...сега слушам на ТВ го цитирам човеков ,,... не може преку ноќ да се справиме со загадувањето, никој нема волшебно копче да го притисне и да прекине загадувањето ... ,, дигнав глава да видам кој тоа го рече и ете ти го градоначалникот Шилегов како гордо рецитира за истата магла и загадување која беше и лани, ама тогаш се удираше во гради дека ако стане градоначалник
веднаш ќе го расчисти смогот со хитни мерки!
...леле, колку ми е смешен човеков како сам се побива за толку кратко време, невидени феномени од карактери имаме во државава!
не мора да имаме некое долго памтење, како вчера да беше драг нов градоначалник Шилегов -
ПРЕД клик!
за да кога одвај седна на фотељата како градоначалник Шилегов признава
дека поминаа само 40 дена од доаѓање како градоначалник и навистина немал време
, арно ама до крај на годинава сигурно ќе направи некои мерки, не е ова реалити шоу самиот кажа
-
клик!
за да денес се изнесе фамозната идеја против загадувањето да не се палат Коледарски Огнови вечерва од градските власти на Скопје! -
клик!
апел до сите, посебно до тие што празнуваат
помогнете против загадувањето , вечерва ако видите некаде Коледарски Оган слободно јавите се на телефонската линија
193 и пријавете го загадувачот со неговиот пожар !