Загадувањето не сопира, секоја година нови 4.500 заболени од рак!

Член од
14 август 2006
Мислења
45.556
Поени од реакции
85.164
СДСМ: Граѓаните дишат отров наместо чист воздух
Објавеново 11:19 08 декември 2015| Прочитано208|
Печати


Со денови граѓаните на Македонија дишат отров наместо чист воздух, тврди СДСМ повикувајќи се на податоците од мерењата објавени на мерните места во земјава.

„Мерните станици континуирано, со денови покажуваат огромна загаденост на воздухот во Македонија, како во вечерните така и во утринските часови.

Според официјалните податоци од мерните станици загадувањето на воздухот во Скопје изнесува речиси 8 пати над дозволеното.

Во Кичево и Тетово канцерогените ПМ10 честички се 7, односно за 8 пати над дозволената концетрација, додека во Битола речиси 6 пати над границата.

Последиците од загадениот воздух по здравјето на граѓаните се сериозно опасни.

Според Светка банка Македонија е на прво место на листата по изложеност на граѓаните на загаден воздух со опасни, канцерогени цврсти честички. Тоа е најголема причина за повеќе од 1.350 смртни случаи годишно во земјава, поради разни болести на дишните патишта и рак.

Загадувањето е последица на погрешните политики на Никола Груевски којшто мислеше само на провизиите од тендерите, парцелите на Водно, мерцедесот од 600 илјади евра и богатењето на фамилијата.

Груевски потроши 630 милиони евра за споменици, 1 милион евра за ЛЕД телевизори а граѓаните во Македонија се гушат во нечист воздух“, стои во соопштението на СДСМ.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Опа Берик веќе не се крие. Почна директно соопштенија од штаб да постира. Браво за храброста. Се согласувам дека СДСМ знаат најдобро како да се заштити воздухот особено господинот Зоран Заев.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.556
Поени од реакции
85.164
Опа Берик веќе не се крие. Почна директно соопштенија од штаб да постира. Браво за храброста. Се согласувам дека СДСМ знаат најдобро како да се заштити воздухот особено господинот Зоран Заев.
Ме боли кур чие соопштение е. Ако имаат право вреди да им се даде внимание.
А имаат право за ова.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.556
Поени од реакции
85.164
Скопјани, денеска не излегувајте од дома, загадувањето со ПМ10 честичките е трипати поголемо

Синоќа во Скопје најзагадена општина беше Карпош. Таму на полноќ концентрацијата на ПМ10 честичките во воздухот беше и 8 пати повеќе од максимално дозволената граница од 50 милиграми на метар кубен.
Нешто помали беа концентрациите во Центар, Гази Баба, Лисиче... Утрово во Скопје концентрациите се три пати над дозвленото.

Деновиве амбулантите во Скопје се преполни, училиштата сѐ попразни. Лекарите велат дека овие типови кашлици кај децата, кои последниве години се сѐ помасовни, се предизвикани главно од загадувањето.

Присуството на ПМ10 честичките во воздухот во толкави концентрации е опасно за здравјето и може да доведе до рак. Уште поопасни се ПМ2,5 честичките, чија концентрација во Карпош синоќа беше 14 пати над дозволеното.

Вистина е тоа дека, како што се фалеа, токму оваа влада го овозможи ваквото секојдневно, од час во час следење на концентрациите на ПМ-честичките и на другите фактори што го загадуваат воздухот, но време е да слушнеме и за некои посериозни мерки против ваквото енормно загадување. Кога веќе ги имаме овие податоци.

Неее, време е за телевизори од 900.000 евра, згради меѓу зградите и споменици меѓу спомениците и конечна пресметка со преостанатите две дрва во Скопје, кои се засадени од комунистите и треба да се исечат (преку ноќ секако).
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.556
Поени од реакции
85.164
http://supermodulor.mk/отворена-кулата-што-чисти-смог-на-daan-roosegaarde-в/

Глупавиве политичари наместо да прават тркала и останати глупости,нека земат вакво нешто.
Naah, споменици од стиропор и слични глупости се полесни за лапање пари од народот.


Инаку по ноќешните рекорди (Карпош шампион со само 14 пути над дозволеното, само 450 микрограми на кубен метар), го секнаа тоа сајтот што покажува загаденост. Моментално не работи.

Е ова е вистинска мерка против загадувањето. Браво за власта! Ај сеа некој нека каже колку е загадено.
 
Последно уредено:

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Naah, споменици од стиропор и слични глупости се полесни за лапање пари од народот.


Инаку по ноќешните рекорди (Карпош шампион со само 14 пути над дозволеното, само 450 микрограми на кубен метар), го секнаа тоа сајтот што покажува загаденост. Моментално не работи.

Е ова е вистинска мерка против загадувањето. Браво за власта! Ај сеа некој нека каже колку е загадено.
Според ios апликацијата Издиши во Карпош во моментов загадувањето со PM 2.5 e 234 микрограми на метар кубен (9.4 пати над граница), а со PM 10 е 181 микрограми на метар кубен што е аматерски 3.6 пати повисоко од границата. Синоќа во Карпош не ја гледав зградата спроти мене што е на пеесетина метри, изгледаше како зона сумрака, а прозор не се осмелив да отворам.
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.752
Поени од реакции
7.270
И тоа е од печките на дрва? Порано ќумур се користеше па не беше вака
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.556
Поени од реакции
85.164
И тоа е од печките на дрва? Порано ќумур се користеше па не беше вака
Денес не е само ќумурот, туку бројот на оџаци (куќи, луѓе) е поголем на иста површина, возила увезени стари, плус нешто индустрија, плус Водно не беше скоро до Средно Водно населено, а згора на сето ова дрвата во Скопје се вид на изумирање, ги сечеа у сред лето на полноќ, да не се дига галама. Многу помалку дрва од порано, многу повеќе луѓе (оџаци) и коли. Новите згради, еден куп, споменици и други светли примери на ќарот кој градежната мафија го остварува во соработка со (прво) СДСМ и (сега) ВМРО ДПМНЕ, што не влијае баш благопријатно на струењето на воздухот, што види мајката, е клучно за овие работи.
Плус тие кои горат, порано не гореа за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал.

Народот е социо-економски угнетен, веќе две децении. Ерозијата на моралот, духот и етиката е единствен логичен редослед на работите. Плус, таквата ментална и духовна состојба е предуслов за полесна манипулација од политичарите.

Не можат за леб да најдат, па сеа очекуваш да пазат што согоруваат.


Има многу разлики од денес до порано.
(патем, сајтот за воздухот работи пак)
 
Последно уредено:
Т

Триптико

Гостин
И што к*р што мерат загаденост? Тоа му доаѓа како да си осуден на смртна казна, а до тебе седи некој и ти одбројува. Има (полу) решение, ама ај натерај ги господата и фуфиците да го направат тоа. Очи ќе ти извадат!
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.556
Поени од реакции
85.164
И што к*р што мерат загаденост? Тоа му доаѓа како да си осуден на смртна казна, а до тебе седи некој и ти одбројува. Има (полу) решение, ама ај натерај ги господата и фуфиците да го направат тоа. Очи ќе ти извадат!
Во врска со сајтот, не знам дали само тоа е изворот на информациите за загадување. Пошто овој сајт е државен, а ние добро знаеме како функционираат работите таму... Они не се либат да отвораат гласачки вреќи и еден тон други ствари, па сеа за местење податоци за загадување.
Не знам колку е релевантен, али чим се податоците вака високи, се плашат да лупнат лажни, пошто скроз може некој друг паралелно да мери. На пример америчка амбасада (у Кина посебно си мерат)
 
Т

Триптико

Гостин
@Beric Dondarrion не се податоците проблем како такви (иако синоќа Велес беше под 50, Карпош 311, а замисли Центар "само" 181!?! Карпош и Центар се на растојание како Шпанија и Италија). Што со тие податоци понатаму? Каде се "решенијата" на проблемот? Или избори се чекаат?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.904
Поени од реакции
12.456
Овие итни мерки ДОМ што ги предлага, најголем дел се неприменливи, како да живеат во бајка.
Аерозагадување, ДОМ: Да се прогласи вонредна состојба!
Партијата на зелените, ДОМ, побара од Владата да донесе итни мерки за прогласување на вонредна состојба со загадувањето на воздухот.
Како мерки против загадувањето, од ДОМ со барање да се стопираат градежните активности, да се отстранат од сообраќај сите возила под Евро 4 стандард, да се мијат сите улици со вода, да се зголеми бројот на автобуси, како и Владата да даде буџетска поддршка за набавка на течен гас, печки со целосно согорување, сончеви панели за топла вода и изолација на домовите.
Според ДОМ, за овие мерки, Владата треба да одвои мал буџет.


Прво, ако се отстранат сите возила под ЕУРО 4, ќе треба најмалку уште 2-3 тури автобуси да се увезат од Кина и Украина затоа што најголемиот дел се возила под тој стандард, а и досега гледаме дека постојниот број автобуси се недоволни за нормален транспорт. Приватните бизниси исто имаат стари возила и камиони, а и приватните автобуси добар дел се под тој стандард. Друго, буџетска поддршка за греењето е малку многу задоцнета. Прво, буџетска поддршка е потребна за плин, централно и евентуално поефтино и достапно дрво за огрев. Понатаму, таа се прави преку година и долгорочно, а не во зима кога ќе дојде јајцето на... Досега таква поддршка не видовме, освен поддршка за бесплатно менување (непотребно па и незаконски) фасади во центар. И колкава би била таа поддршка и како би се исплаќала ако за основна изолација, без дополнителни давачки за нова печка и исправен оџак, цените се и по неколку илјади евра и тоа без порозрци и врати.
На страна проблемот со изградбата, кој ќе ги руши сите тие згради кои го сопираат протокот на воздух. Кога зборевме за изградба на државните институции и други објекти со засилена сообраќајна фреквенција на периферија, ружа на ветрови и паркови, на некои тоа им беше смешно.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom