Живот без емоции

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Замислете едно утро да се разбудите без емоции,едноставно да ги немате.Да не чувствувате ништо....ни бес,ни љубов,ни тага,ни среќа....

Дали таков човек би бил способен да преживее?
Има ли таквиот живот смисол?
Колку и како би се променил начинот на размислување?
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Тоа не би било човек. Човекот не е само склоп на органи и органски системи. Тој е целина во која покрај биолошките, влегуваат и психолошките елементи.
Ниту еден човек не може да биде човек ако не знае да вреднува, да сака, да мрази, да тагува.
Многу сега ќе спомнат дека постојат луѓе кои живеат без емоции. А тоа е сосема неточно. Тоа се луѓе кои емоциите не ги експлоатираат пред другите.
Не постои човек кој барем еднаш во животот не ја почувствувал љубовта. Било тоа кон родител, партнер, пријател, роднина, предмет, милениче и тн.

Која би била поентата на животот ако немаме емоции? Животот не е само патека која треба набрзина да се изоди. Тој е игра која треба максимално да ја почувствуваме и да се соживееме со неа. А за тоа се потребни емоции. Што значи таквиот живот не би имал смисла.
Не знам каков би бил тогаш начинот на размислување, но сигурно никој нема да се сожали врз некој друг, никој нема да размисли за последиците, никој нема да почувствува потреба да сака и да биде сакан. Со еден збор, никој нема да ја има главната поента на животот која е изодување на една трнлива патека пропратена со различните состојби на умот - емоциите.
 

Clen 7

Од Форумот
Член од
5 јуни 2007
Мислења
2.843
Поени од реакции
360
Ако моеж да свириш на гитарава ондак не би било проблем да живееш без емоции.
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Ако гледаме од медицински аспек, веројатно после будењето нема да бидеме свесни или поточно речено веројатно ќе бидеме окарактеризирани како психички болни. Меѓутоа, гледано од филозофски аспек до колку би се разбудил без емоции, тогаш веројатно би размислил што е причината за тоа. Инаку многу вистина има и денес во дел од тоа, затоа што голем број на емоции како и да ги немаме. Постепено намерно или не, на многу емотивни реакции делуваме без реакции или не делуваме воопшто, така што оддаваме впечаток дека многу емоции како и да не знаеме веќе како да ги доживееме па регираме со нереагирање. Случајно или не среќата, љубовта, и др. чуства се толку отуѓени од нас, така што кон нив не покажуваме никаква емоција. Не реагираме, ниту пак се обидуваме да сфатиме зошто и што е причината за нашата нереакција. Веројатно губењето на нашиот идентитет во оваа сурова глобализација и брз тек на животот на човештвото, не прави ладнокрвни- топлокрвни суштества кои во некој разумен период треба да станат роботи, онакви какви што сега некој ни ги претставува како машини кои нема да реагираат на ништо. Мислам дека науката која се занимава со создавањето на роботот всушност не создава класичен робот, туку тежнее во еден разумен рок нас да не претвори во роботи, а за тоа е потребно во нас да ја уништи токму емоцијата. А на добар пат е тоа да се случи...
 
Член од
28 јануари 2009
Мислења
238
Поени од реакции
37
Ако немаш емоции значи ја губиш целата смисла за живот да не осеќаш за никого ништо тогаш ти веќе не си човек ти си суштество создадено од месо и крв а ќе имаш иста улога како робот.
Ако немаш никакви чувства према никој ни према фамилија,партнер,другар и сл тогаш ни тие нема да имаат никакви разбирања за тебе а уште помалце да осеќаат нешто према тебе значи таквиот живот не е живот бар за мене
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Многу пати себе си прекорувам заради пречувствителноста и тоа што некогаш не можам да си ги контролирам сопствените емоции, но во суштина нешто од што највеќе се плашам е рамнодушност, неспособност за емоции, тапост.
Мислам дека тоа е најголемото проклетство и ако тоа го доживее човек, животот што ќе го живее ќе му биде залуден и потрошен и едноставно пропаднат. Емоциите го прават човекот тоа што е, го обликуваат и го декорираат, а до некаде и го контролираат.
Ако имам живот без емоции, тогаш би станала машина. Едноставно ќе се раководам по шаблони и функции и животот ќе ми стане една огромна црна дупка.
Како што прочитав еднаш една прекрасна реченица: Не е најлошо нешто во животот смртта, туку да умре нешто во тебе додека си се уште жив!
 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.586
Поени од реакции
2.608
Значи многу ве мразам.....ај бе бидете по суптилни :) Одкако го видов наслово, си реков, сеа има да составам еден пост ....за мерак....и ко ќе видам што ќе видам....се што сакав да кажам .....кажано е.......
Ај да не бидам скрос оф топик....живот без емоции не е живот:toe:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.749
Поени од реакции
12.207
Емоциите...хм, те јакнат и убиваат истовремено. Зезната работа, без емоции не бива ама лошо и ако премногу удриш на емоции.

Би додал лошо е и ако ги покажуваш емоциите, посебно оние љубов, симпатија, врелина...во љубовна или ...слична врска и однос. Тоа (зависно од лицето кон која се покажани) може да го искористи тоа лице злонамерно...и да си игра играчки со тебе...но пак велам зависно од лицето.
Замислете едно утро да се разбудите без емоции,едноставно да ги немате.Да не чувствувате ништо....ни бес,ни љубов,ни тага,ни среќа....
Би сакал некогаш да пробам...чисто да видам како е...
 
Член од
30 април 2009
Мислења
795
Поени од реакции
91
Емоции - основа на човековиот бит, основа за преживување од праисторија до денес. Доколку би ги немале не би биле луѓе.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
261
Поени од реакции
28
Неможе да се живее без емоции, тоа не е живот, се да е празно и пусто, се да ставиш на исто ниво.. :jaj: Тоа е живот без цел, а ако немаш цел во животот тогаш зошто живееш :toe:
 
K

Kicky

Гостин
Тоа за што зборуваш - да нема ни тага ни бес ни болка тоа се всушност чувства не се емоции :nenene: А има разлика помеѓу чувство и емоција :pipi:
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Тоа за што зборуваш - да нема ни тага ни бес ни болка тоа се всушност чувства не се емоции :nenene: А има разлика помеѓу чувство и емоција :pipi:
оффтопик:Чувствата се емоции што се јавуваат само кај луѓето.
Разликуваме две фази на емоции.Првата е фаза на шок,а втората е хронична.Во хроничната фаза емоцијата го добива својот квалитет и тука знаеме за која емоција се работи:за бес,за тага,за болка....:pipi:
онтопик:Емоциите мора да постојат,а кога би ги немале едноставно луѓето би се уништиле,затоа што би изгубиле чувство за другите или веројатно ништо не би правеле и би умреле од немање смисол за живот.Емоциите се неопходни за опстанок на човекот и негов развој и доколку не би било така еволуцијата до сега би издвоила дека луѓето лишени од емоции се супериорни,меѓутоа човекот не може да се одвои од својата емоционалност.
 
S

smart ass

Гостин
of lele...ama aj ke priznaam 90% me vodi logikata i rasuduvanjeto,cuvstvata reci si i ne izlevaat na videlina ama mislam deka sepak e dobro oti ne lubomoram pomagam na koj sto mozam ednostavno altruizmot mi e dvigatel
 

Kajgana Shop

На врв Bottom