Кој како сака може да си мисли и да си збори ......... меѓутоа факт е дека бракот(кој пред се претставува една институција) е сериозна работа, не е некоја ситна работа, па и да згреши човек ајт !
Подобро човек(било кој/а) на време да си мисли, затоа што после ќе си чука глава и ќе се чеша цел живот од проблеми, стресови, нервози, расправии и.т.н.
Бракот си е лична, интимна и природна работа врз која влијаат повеќе фактори.
Влегувањето во брак:
-прерано
-недоволно изживеан
-недоволно подготвен и цврст како финансиски така и станбено(без решено станбено прашање)
-со сила т.е. со наметнување од родителите или од неко/ј/и друг/и
-со особа која не ја познаваш доволно и со која сте различни т.е. имате различни сфаќања, погледи, ставови, начин на живот, интелект.ниво, домашно воспитание.... и.т.н.
е крајно несериозна работа, бидејќи проблемите ќе пристигнат подоцна, ама веќе касно ќе биде, лесно е да ќе речат некои разводот е чарето, каков бре развод луѓе, а детето/децата каде ќе одат, кај мајката, кај таткото, каде, на улица, во дом, во Вардар, во контејнер...
НЕ, на детето/децата им е потребна љубов, внимание и поткрепа подеднакво и од двата родители ........ невозможно е мајката да биде истовремено и мајка и татко, исто така невозможно е таткото да биде истовремено и татко и мајка, потребни се и двајцата родители подеднакво ............... да влезеш во брак, да направиш дете/деца и потоа развод е крајно несериозна и детска малоумна работа, на родителите можеби нема да им биде многу тешко, ама во такви ситуации детето/децата го јадат најмногу калапот, не по своја вина туку поради несериозноста и грешките на родителите !
Какви ситуации сум видел и гледам, искрено косата ми се дига и ме фаќа нервоза, баш поради ваквите некои(не сите) крајно несериозни родители, лесно е да се направат деца/дете, ама несекој може да биде родител ........ ’’родител‘‘ и родител се тотално различни поими !