Ако гледаме од медицински аспек, веројатно после будењето нема да бидеме свесни или поточно речено веројатно ќе бидеме окарактеризирани како психички болни. Меѓутоа, гледано од филозофски аспек до колку би се разбудил без емоции, тогаш веројатно би размислил што е причината за тоа. Инаку многу вистина има и денес во дел од тоа, затоа што голем број на емоции како и да ги немаме. Постепено намерно или не, на многу емотивни реакции делуваме без реакции или не делуваме воопшто, така што оддаваме впечаток дека многу емоции како и да не знаеме веќе како да ги доживееме па регираме со нереагирање. Случајно или не среќата, љубовта, и др. чуства се толку отуѓени од нас, така што кон нив не покажуваме никаква емоција. Не реагираме, ниту пак се обидуваме да сфатиме зошто и што е причината за нашата нереакција. Веројатно губењето на нашиот идентитет во оваа сурова глобализација и брз тек на животот на човештвото, не прави ладнокрвни- топлокрвни суштества кои во некој разумен период треба да станат роботи, онакви какви што сега некој ни ги претставува како машини кои нема да реагираат на ништо. Мислам дека науката која се занимава со создавањето на роботот всушност не создава класичен робот, туку тежнее во еден разумен рок нас да не претвори во роботи, а за тоа е потребно во нас да ја уништи токму емоцијата. А на добар пат е тоа да се случи...