Забранет брак од страна на родителите

  • Креатор на темата Rale
  • Време на започнување

Rale

Crno Beli Svet
Член од
14 април 2012
Мислења
809
Поени од реакции
723
Имам огромен проблем со моите родители,проблемот е во тоа што они ни под која цена не ја прифаќаат мојата девојка.Еве веќе 3 години откако сум со неа и планирам брак со неа во скоро време.
Проблемот со моите е во тоа што она нема факултет и доага од сиромашно семејство и викаат дека заслужувам подобра.
Да не навлегувам премногу во детали,,јас ја гледам големата слика тука а таа е...и да ја прифатат некако тоа ке биде само на сила а не од срце а пошто јас како син единец никад не сум планирал да се отселам од моите а имам услови за тоа пошо не сум финансиски зависен од моите од своја 22ра а сега имам 31...дали би било најпаметно да баталам све и да се отселам од дома...само така изгледа ке бидам на раат јас и мојата идна сопруга.Не би сакал утре кога ке се вратам на брод каде работам веке 9 години да му мислам како и е на неа со моите тие 7 месеци дур сум отсутен..
Прашањето до вас ми е''што би направиле на мое место''
само би ве замолил ако може без употреба на лоши зборови на било кој начин.
 
Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.645
Поени од реакции
1.894

Хахаха... ќутук еден. Уште прашуваш дали треба да се отселиш. Хахаха.
Ја на 23 планирам што побрзо да се отселам, а ти на 31 му се мислиш.

Мислам дека самиот го разработи проблемот и не гледам друго решение освен она што самиот го предложи. Претпоставувам темава ја отвори за да добиеш поддршка и да се охрабриш да го направиш тој, за тебе очигледно, голем чекор.

Еве Рале, во право си. Те поддржувам во твојата замисла.
 
BloodyJesus

патенирана чепкалка
Член од
15 февруари 2012
Мислења
1.205
Поени од реакции
1.238
Најпрвин да ти кажам да не губиш надеж од бракот и да не се разочаруваш од твоите. Секој татко мисли добро за своето чедо, проблем е што пред многу години кога се вкулучувале браковите биле со „помош“ на таткото, значи таткото одлучувал за синот. До некаде не ги оправдувам твоите поради што не ти препуштаат да одлучуваш ти за сопатникот на твојот живот, слободно скоцкаим два-три реда муабет и објасниим за тоа како они нема да живеат со таа ти што ќе живееш. Они нема да делат кревет со таа ти што ја сакаш и што те прави среќна. Ако стварно сакаш да им угодиш на твоите тогаш запиши ја на факултет и плаќај и студии и така ќе имаш со што да ги залажуваш барем. Кога би бил јас на твое место ми работел две смени и би шпарал за некое солидно станче, среќата моја никој неможе да ми ја донесе ако сам не ја тражам.
А дали е мајкати добра или лоша тоа ти си знаеш ама ако е лоша е тогаш немаш фајде брат, ќе и го јаде душата. Памтам ко помал колку само бабами не ја сакаше на мама поради тие ствари партал жена, небитничка, нејабива и колку само имаше расправии и клукање по глава, но фала богу испадна спротивно.

Пробај уште некој месец да ги убедуваш, ако нејќат зимај женичето и правец форевер тугедер!
 
Тоа за факултетот и ке го направам,таков ми беше планот.
 
Член од
27 јули 2011
Мислења
633
Поени од реакции
241
Ако стварно сакаш да им угодиш на твоите тогаш запиши ја на факултет и плаќај и студии и така ќе имаш со што да ги залажуваш
a ako naleta taa na nekoj kolega student pa se izjalovi rabotata.
ipak be prijatele 7 meseci otsuten sto e mnogu mnogu e za devojka ne pak za zena ce zbesni do togas ;)
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.102
Имам огромен проблем со моите родители,проблемот е во тоа што они ни под која цена не ја прифаќаат мојата девојка.Еве веќе 3 години откако сум со неа и планирам брак со неа во скоро време.
Проблемот со моите е во тоа што она нема факултет и доага од сиромашно семејство и викаат дека заслужувам подобра.
Да не навлегувам премногу во детали,,јас ја гледам големата слика тука а таа е...и да ја прифатат некако тоа ке биде само на сила а не од срце а пошто јас како син единец никад не сум планирал да се отселам од моите а имам услови за тоа пошо не сум финансиски зависен од моите од своја 22ра а сега имам 31...дали би било најпаметно да баталам све и да се отселам од дома...само така изгледа ке бидам на раат јас и мојата идна сопруга.Не би сакал утре кога ке се вратам на брод каде работам веке 9 години да му мислам како и е на неа со моите тие 7 месеци дур сум отсутен..
Прашањето до вас ми е''што би направиле на мое место''
само би ве замолил ако може без употреба на лоши зборови на било кој начин.
Ти си идиот ако мислиш остатокот од животот да го поминиш со родителите, штом си финансиски осамостоен веќе. А со оглед на ситуацијава што ја спомна, има пекол да ти биде тој остаток. Разгледај околу тебе слични искуства и ќе видиш како живеат фамилиите... Нема ден раат да видиш од твоите, што ако ти се родители... да не зборувам па за невестата, таа ќе си знае која психичка тортура ќе ја трпи секојдневно. И на крај сето тоа врз децата се одразува.
И штом си 31 година, нема што веќе родителите да ти го диктираат животот. Завршиле со тоа во моментот кога веќе финансиски си се осамостоил.
 
Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923
Имам огромен проблем со моите родители,проблемот е во тоа што они ни под која цена не ја прифаќаат мојата девојка.Еве веќе 3 години откако сум со неа и планирам брак со неа во скоро време.
Проблемот со моите е во тоа што она нема факултет и доага од сиромашно семејство и викаат дека заслужувам подобра.
Да не навлегувам премногу во детали,,јас ја гледам големата слика тука а таа е...и да ја прифатат некако тоа ке биде само на сила а не од срце а пошто јас како син единец никад не сум планирал да се отселам од моите а имам услови за тоа пошо не сум финансиски зависен од моите од своја 22ра а сега имам 31...дали би било најпаметно да баталам све и да се отселам од дома...само така изгледа ке бидам на раат јас и мојата идна сопруга.Не би сакал утре кога ке се вратам на брод каде работам веке 9 години да му мислам како и е на неа со моите тие 7 месеци дур сум отсутен..
Прашањето до вас ми е''што би направиле на мое место''
само би ве замолил ако може без употреба на лоши зборови на било кој начин.
Јас со моите 18 години уште сега сакам да се отселам да има како и ќе се оженам ако треба да куртулам од сите тие процедури ама да има како тоа инаку сели се што побргу не се тие ТИ за да одлучуваат што треба и како треба плус 31 година имаш,потешко дека ќе најдеш сега девојка секоја би те мислела за женет.
 
Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Проблемот со моите е во тоа што она нема факултет и доага од сиромашно семејство и викаат дека заслужувам подобра.
Проблемот со твоите е тоа што не си му згрчил ко питбул. Нема разбирање со човек растен во транзиција од комунизам - капитализам. Тие се испрани и знаат се. Мора пооштро!
Ке ја прифатите бе или да бегам (и на бегање по една чврга да јајте) :cool:

бтв, твојот сегашен дом е куќа или стан? и колку метри квадратни има? и дали имаш брат или сестра?... и тоа е битно.
 
Многу паметно прашање постави
Имам кука на 3 спрата плус поткровје сто би му дошло ко 4...немам браќа,имам само една сестра помала....све на све мислам дека е близу 400 квадрата друже не сум сигурен колку точно.
 
Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923
Многу паметно прашање постави
Имам кука на 3 спрата плус поткровје сто би му дошло ко 4...немам браќа,имам само една сестра помала....све на све мислам дека е близу 400 квадрата друже не сум сигурен колку точно.
So what the fuck are you waitng for??
Да го имам јас ова веднаш се селам...
Ако девојка ти нема факултет,сигурно има некои други квалитети.Пример,70% од денешните девојки незнаат да готват,твојата сигурно знае ете ти една особина.Твоите ќе ти се лутат 2-3 месеци ама пошо си јединац тоа е минливо ќе свикнат...
 
Nymphadora

Емоцинално незрело џубре
Член од
2 февруари 2009
Мислења
986
Поени од реакции
1.672
Имам огромен проблем со моите родители,проблемот е во тоа што они ни под која цена не ја прифаќаат мојата девојка.Еве веќе 3 години откако сум со неа и планирам брак со неа во скоро време.
Проблемот со моите е во тоа што она нема факултет и доага од сиромашно семејство и викаат дека заслужувам подобра.
Да не навлегувам премногу во детали,,јас ја гледам големата слика тука а таа е...и да ја прифатат некако тоа ке биде само на сила а не од срце а пошто јас како син единец никад не сум планирал да се отселам од моите а имам услови за тоа пошо не сум финансиски зависен од моите од своја 22ра а сега имам 31...дали би било најпаметно да баталам све и да се отселам од дома...само така изгледа ке бидам на раат јас и мојата идна сопруга.Не би сакал утре кога ке се вратам на брод каде работам веке 9 години да му мислам како и е на неа со моите тие 7 месеци дур сум отсутен..
Прашањето до вас ми е''што би направиле на мое место''
само би ве замолил ако може без употреба на лоши зборови на било кој начин.
Е многу убаво... на 31 година се мисли дали да се отсели и да живее посебен живот со својата девојка/сопруга...... ц ц ц ц бог да чува бе..
Да разберам тука да бараат совети 12,14,16,17,20 годишни... ама на форум да доаѓа 30 годишен човек и да бара совет од некои кои можеби се и дупло помали од него или постари како и да е ... епа стварно не ми е јасно што имате во глава бе луѓе.
Па ти бе дечко на 30 години веќе треба со своја глава да размислуваш а не тука да прашуваш трајко, петко што тој мисли за
твојот живот и како треба да го живееш. Јака и душа на таа шо ќе те земе тебе брат...

Ако си маж ќе земеш парталите... ќе исечеш папочната врвца и ајде гитла во друг стан/куќа што и да е... ти си зрела особа (или бар треба да бидеш) и мораш сам со своја глава да размислуваш а не твоите родители да размислуваат место тебе. На крај краева ти со нив ли ќе градиш семејство или со идната твоја сопруга?!
 
Rale

Crno Beli Svet
Член од
14 април 2012
Мислења
809
Поени од реакции
723
So what the fuck are you waitng for??
Да го имам јас ова веднаш се селам...
Ако девојка ти нема факултет,сигурно има некои други квалитети.Пример,70% од денешните девојки незнаат да готват,твојата сигурно знае ете ти една особина.Твоите ќе ти се лутат 2-3 месеци ама пошо си јединац тоа е минливо ќе свикнат...
Затоа што таа куќа не е моја брате,на моите е...али имам доста инвестирано во неа така да ако отидам го го губам сето тоа...али ако треба така да биде SO BE IT.
 
Брзии

Бело сунце, Бело небо, иди даље бог те јебо!
Член од
15 јануари 2012
Мислења
1.026
Поени од реакции
481
Брат. Свекрва и Снаа како змии ќе се јадат! Татко ти нема да прави голем проблем. Ќе омекне после некое време. Мајкати ќе си остане на своето. А веќе имаш 31 година што значи мораш да побрзаш малку.(Ваљда деца нема да правиш на 40). Ако имаш стан/куќа/место/што и да е каде што ќе бидете среќни со девојка ти, не ги гледај мајкати и таткоти. Оди си. Веќе си доволно возрасен. Си имаш голема куќа. Си имаш твој живот...
 
iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183
Ај вака, иако си постар од мене 11 години, ни на крај памет не би требало да ти биде важно што ќе ти кажат родителите. И јас сум син единец, и мене мајка ми понекогаш ми прави проблеми во врска со девојка ми, и тоа проблеми не од овој аспект туку за други работи, ама едноставно не се замарам со тоа, а не би требало ни ти. Ти и твоите родители сте веќе завршена приказна, они те одгледале тебе да бидеш човек каков што треба и доликува, нивната работа е веќе завршена. Сега е на ред ти да си ја бараш твојата среќа и иднина, бидејќи да бидеме реални родителите нема секогаш да бидат тука, а додека се тука тие се должни да ти пружат подршка за она што ќе одлучиш во животот, ако неможат или несакаат тогаш УПМ нека идат. А ти не си должен цел живот да бидеш врзан до нив. Треба да останеш неженет цел живот и да немаш свои деца само затоа што на твоите родителите не им се допаѓа девојка ти? Ако можеш некогаш за нешто нормално дека ќе им помогнеш, но тоа е се. Треба да те остават сам да си го бараш патот до среќата, а доколку попат направиш некоја грешка, тоа ќе биде твоја грешка и ти ќе си ги сносиш последиците а не твоите родители. Они треба да те поддржат во твоите одлуки, а не да ти создаваат дополнителни проблеми. Јас да сум на твое место и да ми викаат родителите дека девојка ми не е доволно образована има да ги испиздарам како оче наш....високото образование не го прави човекот добар или лош, всушност, тоа е најбаналната причина поради која родителите може да му забранат на своето дете да не биде со таа личност. Па не сме 18-ти век УПМ
 
Kajgana Shop

На врв Bottom