ЗЕМЈОТРЕС!

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
сеизмолозите велат дека нема потреба од загриженост, после поголем потрес следува серија на помали повремено.
Јас немам сетено ништо овде во Битола, куќата е направена на карпа а и таков е карпест дел овде така да и тој славниот земјотрес во 94 не го осетив освен тресење на џамови.
Прашањето е дали тоа беше најголемиот потрес, ни тие не се сигурни. И во Прилеп не го осетиле, али тука во Скопје се осети и тоа здраво.
 

Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
554
Еве ја листата на земјотресите хронолошки временски, јачина длабочина:

06:58 - 4.2 - 4km
07:00 - 2.8 - 3km
15:10 - 5.2 - 4km
15:14 - 2.9 - 2km
15:19 - 2.8 - 2km
15:30 - 2.1 - 1km
16:07 - 2.6 - 2km
16:45 - 2.4 - 2km
20:57 - 2.1 - 10km

Симптоматичен е последниот поради поголемата длабочина, претходните може да ги сметаме како резултат на иста сеизмичка активност. Дали 10 километарскиот може да предизвика нови потреси во поплитките слоеви.

Многу ме занима како вие реагирате при земјотрес, дали се придржувате кон советите никако да не се напушта живеалиштето, колку просечно трае еден земјотрес ( ако има некое правило уопште ). Мене ми е малце глупо да седам дома и да чекам да заврши.
 

Не-го-знам

svetac ivan iscelitel
Член од
3 мај 2015
Мислења
609
Поени од реакции
448
сеизмолозите велат дека нема потреба од загриженост, после поголем потрес следува серија на помали повремено.
Јас немам сетено ништо овде во Битола, куќата е направена на карпа а и таков е карпест дел овде така да и тој славниот земјотрес во 94 не го осетив освен тресење на џамови.
Кај живејш ништо шо не осеќаш :( ? Кај мене малку да здрма и цела зграда ршум. Па ко шо жиевам на 8ми :(
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Кај живејш ништо шо не осеќаш :( ? Кај мене малку да здрма и цела зграда ршум. Па ко шо жиевам на 8ми :(
Ко здрма тој грчкиот 94, бев дома и се тресеа џамови (стари беа тогаш дрвена дограма) и прво мислев шлепер врви по улица али улица мала тесна и плус не води нигде, онака малска, па видов комшии на улица и заклучив дека е земјотрес, излегов надвор сите вознемирени, интересно е дека преку улица веќе куќите се на “нормално“ тло, нашата е направена на некаква карпа не можеа ни визби да се направат се обидуваа стигнаа до негде па кренаа раце и кренаа визбите над терен, како да е седам надвор со комшии од малата и едно време од карши куќа од горен спрат се слушна еден испаничен машки глас ЕВЕ ГО ИДИИИИИИИ (и после 5 секунди почна да тресе улицата и бандерите, тој комшијата го сетил дома по тресење на стакла и регали малце порано пред ние на улица и памтам ми беше пострашно на улица под бандери кои вибрираат и и кабли од струја се нишат па си се вратив дома, и таму и спиев иако народ седеше по улици и дворови 2-3 вечери од страв.
 
Џ

ЏинЏер

Гостин
Многу ме занима како вие реагирате при земјотрес, дали се придржувате кон советите никако да не се напушта живеалиштето, колку просечно трае еден земјотрес ( ако има некое правило уопште ). Мене ми е малце глупо да седам дома и да чекам да заврши.
Што има да чекаш да заврши, секунди се у прашање... додека да сфатиш што се дешава, веќе поминало. Најлошо при вакви ситуации е паниката и турканиците кој прв да излезе од зграда.

Сабајле после првиот поголем потрес не се ни помачив да станам од кревет, а вториот ме затекна додека се спремав да излезам, ама таква гужва и паника имаше низ зграда што почекав 15тина минути пред да излезам од дома. Успат додека се се тресеше ми пролета и оџакот од зградата покрај прозор, во тој момент малку почна да ми фуфка, ама сепак, останувам присебна и смирена во такви ситуации.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.572
Поени од реакции
87.852
Пратете ги милениците што прават, 10 до 15 секунди пред да се затресе одма лаат и се однесуваат чудно.
Еве тука кај што седам кај гостиве, кучево почна да лае пред да задрма во 21 часот, сите излеговме надвор, среќа ептен мал беше земјотресот, скоро и да не се осети.

Добар е сега, еве го спие до мене :) али ако залае среде ноќ, ќе биде "интересно"
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.326
Поени од реакции
7.076
upload_2016-9-11_23-44-11.png

сајтчево вади дека регистрираните земјотреси отаде Вардар се водат во Косово :facepalm::facepalm::facepalm:
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Пратете ги милениците што прават, 10 до 15 секунди пред да се затресе одма лаат и се однесуваат чудно.
Еве тука кај што седам кај гостиве, кучево почна да лае пред да задрма во 21 часот, сите излеговме надвор, среќа ептен мал беше земјотресот, скоро и да не се осети.

Добар е сега, еве го спие до мене :) али ако залае среде ноќ, ќе биде "интересно"

Па искрено чувствуваат такви работи многу повеќе од нас,пишав назад во врска со моето куче,само криво ми е што не го затекнав да му го видам однесувањето.Татко ми ми вика кога му се јавив “абе човек пет минути пред да дрмне земјотресот јас седам дома,тој лае ли лае,почна да скока,пробува да се ослободи,си викам прво ај куче е,ќе си отиде“.Станал дури да го смири,го галел така некоја минута и само што се смирил,седнал и чекал.Татко ми се качил нагоре по скали дома да влезе и само за рачка што се фатил да отвори врата почна да дрма и го пуштил кучето од ланец одма,да не го мачи.

Ми вика маме му ебам негово,како роботче некое е,среќа што е свесно и почна предвреме да лае,да беше малку појак ќе беше уште поинтересно.Среќа остана на тоа.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Пратете ги милениците што прават, 10 до 15 секунди пред да се затресе одма лаат и се однесуваат чудно.
Еве тука кај што седам кај гостиве, кучево почна да лае пред да задрма во 21 часот, сите излеговме надвор, среќа ептен мал беше земјотресот, скоро и да не се осети.

Добар е сега, еве го спие до мене :) али ако залае среде ноќ, ќе биде "интересно"
Јас пак во 21 бев надвор, до мене на метро и пол имаше улична џукела која не се ни помрдна, а сабајле и попладнето кучето од комшиите не ни квикна и последно си излезе од зградата.
Се исчуручија и тие :D[DOUBLEPOST=1473630492][/DOUBLEPOST]
Pred 3min povtorno imase!
нишо не осетив, или јас отрпнав или бил слаб
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.326
Поени од реакции
7.076
птици во кафез најдобро реагираат на потрес, посебно папагалите
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Пак ќе кажам, со оглед на тоа што енергијата се ослободи во неколку посилини потреси може мирно да се спие вечер, а огромна среќа што цела таа енергија не се ослободи во еден удар. Страшното помина останува само да помине време за да се стабилизира тлото. Иди кулирај си на раат :)
Не е сигурно ништо
На 26 јули 1963 година во 5:17 часот, Скопје било разурнато од земјотрес со 9 степени по Меркалиевата скала (6,1 според рихтеровата сеизмичка скала) кој траел 20 секунди, а помали потреси имало до пет часот и 43 минути.
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Еве ја листата на земјотресите хронолошки временски, јачина длабочина:

06:58 - 4.2 - 4km
07:00 - 2.8 - 3km
15:10 - 5.2 - 4km
15:14 - 2.9 - 2km
15:19 - 2.8 - 2km
15:30 - 2.1 - 1km
16:07 - 2.6 - 2km
16:45 - 2.4 - 2km
20:57 - 2.1 - 10km

Симптоматичен е последниот поради поголемата длабочина, претходните може да ги сметаме како резултат на иста сеизмичка активност. Дали 10 километарскиот може да предизвика нови потреси во поплитките слоеви.

Многу ме занима како вие реагирате при земјотрес, дали се придржувате кон советите никако да не се напушта живеалиштето, колку просечно трае еден земјотрес ( ако има некое правило уопште ). Мене ми е малце глупо да седам дома и да чекам да заврши.

Глупо не глупо,најлогично е дома да останеш,стуткан во некој ќош од зидовите,под маса или покрај шифоњер клекнат.
Ако си решен да бегаш ќе си направиш не дај боже проблем,ова зборам ако земјотресот е сериозен и нешто појак.
Најубаво остани си на сигурно во ќош,рацете преку глава и за 10 секунди од кога ќе престане упати се надвор
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.610
Поени од реакции
115.089
Никогаш во животот се немам усрано како денес. Еве искрено кажувам на отворен форум, 24 години имам, како што денес ми се тресеа нозете и се испосрав, така у живот се немам исплашено.

Вчера си легнав до 4 и нешто сабајле, не ме фаќаше нешто сон. Сабајле во 06:57 ме разбуди звукот како од млазен авион што секако беше најава за земјотресот, ја кренав главата и во истиот момент здрма јако. Се штрекнав пошо бев сонлив нели, истрчав на тераса, али се беше ок.

Потоа денот се одвиваше нормално, дремев по дома и у 15:00 си викам ај да прилегнам малце да погледам фудбал, само колку да испружам нозе пошо се на се нецели три саати имав спиено. Само што легнав, го земав телефонот во раце оно слупа многу појако од првиот пат. Јас и брат ми бевме сами дома, мајка ми на работа, а татко ми на пазар. Прво што направив е што извикав ПЕТААААААААР ИСКАЧАЈ ОДМААААААААААА, и од паника се упатив накај терасата. (живеам на трети иначе) Ми дојде некоја блесава идеја во случај да почне да се руши зградата да рипнам доле, пошо комшијата под мене има тенда и може да се изведе такво нешто без да се повредиш. Трчајќи накај тераса почна цела зграда да се тресе, ми се мрдаше паркетот лево-десно, паѓаа садови, вазни, саксии со цвеќиња, соларничињата во кујна, телевизорот, буквално се живо и диво се рушеше. Само што стигнав до тераса престана да тресе и во истиот момент го зграпчив брат ми и такви боси истрчавме надвор целите во паника. Уште па жените од зградата кренаа дополнителна паника, ок нормално е не викам не, и баш беше хаотично.

Се симнавме доле, не се сруши ништо, сите беа во паника, јас бос како утка седам пред зграда, гледам нагоре и нозете ми се тресат како на неандрталец. Не можев 5 минути да се соземам...

И шлагот на тортата, искочени сите комшии надвор, доаѓа една бабичка и вика: Ееееее, оваа зграда е правена да издржи 9 степени според рихтер. ООоооооооооооооок баба Васка, иди плети гоблени и не кур умарај со безвезни теории. 9 степени да издржела... :ROFLMAO:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom