Ова од статус од фб. Колку толку има некое објаснување.
Dejan Gadzovski
14 hrs ·
Со оглед на тоа што не испоразбуди уште посабајле и што денес најверојатно ќе биде честа тема на разговор, бујрум еден корисен извадок од книгата Геологија на д-р Ненад Бањац, од делот на Сеизмологијата, кој барем мене многу ми се наоѓал.
Ова е како изгледа описно дванаесетстепената сеизмолошка MSK скала за интензитетот на земјотресите, чисто да си знаете да можете отприлика да процените “уште колку фора имате”! :-D
1^o - Незабележителен земјотрес, го регистрираат само сеизмолошките апарати, луѓето не можат да го почувствуваат.
2^o - Многу слаб земјотрес, го чувствуваат само исклучително чувствителните лица доколку се во состојба на мирување.
3^o - Слаб земјотрес, го чувствуваат повеќето жители во состојба на мирување.
4^o - Умерен земјотрес, го чувствуваат повеќето жители, луѓето се будат од сон, а мебелот благо се протресува, проследено со ѕвецкање на прозорите и стаклените предмети.
5^o - Јак земјотрес, го чувствуваат сите, висечките предмети се занишуваат, часовниците со клатно застануваат, помалите предмети се поместуваат или превртуваат.
6^o - Застршувачки земјотрес, делува застрашувачки, така што во случај на ваков земјотрес и сите посилни од него, доаѓа до појава на паника кај населението. Делови од мебелот се превртуваат, сликите паѓаат од ѕидовите. Помалите ѕвона во црквите се занишуваат и почнуваат да ѕвонат. На куќите настануваат помали штети, само кај малтерот.
7^o - Штетен земјотрес, нанесува оштетувања на објектите, кршење на керамидите, паѓање на оџаци. Во одредени услови предизвикува активирање на свлечишта.
8^o - Многу штетен земјотрес, предизвикува значителни оштетувања на објектите, одрони на карпи, се јавуваат промени во издашноста на изворите, се менува нивото на водата во бунарите, се јавуваат пукнатини во земјиштето.
9^o - Разурнувачки земјотрес, предизвикува толкави штети што преку 50% од куќите кои не се асеизмички градени се онеспособени за живеење. Се појавуваат чести одрони, свлечишта и големи пукнатини на тлото. Често доаѓа до кинење на подземните инсталации.
10^o - Уништувачки земјотрес, ушиштува преку 75% од зградите, на земјиштето настануваат крупни пукнатини од кои излегува песок и мил, се менува нивото на вода во езерата.
11^o - Опустошувачки земјотрес, значително ги оштетува сите градежни објекти и предизвикува големи промени на тлото.
12^o - Катастрофален земјотрес, го уништува или потполно го менува релјефот, се затрупуваат езера и реки, настануваат нови водопади, а тлото се бранува.
Како дообјаснување: Oваа MSK скала (Медведев, Спонхауер, Карник) е модификација на скалата на Меркали, Канкани и Зиберг и е еквивалент на скалата што се користи денес - Европската макросеизмичка скала.
Таа е показател за интензитетот на земјотресот и е описна, во смисол на тоа како луѓето ја чувствуваат силата на земјотресот, што е релативно, бидејќи зависи од оддалеченоста на епицентарот и длабочината на земјотресот - хипоцентарот, но и многу поразлично од магнитудата (ослободената енергија во центарот на земјотресот) која, пак, се мери по Рихтер на деветстепена скала.
Значи, денешниов 3,8 степени е по Рихтер!
И уште нешто многу битно. “Само еден степен разлика”, не е САМО еден. Рихтеровата скала е логаритамска, што значи еден степен разлика значи 10 пати поголема енергија, што, пак, значи земјотрес со магнитуда од 5^o ослобува 100 пати повеќе енергија од оној со 3^o, на пример!
И уште побитно. :-D Механизмот на настанувањето на земјотресите, барем кај нас, е чисто од тектонска природа ( бидејќи ги исклучувам вулканските и урвинските) и поплавите немаат никаква врска со ова (а уште помалку бомбата на Ким Јонг-ун)!!! Хипоцентарот на последниов земјотрес е 3 км длабочина, што е премногу плитко за земјотрес, но е многу длабоко за поплавите да имаат некакво влијание и се наоѓа на тектонски расед помеѓу Скопска Црна Гора и Кумановската Котлина. Тектониката ќе си работи, вакви земјотреси ќе има и во иднина и од скопската страна на СЦГ, а и од јужна, од страната на Водно и добро е вакви земјотреси да се случуваат почесто за енергијата постепено да се ослободува.