Не претерви сеа .. пелистер ова она
поентата не беше некого да навредам или да се потсмевам заради то шо одел во биртии, дај молимте!!!
Ама така де, и членот горе напиша дека е биртија.Каква би можела да биде една биртија?Летна бавча има патем кафаната, живеам во близина и знам какво е местото.Не е најидеално, но има неверојатно добар поглед кон Скопје, цените се евтини, сега малку е несредено ама тоа е тоа, тоа ти треба и во една биртија.Не личи местото на свињарник (не е прчвара заградена со трска, пак е солидно средена), да е така, немаше да одам ни јас таму, ама не е ни баш средено, сега да не помислат членовиве дека местото го опишувам како да е којзнае што.Не ја ни бранам кафаната, никој и ништо не ми се тие.
Немој да мислиш само дека и во елитните ресторани (ако можат така да се наречат) дека нема зафрканции како во биртииве, и таму има.Не е сјајно сегде.Имаш евтини цени, за излегување со друштво и приватност местото е добро, таман си е, а и за македонскиот џеб си е супер.