наоколу што си, не значи многу.
Што ме заморуваш со води, со пристапи... Требаше порано да ја свртам водата јас, чекав да видам што толку мудро ќе ни покажеш со прашањата, ама ништо!

Не му чинел пристапот, водата, пирамидите не му чинеле, иницијации не му чинеле, луѓе што се иницираат не му чинеле...
Што да направиме, о човеку за тебе? :)

П.С. И од сега на темата пишување - инаку одиш офтопик и ќе пријавувам - теории на заговори, во Мистерии подфорумот, не тука на темава. Не ми е грижа ти што имаш маки со мене или со Телемата и не знам какви пристапи или ти сметаат иницијации и не знам веќе што се ти смета.. :sneaky:
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Болдот е сарказам :)
Ама ова е форум па тешко се препознава... пирамиди, обелисци и слично :)
Позитивно мислење ти немаш за мене, ете гледаш како познавам јас сарказам - но не и ти. Тешко ти оди со тоа, бидејќи НЕ СИ ЗАПОЗНАЕН СО ТЕМАВА!

Битно е да се работи! Реков: рисјанин си? НАУЧИ СИ ГИ РИТУАЛИТЕ И ПРАВИ КАКО ШТО ТЕ УЧИ КНИГАТА! :) Што ќе врескаш наоколу што си, не значи многу.
Што ме заморуваш со води, со пристапи... Требаше порано да ја свртам водата јас, чекав да видам што толку мудро ќе ни покажеш со прашањата, ама ништо!

Не му чинел пристапот, водата, пирамидите не му чинеле, иницијации не му чинеле, луѓе што се иницираат не му чинеле...
Што да направиме, о човеку за тебе? :)

Хаха ок. Видиш немаше сарказам у мојот пост, а ти велиш си го препознал. Интересно.

Остај ги книгите Хепта, тие светите, освен ако не носат други работи кои ќе ти го подобрат животот, барем делот кој е клучен за опстанок у 21 век.

Јас ќе поставев само уште 2 -3 прашања доколку беше навистина последното одговорено како што треба и толку. Додуше беше одговорено точно од соодветниот момент и состојба.

Но, некако, како да препозна, дека и ти треба да одговриш на прашањата.

Ушивај си Хепта со иницијациите и луѓето што го сакаат тоа. Не ми смета тоа, секој со својот ум и по својот пат. Секој чини како му е волја нели?

Нели само си коментираме тука онака.

Кога ќе ми дое некој пост кој ви наликува на она, против кое и самите говорите (религијата) ќе си реплицирам:cool: Може нели?
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.253
Поени од реакции
12.265
Реков јас, нема да се повторувам...
Јас секогаш одговарам на прашања кои мислам дека треба да ги одговорам :)

Рековме зошто сме тука, не е само сега, не сме само ние!
--- надополнето: 15 август 2013 во 01:21 ---
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.253
Поени од реакции
12.265
За догодина се спрема предавање на тема церемонијална магика, иницијација на западниот мистицизам, тарот...

Бидејќи на Балканот споро се шири веста - а и за да направиме ние план што и како да биде - тука може да најдете анкета и информации сите заинтересирани да си гласаат што ги интересира и што би сакале да слушнат на предавањето од страна на Lon Milo DuQuette!
Во текстот ќе пронајдете за кого се наменети овие предавања. Ако не ви чинат - не си го трошете времето.
Ако ве интересираат имате 10 месеци да научите барем теорија, ако не друго!

Повелете, гласајте! Да видиме што ги интересира македонските езотериски кругови (ако постојат такви)! ;)
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
noobmoon повели:

Злото е синоним за неуспех.
Ние немаме ништо со нижиот волшебник, кој се продава себеси како роб на некој “ѓавол”. Тоа е антитеза на магиката. Целта е да се заповедаат духовите. Добро, тогаш да претпоставиме дека почнуваме на еден глуп, себичен и алчен начин т.е. се обидуваме да ги натераме духовите да ни донесат злато. Го призиваме Хисмаел1, Духот на Јупитер. Ништо не се случува. Дознаваме дека со Хисмаел командува неговата соодветна интелегенција Јофиел2. Затоа го повикуваме Јофиел, кој се покорува единствено на наредбите од Сахиел3. Иста е приказната со Сахиел. Одиме до архангелот Цадкиел4. Пак нема фајде, зашто Цадкиел, не му се покорува никому, освен на Ел5. Добро, го повикуваме Ел, Господ. Тогаш мораме да станеме Ел, и откако сме го направиле тоа, откако сме влегле во таа огромна божествена суштина, неможеме повеќе да се грижиме дали имаме пари или не. Сето тоа сме го оставиле зад себе. Така гледаме дека за изведување на некое чудо мора да имаме божествена причина.
Јас честопати барав пари и ги добивав, но само кога парите беа навистина потребни за некое очигледно космичко добро.
Всушност, со каква било работа човек да започне, таа го води до Големото Дело. Тоа е логичен процес и дури ако човек бил намамен кон нелогичноста, па се свртел кон Црна Магија, тие големи сили, чии имиња (можеби поради незнаење) ги призвал, постојат невидливи околу него и го враќаат на патеката со еден удар – и бидете сигурни, ударот воопшто не е нежен.
Елифас Леви ја дефинира Црната Магија како резултат на истерување на волјата на апсурдот. Човек не станува луд кога гледа ѓавол, зашто пред да го повика тој мора веќе да бил луд.
Чудесно е како формулата на Хермес Трисмегистус се провлекува низ се, Магиката е само проширување на микрокосмосот во макрокосмосот. И бидејќи макрокосмосот е поголем, следува дека она што човек го прави со магиката е само усогласување со Бесконечното. “Во себе јас сум ништо: Во Тебе јас сум Се. Живеј во мене! и доведиме до онаа Суштина која е во тебе!” е завршетокот на големата молитва од Розенкројцерите.
Ова, во секој случај објаснува зошто се наоѓаат во неволја оние кои чепкаат во магиката од љубопитство, или кои се обидуваат да им наштетат на магичарите.
Магичарот е израз нa волјата од Универзумот: наметливците создаваат побуна и страдаат. Да се спротиставиш на вистински Магичар е исто така глупо како да си ставил раката на циркуларна пила што е во движење. Но, оној што останал без рака ја обвинува пилата.
Извадок од книгата: “Препород на Магиката” од Алистер Кроули, достапна и на македонски јазик.
  1. Видете ја колоната LXXIX од Liber 777, ред 21
  2. Видете ја колоната LXXVIII од Liber 777, ред 21
  3. Видете ја колоната CLXXVII од Liber 777, ред 21
  4. Видете ја колоната LXXXV од Liber 777, ред 21
  5. Видете ја колоната V од Liber 777, ред 21
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Ова, во секој случај објаснува зошто се наоѓаат во неволја оние кои чепкаат во магиката од љубопитство, или кои се обидуваат да им наштетат на магичарите.
Магичарот е израз нa волјата од Универзумот: наметливците создаваат побуна и страдаат. Да се спротиставиш на вистински Магичар е исто така глупо како да си ставил раката на циркуларна пила што е во движење. Но, оној што останал без рака ја обвинува пилата.
За кои вистински магичари станува збор ако не е тајна?
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
За кои вистински магичари станува збор ако не е тајна?
Оние кои дејствуваат како што е објаснето во текстот. Оние кои се раководат според својата вистинска волја а не според моментални желби, нагони, потреби на својата суета и слично.
 
M

Muranyi

Гостин
Деновиве го читам Ниче и не можам а да не ја забележам врската и влијанието помеѓу неговата филозофија и филозофијата на Телемата и колку само тие се идентични,како на пример потенцирање и воздигнување на индивидуалноста,дистанцирање од стадото и одење на својот пат-пронаоѓање и исполнување на својата волја,критика на Христијанството итн.Не знам колку бил популарен и читан Ниче во Европа во времето на наводната интеракција на Кроули со Ајваз,но мислам дека нема никакви ентитети,виши себства, Ајвази-мајвази,туку Кроули бил од влијание на Ниче.Ма да ова е тешко веројатно,бидејќи мислам дека Ниче отпосле добива на популарност,како филозоф пред своето време,иако сепак ова не се исклучува како опција.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Деновиве го читам Ниче и не можам а да не ја забележам врската и влијанието помеѓу неговата филозофија и филозофијата на Телемата и колку само тие се идентични,како на пример потенцирање и воздигнување на индивидуалноста,дистанцирање од стадото и одење на својот пат-пронаоѓање и исполнување на својата волја,критика на Христијанството итн.Не знам колку бил популарен и читан Ниче во Европа во времето на наводната интеракција на Кроули со Ајваз,но мислам дека нема никакви ентитети,виши себства, Ајвази-мајвази,туку Кроули бил од влијание на Ниче.Ма да ова е тешко веројатно,бидејќи мислам дека Ниче отпосле добива на популарност,како филозоф пред своето време,иако сепак ова не се исклучува како опција.
The politics of Thelema is a mirror. One looks into it to find insight and only finds one’s ideals reflected back. One might say that in approaching Thelema with a democratic spirit, one will see a justification of democracy; in approaching Thelema with an aristocratic spirit, one will see a justification of aristocracy. What does Thelema really say about politics? It is a complex issue with many facets; to understand what Thelema does say, one has to separate away what Thelema doesn’t approve of politically.

Повеќе имаш тука

П.С. Ниче се спомнува во Liber XV (Гностичката Миса).
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Иницијација – Liber Tzaddi

Ви откривам голема мистерија.
Вие стоите помеѓу бездна од висина и бездна од длабочина.
Во која било од нив Ве очекува Сопатник; и тој Сопатник сте вие самите.
Не можете да имате друг Сопатник.
Многумина се воздигнале, бидејќи биле будалести.
Тие кажале
[Спуштете се долу во темниот величествен свет
и бидете венчани со она Слепо Суштество на Слузта.]
Јас кој сум од онаа страна на Мудроста и Лудоста, се воздигнувам и ви велам:
остварете ги и обете венчавки! Соединете се себе си со двете!
Внимавајте, внимавајте ви велам, ако го барате едното и го загубите другото!
Но бидејќи некој природно е привлечен кон Ангелот, друг кон Демонот,
нека првиот ја засили пониската врска, нека вториот се прилепи поцврсто кон повисоката.
Така рамнотежата ќе стане совршена.

Извадок од Liber Tzaddi vel Hamus Hermeticus
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Соопштение во сите активни теми на подфорумот Религија

Доколку забележите мислење кое е надвор од форумската етика на однесување, навреда, оф-топик или слично, користете ја опцијата "Пријави" што се наоѓа во менито на долниот дел од секој пост.
Со тоа си помагате себе, на модераторот.. и пред се, придонесувате во квалитетна дискусија за која сите ние сме овде.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.253
Поени од реакции
12.265
Бидејќи постојано ви велам да ги разгледувате ритуалите и да ги работите, еве еден ритуал + инфо за истиот, колку да не биде без ништо, да не се жалите.
Пред да скокнете кон прашања што се добива со ова, ќе морам да се повторам: изведувајте го ритуалот, не ме мене прашувајте залудно за одговори кои вие најдобро ќе си ги одговорите со работа (ова не е за некој што не се интересира за овие работи, не се заморувајте).

Останете ми со здравје, па се читаме понатаму :)
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.253
Поени од реакции
12.265
Е оваа реченица ми го разубави денот денес... :)

„Кутар Алистер Кембел, ќе мора од мртвите да го крене и Алистер Кроули за да му ги објасни окултизмот и езотеријата што владеат кај нас.“ - Александар Русјаков

А целиот текст го има тука. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom