Прво, јасно е дека него ништо нема да го врати назад, но неопходна е правилна истрага, прво од почит кон него, а второ затоа што тоа им е примарна дејност на институциите.
На истата кривина сум поминал повеќе пати, не е проблем да се совлада и со поголема брзина, особено не со нов мерцедес.
Нелогично ми е зошто има една трага само, и зошто завршува на едно 15-20 метра од местото каде е оштетена банкината? Многу пологично би ми било да кочел до последен милиметар од асфалтот, сигурно би ја намалил брзината за уште едно 60 km/h.
На левата страна од оградата има траги од боја, ако тој се закачил во неа, не е можно да се отворат перничињата затоа што потребен е многу посилен бочен удар, а ако имало посилен бочен удар ќе го успорело и немало да прелета толку далеку.
Друга работа е зошто толку време не бил пронајден...
Полициски патроли има ретко, обично се статични чекаат во заседа. Служба задолжена за патиштата не сум слушнал дали постој, ако постој тогаш сигурно седат в канцеларија и чекаат да падни метеор негде за да излезат на терен.
Банкините се на многу места уништени, не се санираат редовно, сигнализација за ноќе (мачкини очи, стрелки во кривини) особено на делницата Градско-Скопје има ретко.
Oдговорност мора да понесат и тие што се одговорни за патиштата, фала богу дека после секоја сообраќајка нема да се менуваат директори, но состојбата е лоша. Разбирам дека неможи да добиеме нови автопатишта преку ноќ, но сигнализација и редовно покривање на дупките се најмалце што можат да направат.