Прити_Грл, без разлика дали некој не се сложува со носење кратки панталони во училиште, не ја гледам причината да ја спомне модата во нив бидејќи и крајното нешто кога ќе се облечат куси панталони е дали ќе се изгледа куул во нив. Едноставно ги ставам ако ми е жешко. Иако не ми пречат 3/4 панталони, и сум ги носел во основно(средно имаме униформа со долги панталони), некако сега не би ги облекол поради тоа што, како што некои викаат дека е непристојно. Јас иако не го гледам непристојното, сепак не сум доволно компатентен да им противречам со мојот збор дека ми изгледа најнормално, кога не сум го преживеал нивниот живот и нивните искуства. Разбирам дека многу е жешко во мај и јуни, ама едноставно ќе трпиш, а потоа летото ќе уживаш.
И патем прекини со она клима-облека...Во Атина ако е 5 степени повеќе од нас, и во некое училиште ја немаат климата која ќе им прави 20 степени, и имат температура од 45 степени, да се облечат ли по купачи, бидејќи едноставно кодексот за топла температура не одговара со кодексот за облекување? Ти не спомна ништо за купачи, ама 3/4 панталони би биле само еден почеток за време на глобалново затоплување. И настрана од температурата, која друга причина можеш да ја кажеш за да носш 3/4 панталони? Па ко прво ако почнеш малку повеќе да размислуваш, ќе видиш дека ти не мора да спомнуваш температура и жештина ако ги сметаш панталоните за пристојни. Ама чим спомнуваш, и ја применуваш реченицата, ако кодексот за температура не е исправен, тогаш јас ќе носам 3/4 панталони, јас ќе ти го преименувам вториот дел и би гласел: тогаш паралелно ќе направам и кодексот за облека да не биде исправен.