Загадувањето не сопира, секоја година нови 4.500 заболени од рак!

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.148
Поени од реакции
3.384
горење на губрето на отворено беше до скоро вообичаено, а може и сега е во селски средини ...
Сите освен Дрисла го горат на отворено, кажуваа дека ќе ни направат регионална, па ќе видиме кога ќе биде.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.923
Поени од реакции
83.171
Во 2011 дадени се под концесија 20 депонии на странски фирми! И оттогаш почнува оваа голгота. Се знае кој ги држи отпадите по Европа! Згора на тоа, променет е Царинскиот законик, па сега е дозволен увоз на отпад!
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.118
Поени од реакции
16.257

кога е променет Царинскиот законик ?? јас знам дека Цементара согорува сецкана грчка гума уште од 2003/2004, ако не и порано...
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
кога е променет Царинскиот законик ?? јас знам дека Цементара согорува сецкана грчка гума уште од 2003/2004, ако не и порано...
Абе пиши си „во времето на сдс“ - мислиш луѓево се замараат со твојава наивна игра со зборови.
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.338
Како за една недела резултатите се сменија не ми е јасно. Тетово и Скопје последниве дена покажува под 100 пм10 честчки, а градови како Битола, Кавадарци и Кичево се кренаа на 500. Како да не покажуват веќе мерниве единици во Скопје и Тетово точни резултати, барем од тоа што можам од надвор да го видам уште е загадено како што си беше.
 
Последниот Мохиканец

Командат -ај лав ју
Член од
3 февруари 2007
Мислења
294
Поени од реакции
61
Како за една недела резултатите се сменија не ми е јасно. Тетово и Скопје последниве дена покажува под 100 пм10 честчки, а градови како Битола, Кавадарци и Кичево се кренаа на 500. Како да не покажуват веќе мерниве единици во Скопје и Тетово точни резултати, барем од тоа што можам од надвор да го видам уште е загадено како што си беше.
Тоа е показател дека за властите најбитен град е Скопје а другите градови се небитни, па така си играат весела математика по мерните станици(она де скрати таму додај ваму):)
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Како за една недела резултатите се сменија не ми е јасно. Тетово и Скопје последниве дена покажува под 100 пм10 честчки, а градови како Битола, Кавадарци и Кичево се кренаа на 500. Како да не покажуват веќе мерниве единици во Скопје и Тетово точни резултати, барем од тоа што можам од надвор да го видам уште е загадено како што си беше.
Па малку се разведри у Скопје, дувна некој ветер.
Само останува генерално прашање дали воопшто податоците што се објавуваат се точни било кога (не за денеска).
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.923
Поени од реакции
83.171
Рекордното аерозагадување во Скопје стана главна тема и по странските медиуми, па така РТВ Словенија направи прилог, кој се емитуваше синоќа во централниот дневник.

· Загадувањето на воздухот во Македонија достигна рекорд во минатите
неколку дена;

· Содржината на PM 10 честичките во воздухот достигна вредности над 20
пати поголеми од дозволената;

· Државата е 5-та во Европа по смртност заради загадениот воздух;

· Граѓаните ги греат домовите на тврди горива. Струјата е премногу скапа,
плин (гасовод) во Скопје нема;

· Типичниот есенски ден во Скопје значи опасност по здравјето за сите што
се на отворено;

· Скопје, Битола, Тетово,… се работи за проблем на целата држава;

· Наместо превентивни мерки, надлежните само го информираат населението
дека воздухот е толку опасен…да мораат децата, трудниците и постарите да
останат во затворени простории, посебно наутро и навечер;

· Тие што се свесни за проблемот, кога е можно, одат на места со почист
воздух или над Скопје…и се надеваат дека за некој ден ќе ги спаси ветерот;

· За проблемот предупредуваат со протести и преку социјалните мрежи. Горди
се на апликацијата со која државјаните можат да видат колку опасен воздух
вдишуваат;

· А да биде возухот почист … до сега не е превземено ништо.[DOUBLEPOST=1482594882][/DOUBLEPOST]у сред бел ден

Последно уредено:
Член од
12 март 2009
Мислења
20.118
Поени од реакции
16.257

Депонијата на ОХИС е создадена од средината на седумдесеттите години, кога употребата на линданот била забранета. Дотогашното производство од 13.000 тони е оставено на отворено, без претходна подготовка на подлогата. Оставено е на земја. Неколку години подоцна, поради неподносливата миризба на пестицидот, депониите се покриени со околу 20.000 тони земја. Па сега таму опстојува над 30.000 тони опасен отпад! Загадени се подземните води, истовремено ветерот ја разнесува прашината во воздухот. Линданот се сврзува и со честичките ПМ10, а се разнесува и насекаде по почвите. Вака е со години.( не со години, со ДЕЦЕНИИ)
„Овие супстанции се група на органски хемиски соединенија, кои се екстремно токсични и многу тешко се разградуваат во природата. Опстојуваат со децении кога се испуштени во животната средина. Преминуваат во подземните води, индиректно во храната преку почвата, а може да бидат и присутни во воздухот и да ги вдишуваме. Имаат многу штетно влијание врз здравјето на луѓето, но и врз животните и живиот свет воопшто“, објаснува Стафилов.
последниот менџер на ОХИС е прогласен од Бранко за менаџер на годината, за време на прославата кај Свето Пивара во 2004 а по повод на станување на Бранко на председател на РМ
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.746
Поени од реакции
12.202
Од Дрисла велат
http://sdk.mk/index.php/makedonija/od-drisla-se-pravdaat-deka-za-da-napravat-fabriki-za-otpad-treba-mnogu-dokumenti/
На депонијата Дрисла во тек е изградба на печка за уништување отпад и континуирано се работи на дозволи за некои фабрики, а некои веќе се градат и за некој месец ќе бидат пуштени во употреба. Вака реагираа од Дрисла на текстот објавен на САКАМДАКАЖАМ.МК под наслов „Италијанците ветија струја од ѓубре во Дрисла, а 4 години не инвестирале ништо“.

Во текстот стои дека ѓубрето се третира безмалку на ист начин како и пред депонијата да добие концесионер, а модернизацијата на начинот на уништување и преработувањето на отпадот останаа само на ниво на ветувања. Директорот Горан Ангелов, одговарајќи на обвинувањата дека на Дрисла работат шест нови печки кои се причина за загадувањето во Скопје, рече дека на депонијата работи само една печка, добиена како подарок од Кралството Велика Британија во 2000 година.

А последните денови по социјалните мрежи и долниот и на еМагазин пишува за нешто кое во сите последни извештаи за загаденоста, беше преќутено
Во близина на Скопје опасен отпад се согорува за 45 денари по килограм
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.118
Поени од реакции
16.257
тоа е најнормално, па ако не во Дризла каде ќе го согоруваме опасниот отпад ?? Како во Тетово во центарот на градот ?
А друго е дали се контролира увоз на отпад, а и увоз на сецкана гума која се гори во УСЈЕ
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.746
Поени од реакции
12.202
Да, многу е нормално така да загадува воздух, вода, почва.... Ептен
 
Член од
29 септември 2016
Мислења
464
Поени од реакции
285
тоа е најнормално
македонија е допонија за европа и америка
 
Член од
26 јули 2014
Мислења
95
Поени од реакции
103
Викаш Цементара гори гуми последниве 10 години. И за тоа е Бранко крив?

Пошто живееш у Ново Лисиче знаеш за вдлабнувањето во асфалтот на семафорот меѓу бул. Јане Сандански и бул. В.С. Бато.
Не знам што очекуваме Коце да реши комплексен проблем како што е загадувањето кога не може да асфалтира една улица како што треба веќе 2 години.

Депонијата на ОХИС е создадена од средината на седумдесеттите години, кога употребата на линданот била забранета. Дотогашното производство од 13.000 тони е оставено на отворено, без претходна подготовка на подлогата. Оставено е на земја. Неколку години подоцна, поради неподносливата миризба на пестицидот, депониите се покриени со околу 20.000 тони земја. Па сега таму опстојува над 30.000 тони опасен отпад! Загадени се подземните води, истовремено ветерот ја разнесува прашината во воздухот. Линданот се сврзува и со честичките ПМ10, а се разнесува и насекаде по почвите. Вака е со години.( не со години, со ДЕЦЕНИИ)
„Овие супстанции се група на органски хемиски соединенија, кои се екстремно токсични и многу тешко се разградуваат во природата. Опстојуваат со децении кога се испуштени во животната средина. Преминуваат во подземните води, индиректно во храната преку почвата, а може да бидат и присутни во воздухот и да ги вдишуваме. Имаат многу штетно влијание врз здравјето на луѓето, но и врз животните и живиот свет воопшто“, објаснува Стафилов.
последниот менџер на ОХИС е прогласен од Бранко за менаџер на годината, за време на прославата кај Свето Пивара во 2004 а по повод на станување на Бранко на председател на РМ
 
Kajgana Shop

На врв Bottom