Не знам дали може да се спомне и
Ејдур Гудјонсен. Одигра 5-6 одлични сезони во Челзи, па направи трансфер во тогашниот европски шампион, Барселона. Не се изнаигра баш, не можеше да се вклопи во тимот, иако подобро речено, цел тим тогаш не играше баш најдобро. После направи трансфер во Монако, па се врати во Англија, но постојано грееше клупа. Сега гледам потпишал за Серкл Бриж, каде што 'жари и пали', очигледно им е најдобар играч.
Не знам колку местото му е во оваа тема, бидејќи е во залезот на неговата кариера, но мислам дека може да се спомне. Ова веројано му е и последна сезона од кариерата.