Загадувањето не сопира, секоја година нови 4.500 заболени од рак!

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.345
Поени од реакции
29.810
Смрди корне дефинитивно... Мерењето за во Карпош веројатно е точно - за таму каде што е сензорот. Таму кај тебе/мене/итн е различна ситуацијата, пошто има комшии метеопати (и психопати) кои им заладува дома и немаат два грама памет да пуштат клима или шоидае, па палат ќумбиња уште од сега. И плус и зимници се прават наголемо, на скапани ќумбиња.

Инаку вчера бев на Водно, сончев убав ден - ама горе далеку од градот. И убаво се гледа смогот таму од горе, скоро па како да е почната грејната сезона (на смрдење).




Мене ме интересираат и намерите и резултатите. Тие се во меѓусебен причинско-последичен однос. Така целта е јасна, дестимулативна, кон редуцирање на ќесите во природата.
...
Дивите депонии може да се расчистат. Онаму каде што имаме викендичка имаше 3 диви депонии, а селото има 100 жители. Направивме петиција, сите беа исчистени и беа поставени контејнери. Дури и тоа е поевтина варијанта за општината, наместо да се соочува со пожари поради палење на депониите или да ги чисти 2-3 пати во годината.
...Треба и казни, драконски, кога веќе некаде не може да проработи свеста.
...
Сега, ако нема контејнери и организирано собирање на отпадот од страна на локалната самоуправа, каде ќе го фрлаат отпадот? Со таков проблем се соочуваат руралните средини, посебно селата. :)
Не се разбираме. Спомнатите села (Лака/Грчец/Сарај/итн) имаат контејнери и организирано собирање на отпадот од ЈП Комуналец. Ама не плаќаат комуналии, и пошто ѓубрето не им го собираат беспари, го фрлаат (пази, организирано со багери) право во Вардар. Цел град гледа купишта ѓубре како плови по Вардар и никој за ништо не одговара, ништо не се менува. Едно време почнаа и бесплатно да им го собираат ѓубрето, со мои и твои, наши пари. Не се смени многу ни со тоа.

Туку дигресирам. Проблемот нема да го решат со еднократни и еднодимензионални мерки како 15 пати зголемена цена на кесите. Проблемот треба да го решат систематски со целосно решение. Такво решение не нудат, нудат само евтин популизам демек нешто екологија ги занима. Стандардна предизборна реторика... Треба да си малку глуп за да им веруваш, пошто ако во предизборна година цело лето навечер Карпош 4 смрдеше на запалена пластика од погончињата/фирмите кај Момин Поток (и Циганите што палат гуми и акумулатори), тогаш што тек ќе се дешава после избори?

Реторичко е прашањето. :)



Оние кои ги купуваме за смет се околу 70 ден, доста се квалитетни и ни траат најмалку месец-дена. Така да, нема да има значителен трошок на тоа поле, дури и ќе заштедиме нешто (иако ништо позначително) затоа што ќе си носеме торба за купување. :)
На ова не се сетив, со вишокот кеси од пазарење не се сеќавам кога последен пат сум купил кеси за ѓубре... Само да се обложиме дека и тие ќе скокнат со цена? ;)



Да. Јас сум за 150 денари да ги направат, или целосно да ги забранат. Таква сум, сори :)
И јас сум за забранување, ама во рамки на некое целосно решение. Вака само за себе нема многу да се смени, загадување и ѓубре пак ќе има на сите страни.

А проблемот со депониите воопшто нема допирна точка со ќесите. Тоа што некој не си ја брка работата ко што треба, нема врска со ќесата пластична. Јас ја коментирам конкретнава мерка (депониите во некоја друга прилика, немам време сега). Дежурни мрчатори увек ќе има. Мерката ми се допаѓа и е за поздравување.
Нема врска со кесите, тоа и го потенцирам. Цената на кесите нема да го решо проблемот со загадувањето, ерго што ќе реши оваа „мерка“ сама по себе?
Предвидувам дека најголемиот дел од „граѓаните“ ќе фрлаат ѓубре директно во контејнери/канти кои после ова ќе смрдат ужасно. И камионите/камиончињата за ѓубре ќе цедат џус од смрдеа насекаде.

Ова правилно би требало да е реши во комплетно решение, на пример со едукација и селекција на ѓубрето, и пакување на истото во специјални кеси субвенционирани (делумно барем) од државата. Се разбира и со казни за непочитување на селекцијата. Има многу држави каде вака е решен проблемот, не мора ништо од нула да се измислува, постојат готови решенија... Ама 15 пати зголемена цена на кесите сама по себе не е никакво решение.


Бре бре, зошто се критикувало. Народот на работ на сиромаштијата со дополнителни трошоци. А на оние мегаломански индустриски загадувачи ич не им чуе.
Мислиш на најголемите предизборни спонзори на двете најголеми партии?
Не бе, тие не загадуваат.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.135
Поени од реакции
10.488
@Vanlok абе во право сте дека нема да го реши само по себе проблемот, не ни ви го спорам тоа. Меѓутоа мерката ко мерка воопшто не е лоша. Не знам зошто не ме сфаќате што сакам да кажам.

Инаку, ние ко народ во неколку наврати имаме покажано дека треба да се почне со бебешки чекори, ама во буквална смисла на зборот. Значи со лекции за предшколска возраст, се што се однесува на екологија од типот што е корпа за отпадоци и каква е нејзината намена, значењето на дрвата, рециклажа, па се до бонтон, миење раце и одржување лична хигиена....and so on.
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.346
Поени од реакции
4.984
Море ебанковци. Одозгора е труло.

В улица кај мене дојдоа од Комуналец:
"Дечко ви сте одбрана улица за еден пилот проект кој го правиме, повелете 3 бесплатни канти од нас во кои ќе класифицирате хартија, био отпад и пластика"

Оооооукеј. ВЛЕГОВМЕ ВО ЕВРОПА!
asd.jpg
Кантите стасаа, ја радосен цела недела класифицирам отпад, им мавам на децата воспитни, ги учам на Европска култура.

Иде Петок сабајле ѓубралката и ги гледам низ прозор благодетите од ЕУ фондовите:
Зема една канта, ја истура, другата на исто место, третата ИСТО. Пушта внатре да гмечи да ги меле: корите од лубеницата, шишињата од кока кола и тетратките од четврто оделение во една убава хомогена маса

Скокнав така по пижами излегов да се расправам
Што прајте бе!!! Зошто све туривте на едно место.
Тоа ѓупако ме гледа коцкасто. "Ато марааа шо сакаш?" Ато ја што се распраам цела недела што класифицирам ова овде ова онде. Кај ви е ѓубралката со различни комори:? Нели ова ќе иде на рециклажа?
Рециклажа?! Ахахахахаха - се прсна од смеење.
Иде после да се искипа во долон кај (карикирам )Прибилци. 3 месеци тураме таму додека не скокнале селаните на штрајк.

Е тоа ти е Македонија.

Сега едната канта ми е в село и двете дома и се фрла све внатре од умрени мачиња, батерии, плински боци, електро плочи до тегли мајонез и скапани ГМО патлижани. Да биде тоа се колоритно и убаво.

Јер Еби Се Македонијо
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
И во Бутел така беше. Донесоа најлони за рециклажа и џабе двоевме. Ги буткаа во ист камион (кој по ЕУ стандарди течеше од сите страни) и дигнавме раце.
Да се потсетиме и на законот што санкционираше плукање и пикавци. Дали функционира? Тешко. А @bijons спомна што е точно, пикавците се големо ѓубре

Cigarette butts are actually the most abundant form of plastic waste in the world, with about 4.5 trillion individual butts polluting our global environment. ... They are made of cellulose acetate, a man-made plastic material, and contain hundreds of toxic chemicals.
Автоматски споено мислење:

Еве градација на загаденост по видови при чистење на обали. Пластичните ќеси се дури на 5то место

image2.png
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.345
Поени од реакции
29.810
Тоа ѓупако ме гледа коцкасто...
Нели ова ќе иде на рециклажа?
Рециклажа?! Ахахахахаха - се прсна од смеење.
Иде после да се искипа во долон кај (карикирам )Прибилци. 3 месеци тураме таму додека не скокнале селаните на штрајк.
Тоа е реалноста... И после 15 денари за кесе ќе го решеле проблемот.

...мерката ко мерка воопшто не е лоша. Не знам зошто не ме сфаќате што сакам да кажам.

Инаку, ние ко народ во неколку наврати имаме покажано дека треба да се почне со бебешки чекори, ама во буквална смисла на зборот. Значи со лекции за предшколска возраст, се што се однесува на екологија од типот што е корпа за отпадоци и каква е нејзината намена, значењето на дрвата, рециклажа, па се до бонтон, миење раце и одржување лична хигиена...
Млада госпоѓице, овде не помагаат лекции и класична едукација (посебно не лекции за бонтон и хигиена). Овде требаат закони, и тоа во комбинација со 100% спроведување на истите. Овде требаат казни за сите прекршувања на тие закони. Треба сѐ тоа што го немаме овде, овде каде ништо не функционира нормално... ОК што почнале макар и само да се фолираат дека екологија им е на агенда, ама сепак сметај ме неимпресиониран кога неколку недели пред избори Миле ќе се сети да решaва еколошка катастрофа со покачување 15х пати на цена на кеси за намирници.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Многу ми смрди воздухот деновиве. Страшно. Отворам утрово прозор, корне.
Не ми се веруе дека загаденоста е 30-40 колку што кажуваше апликацијата за Карпош 4.
Варат луѓето слатко и пржат пинџур. Залихи за студената зима (која и оваа година ќе биде од +5 степени па нагоре)
 
Член од
23 мај 2013
Мислења
2.237
Поени од реакции
5.252
Варат луѓето слатко и пржат пинџур. Залихи за студената зима (која и оваа година ќе биде од +5 степени па нагоре)
Не речи два пати...јаки зими во МК има на секој 5 години, така беше 2016/2017 и зимата 2011/2012
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Не речи два пати...јаки зими во МК има на секој 5 години, така беше 2016/2017 и зимата 2011/2012
Да, 2016/17 ја памтам убаво, последата студена зима и последниот голем снег кој во град се задржа добри 10 дена, после тоа наредните години беа срање со ноќни/утрински температури кои и не паѓаа под нулата.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.617
Поени од реакции
18.088
Да, 2016/17 ја памтам убаво, последата студена зима и последниот голем снег кој во град се задржа добри 10 дена, после тоа наредните години беа срање со ноќни/утрински температури кои и не паѓаа под нулата.
2016/2017 во Скопје барем температурата може два месеца едвај се качуваше до 0 преку ден. Тоа беше може најстудениот Божиќ у мој живот, надвор беше -22 сабајле во 7 саат и мојава кола не можеше ниту да завергла, за палење да не праиме муабет.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
100тина диви депонии ќе се исчистат и дислоцираат. Чисто се сомневам дека на долг рок ќе видиме некаков позитивен ефект затоа што одредени навики не умираат така брзо. Ако нема организирано собирање на сметот, повторно и повторно ќе се чистат. Тоа е единствената солуција за решавање на проблемот со дивите депонии.

Останатите мора да се дадат под концесија.
 

LastPage

Peter Crouch legs
Член од
3 ноември 2021
Мислења
71
Поени од реакции
141
sega pak 4 meseci ugushuvanje i siv vazduh .... od Noemvri do Fevruar... ebate metropolata kade mozes da dobies rak hhhhhhh
 

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.195
Поени од реакции
21.347

Kajgana Shop

На врв Bottom