Загадувањето не сопира, секоја година нови 4.500 заболени од рак!

Gandradelic

Banderash
Член од
31 март 2014
Мислења
1.297
Поени од реакции
782
Јако нема што. Ние ќе имаме наскоро апокалипса од белодробни болести, но тоа владините мегафони не ги спречува да се праат на удрени. Свака част. За пари или обеќање у твојот случај станува збор?[DOUBLEPOST=1449669748][/DOUBLEPOST]
Нема никаква врска тука дали ја мразам власта или не, тука станува збор за илузија кај тебе дека живееш у Луксенбург или Исланд, кај што граѓаните даваат корисни предлози, а некој замисли си, ги слуша.
Ионака живееме во илузии зашто да не би живеел у таква илузија?
Се отвори проектот , може ќе бидне нешто.
Подобро да се проба нешто одколку да се седи со вкрстени раце.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Бериц Дондаррион, ти ако не знаеш да разговараш, воопшто не учествувај. Ако знаеш само фраерски да нафрлаш, така може и другите према тебе, но тогаш тоа е „оговарање“ и под ниво. Уште кога ќе се додадат уличарските изрази.. се комплетира сликата.
Да, се изградија некои згради (без разлика дали е мафија или не) и некои дрва се исекоа, но ако се мисли дека е тоа причината што има големо загадување.. не се сложувам.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.772
Поени од реакции
82.788
Точно е тоа дека е подобро да се проба нешто отколку ништо. А кога е веќе така, зарем е добро да се проба било што? На пример, еве јас го сфаќам значењето на проблемот со светски највисока стапка на аеро загаденост во Скопје, и за таа цел ќе ископам една дупка од дваесет метри длабочина и ќе ја наполнам со памук. И добро сум направил?
 

Gandradelic

Banderash
Член од
31 март 2014
Мислења
1.297
Поени од реакции
782
Точно е тоа дека е подобро да се проба нешто отколку ништо. А кога е веќе така, зарем е добро да се проба било што? На пример, еве јас го сфаќам значењето на проблемот со светски највисока стапка на аеро загаденост во Скопје, и за таа цел ќе ископам една дупка од дваесет метри длабочина и ќе ја наполнам со памук. И добро сум направил?
Не знам каква улога би имала дупката од дваес метри длабочина и памук.
Пробај види , можеби добро ќе испадне ?
Јас ако знам некој начин за да го прочистам воздухот ќе го направам тоа.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.772
Поени од реакции
82.788
Да, се изградија некои згради (без разлика дали е мафија или не) и некои дрва се исекоа, но ако се мисли дека е тоа причината што има големо загадување.. не се сложувам.
Се изградија некои згради....
Се исекоа некои дрва...
Намерната игнорантност и игнорантната надменост, со која така лесно пристапуваш кон соговорниците, застапувајќи го она кое никој со здрав разум не би го застапувал, делува особено навредливо прво кон интелектот на тие на кои им се обраќаш, а второ покажува невидена рамнодушност кон судбината на својот сопствен народ. Тоа што употребуваш учтиви фрази, никако не го намалува одвратниот ефект на суштината на твоите излагања.
Така да, поштеди ме од формалистичките приговори.
Гомнарот со гомнарски цефки... така викаат.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
ОК де, наброј. Ако тука спаѓаат дрва на бул. Илинден, не си во право. Нафрлани паушали немаат тежина. Некои луѓе спомнуваат дрва кои се исекле за да се прошират булевари, колку да се каже нешто, без да се каже за добивката со проширување на улици (проточност).
ПС: Те советувам да посетиш психијатар, сериозно, без навреда.
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
ОК де, наброј. Ако тука спаѓаат дрва на бул. Илинден, не си во право. Нафрлани паушали немаат тежина. Некои луѓе спомнуваат дрва кои се исекле за да се прошират булевари, колку да се каже нешто, без да се каже за добивката со проширување на улици (проточност).
ПС: Те советувам да посетиш психијатар, сериозно, без навреда.
Илинденска, Климент Охридски, пола од парк шумата на Водно (веќе „некои“ згради се стигнати речиси до средно водно), потоа кинескиот ѕид на кејот на Вардар, еден куп неплански изградени згради на потегот Капиштец - Партизанска кои го смалуваат и онака затнатиот проток на воздух...
ПС: Консултација кај приватен офталмолог е околу 1000 денари, државно е помалку. Без навреда, сериозно.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.772
Поени од реакции
82.788
Илинденска, Климент Охридски, пола од парк шумата на Водно (веќе „некои“ згради се стигнати речиси до средно водно), потоа кинескиот ѕид на кејот на Вардар, еден куп неплански изградени згради на потегот Капиштец - Партизанска кои го смалуваат и онака затнатиот проток на воздух...
ПС: Консултација кај приватен офталмолог е околу 1000 денари, државно е помалку. Без навреда, сериозно.
Парк, делот после луна парк, неверојатно колку дрва се исечени.
Е за таа флагрантна намерна игнорантност зборев у прошлиот пост.
Верувај дека е сосема бесполезно трошење на време влегувањето во нормален дијалог со вакви.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
ОК де, наброј. Ако тука спаѓаат дрва на бул. Илинден, не си во право. Нафрлани паушали немаат тежина. Некои луѓе спомнуваат дрва кои се исекле за да се прошират булевари, колку да се каже нешто, без да се каже за добивката со проширување на улици (проточност).
ПС: Те советувам да посетиш психијатар, сериозно, без навреда.
Ако бараш патетика си го нашол соговорникот. Ликовите не знаат да објаснат кој е ефектот од исчени 20 дрва на булевар на кој е добиена 5 пати поголема проточност на возила (помало задржување и емисија на гасови). Исто не знаат колку CO2 абсорбира едно дрво на годишно ниво и колку во просек еден човек создава CO2 на годишно ниво. Се разбира не се спомнуваат ни стотици засадени дрвца и нивниот ефект. Се игнорира фактот дека дрвата имаат животен век и голем дел од тие дрва за кои дрвољупците пекаат се исечени заради старост (на пример тополите во парк). Да не почнуваме со небулозните тврдења дека и порано се грееле на дрва па немало ваква загаденост. Или пак за бројот на возила во градов и тн. Едноставно нема простор за реална дискусија освен плукање и етикети. Такви луѓе имаат 100 пати поголема шанса да рикнат од стрес, фрустрации и искомплексираност отколку од белодобрни заболувања.
 
Т

Триптико

Гостин
@Ѓорѓи Н. Абе слепец, што правиме со цела И.Р. Лола? Знаеш што има на местото? Тревници со цвеќенца. Кои проширувања булевари, кои "решенија". Па уште и неколку згради биле. Дојди да те однесам јас, да видиш 4 згради на растојание од пола метар меѓу нив. Ако не си од Ск, подобро ќути. Врска немаш каква е ситуација на терен. Ти како оние од инспекторати: нема шанса, еве ти ДУП, ГУП...на крај ГЛУП! Фати го за уши, довлечкај го на лице место: ееее, па не сме знаеле (или по твое и нивно), немаме информација. Па иди у к*рац будало една. Информацијата не доаѓа сама во канцеларија. Мрдни газот низ градов, па види.

А за проширувањето улици (булевари се само на хартија)...во градови што имаат 6-8-10 ленти, ако им "донесеш" милион луѓе, истите тие булевари ќе им бидат тесни. Го пренаселија Скопје, па Цацко им е крив сега.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.236
Поени од реакции
6.931
овие тролови се создадени да те праат слеп на очи хаха слабо им успева ама сепак добиваат реплики...........
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.772
Поени од реакции
82.788
Фактардиве треба да сфатат дека и они ќе умираат од ракови енд стаф. Никако нема бранењето на политиката што доведе до ова да им помогне. Тој ситен ќар што го имаат како адвокати на ѓаволот нема да им помогне при вдишување на PM 10 или PM2.5[DOUBLEPOST=1449681450][/DOUBLEPOST]"Жално е да живееме во една од најубавите и најживописните земји на светот, полна со шуми и планини, а да ни умираат луѓе од загаден воздух...
Не сме ни првиот ни последниот случај во светски рамки, ама сме уникатни по тоа што властите не превземаат апсолутно ништо за тоа да се смени."[DOUBLEPOST=1449681693][/DOUBLEPOST]Еве како умираме чекајќи чист воздух – 4 Македонци дневно умираат од загаден воздух
Објавено: 16/12/2013 09:30
Чад, прав, мирис на изгорено, магла, слаба видливост, загриженост. Печат очите, гребе грлото, срцето стега. Надвор е кисело, горчливо и тажно. Децата ги нема на игралиштата, рекреативците ги напуштија патеките. Прашање е кога ќе почнеме да се гледаме низ маски преку носевите зашто Македонија се задушува.

Како последица на загадениот воздух, по еден Македонец умира на секои шест и пол часа. Во просек, тоа се по речиси четири умирачки дневно, или 1.350 случаи годишно, според најновата анализа на Kанцеларијата на Светската банка во Македонија. Популацијата во Скопје е веќе истрошена. Не живеат тука нови луѓе кои до вчера биле на чист воздух, туку граѓани, на кои кризата им се повторува секоја зима. Белодробниот и циркулаторниот систем се на тест секоја сезона. Сите сме со ослабени организми. Ова е многу сериозна ситуација.
Граѓаните коментираат дека здравјето им се влошува, дека тераат едноподруго настинки и не можат да оздрават. Kонцентрацијата и расположението им се намалени, ги мачат главоболки. Животот им го нема вообичаениот тек зашто многумина си го ограничуваат движењето надвор.

Kако убива воздухот?

- Оптовареноста на кардиоваскуларниот систем во вакви услови е зголемена повеќе пати и доаѓа до откажување на срцето. При белодробни опструктивни болести, бронхитиси, доаѓа до максимално затнување на дишните патишта, белите дробови функционираат со намален капацитет, срцето ослабува и доаѓа до кардио-пулмонална смрт.

Вреди ли да носиме маски преку лицето?
– За кратки дестинации може да се носат маски, но зависи колкава е нивната филтрација. Опасни се честичките што се помали од 10 микрометри, па најдобро е да не се излегува. Оние што работат на отворено треба да се под посебна опсервација, затоа што работејќи, тие дишат позабрзано и така внесуваат повеќе загадувачки материи во себе.


Светската банка излезе со процена дека 1.350 луѓе умираат поради аерозагадување, а економијата губи 253 милиони евра.

Надминувања на дневната концентрација не смее да има повеќе од 35 дена во годината за да се заштити здравјето на луѓето, но лимитот е одамна надминат. Во Лисиче практично цела година повеќе дишат прав отколку кислород, зашто 24-часовната граница таму е пречекорена фантастични 270 дена во оваа година. Така било и 200 дена во Центар. Притоа, среднодневните концентрации се далеку од наивни – достигаат вредности и над 800 микрограми на кубик воздух, што практично значи дека таму буквално постојано, без ни еден час олеснување, воздухот бил алармантно загаден.

Еве какво се загадување може да има на воздухот и кои се здраствените проблеми и симптоми кои ги предизвикуваат
Јаглерод моноксид (CO)

-Гас без боја и мирис
-Издувни гасови од моторни возила, внатрешните извори вклучуваат печки кои согоруваат керозин или дрва.
-главоболки, намалена ментална будност, срцев удар, кардиоваскуларни заболувања, нарушување на феталниот развој, смрт

Сулфур диоксид (SO2)


-Безбоен гас кој се раствора во вода и ипсраува формирајки сулфурна киселина, и влегува во интеракција со други гасови и честички во воздухот.
-Термо-електрани на јаглен, рафинерии на нафта, производтсво на сулфурна киселина и топење на руди кои содржат сулфур.
-Иритација на очи,солзење, тежина во гради, губиотк на здив, оштетување на бели дробови.

Азот диоксид (NO2)

-Црвеникаво кафен, високо реактивен гас.
-Моторни возила, електрични објеки, и други индустриски, комерцијални или резиденцијални објекти каде се согоруваат течни горива.
-Приемчивост на респираторни инфкеции, иритација на белите дрибови и респираторни симптоми(на пр. кашлица, болка во гради, отежнато дишење).

Озон (O3)

-Гасовит загадувач кога се фромира во тропосферата.
-Издувни гасови од возилата и некои други чадења. Се формира од други полутанти во присуство на сончевата светлина.
-Иритација на очи и грло, кашлица, проблеми во респираторниот тракт, астма, оштетување на бели дробови.

Цврсти честички (PM)


-Многу мали честички на гар, прав или други материи, вклучувајки и тенки капки на течности
-Дизел машини, термоелектрани, индустрии, прав разнесуван од ветер, печки на дрва.
-Иритација на очи, астма, бронхитис, оштетување на бели дробови, канцер, труење со тешки метали, ефекти на кардиоваскуларниот систем

Приземен озон – е штетен озон и претставува главна состојка на фотохемискиот смог. За разлика од него озонот кој се наоѓа во стратосферата е корисен озон, и служи како апсорбер на дел од потенцијалното опасно УВ-зрачење од Сонцето. Озонот не се емитува во атмосферата, напротив тој се формира од испарливите органски компноненти и азотните оксиди.

Здравствени ефекти – Прекумерното ниво на приземен (штетен озон) во воздухот, може да има значајно влијание врз човечкото здравје. Тој може да предизвика проблеми со дишењето, асма, намалување на функционалноста на белите дробови и други болести на белите дробови.

Сулфур двооксид – е безбоен гас со остар мирис и претставува еден од основните загадувачи. Природни извори на сулфур се: морските планктони, морска вода, бактериите, растенијата, вулканските ерупции. Антропогени извори се индустриските капацитети кои согоруваат фосилните горива кои содржат сулфур, топилници на руда и рафинерии на нафта.

Здравствени ефекти – Сулфур двооксидот може да влијае врз респираторниот систем и фунциите на белите дробови и да предизвика иритација на очите. При релативно високи концентрации, сулфур двооксидот предизвикува опасни респираторни проблеми. Воспалението на респираторниот тракт предизвикува кашлање, слуз секреција, влошување на астмата и хроничниот бронхитис кој ја зголемува склоноста на луѓето кон инфекции на респираторниот тракт. Во деновите со повисоки концентрации на SO2 се зголемува бројот на болничките случаи на луѓе кои страдаат од срцеви заболувања.

Азот
е гас кој е најзастапен во атмосферата, зафаќа околу 78%. Азотните оксиди главно се формираат од азот и кислород при високи температури, како резлутат на согорување на горивата од возилата.

Здравствени ефекти – Краткорочната изложеност на NO2 има негативни ефекти врз респираторниот систем, вклучувајќи воспаление на дишните патишта кај здрави лица и зголемени респираторни симптоми нај луѓето со астма. Исто така можни се симптоми на бронхитис. При подолгорочна изложеност на NO2 се јавуваат проблеми кај астматичните деца. Намалената функционалност на белите дробови е исто така поврзана со растот на концентрациите на NO2.

Јаглерод моноксид е безбоен, запалив гас без мирис. Тој е главен загадувач во урбаните средини, а се создава при нецелосно согорување на горивата.Антропогени извори се: моторните возила на бензин, дим од цигари, согорување на биомаси, додека пак природни извори на јаглерод моноксид се: согорување на биомаса.

Здравствени ефекти – Јаглерод моноксид е високо токсичен за луѓето. При вдишување на јаглерод моноксид се намалува способноста на хемоглобино во крвта да се сврзе со кислородот. Јаглерод моноксидот во атмосферата оксидира во CO2. Јаглеродот двооксидот е клучен стакленички гас. Основни извори се: согорувањето на фосилните горива, сечење на шумите и производство на цемент.

Металите како загадувачи
. Металите: олово, жива, кадмиум, хром, никел се наоѓаат како нечистотии во горивата. Антропогени извори на металите се емисии кои настануваат при минирање на метали и производствени капацитети, моторни возила и слични процеси. На пример, оловото е корисен метал, но присуството на олово и другите метали во воздухот се високо токсични.

Партикуларни честички(PM10 и PM2.5) - се цврсти или течни честички суспендирани во воздухот, кои имаат многу мали димензии. Примери за партикуларни честички се: прашина, чад, дим, сулфати, нитрати, азбест, пестициди, био-аеросоли(полен, спори, бактерии, и др). Атропогени извори на партикуларни честички се различни процеси: горење на биомаси, индустриски процеси, земјоделски активности.

Здравствени ефекти – Партикуларните честички имаат негативни влијанија врз здравјето и делуваат многу штетно на човековиот песпираторен систем. Хроничната изложеност на овие честички придонесува за зголемување на ризикот од појава на кардиоваскуларни и респираторни болести.
 
Последно уредено:
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.942
Поени од реакции
18.653
Ако бараш патетика си го нашол соговорникот. Ликовите не знаат да објаснат кој е ефектот од исчени 20 дрва на булевар на кој е добиена 5 пати поголема проточност на возила (помало задржување и емисија на гасови). Исто не знаат колку CO2 абсорбира едно дрво на годишно ниво и колку во просек еден човек создава CO2 на годишно ниво. Се разбира не се спомнуваат ни стотици засадени дрвца и нивниот ефект. Се игнорира фактот дека дрвата имаат животен век и голем дел од тие дрва за кои дрвољупците пекаат се исечени заради старост (на пример тополите во парк). Да не почнуваме со небулозните тврдења дека и порано се грееле на дрва па немало ваква загаденост. Или пак за бројот на возила во градов и тн. Едноставно нема простор за реална дискусија освен плукање и етикети. Такви луѓе имаат 100 пати поголема шанса да рикнат од стрес, фрустрации и искомплексираност отколку од белодобрни заболувања.
Какви глупости лупаш кантар не ги мери. Проширувањето на улиците значело побрза проточност а со тоа и помала емисија на CO2? Што фајде од проточноста кога во град кој што бил предвиден за макс. 300.000 луѓе има над 300.000 коли? Изгледа лудаци се западњациве што намерно не шират улици и забрануваат авто-сообраќај по одредени улици и подрачја во големите градови за да крајниот ефект биде намалување на бројот на коли по улиците. Е да, со тоа што јавниот транспорт е на високо ниво и функционира ко швицарски саат, а тука од проектна документација немаат мрднато за 25 години. Се слагам дека греењето е најголемиот загадувач, а Скопје е можеби единствениот град во Свет со толкава бројност каде мнозинството од луѓето се грејат на дрва и на струја. Тука прво немаш функционални органи за спроведување на закон, кој сака може да се качи на планина и да си набере дрвца и да пали што сака. Живеам у приградска населба кај што живеат Цигани, од оџаците само црн чад им искача (не бел од дрва), ако во центар бројот на пм честичките бил 5 пати над дозволеното, туку е сигурно бар над 30 пати, пошто кога поминувам низ центар се осеќам ко на планина да сум отишол во споредба со ова кај мене. А полициската станица е на неполни 200 метра. И сите се чудат и кукаат колку е опасно, а никој не превзема ништо.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom