Животот е мојот филм - Кампања на Владата на Р. Македонија

Член од
29 октомври 2009
Мислења
33
Поени од реакции
1
abe pacienti bolni so vi e na vas kakva vrska ima trevata so bilo koja druga droga i zaso ako nekoj misli deka ako snemas pari za duvanje ke krades lol ja pusam sekoj den i koa nekat nema i ne mi e bas frka ebave glupacite kako mozes da zboris za neso so ne go znaes ssamo zatoa sto nekoj debil go sortiral u opojni drogi a nema nitu eden dokaz deka stvarno e stetna za heroin ima za ekstazi ima za dr nekoja ima ama za trevata nema taka da ne napinjajte ali kako da vi objasnam koa ste debili site vie so ograniceni svakanja za stvarite a koga stanuva zbor i za heroinot i dokolku nekoj se drogira toa si e negovo pravo okej sekoj ima pravo da prai so saka ako na nego mu e ubavo ok negovo pravo ne se mesaj
 
B

bucebbb

Гостин
Во Охрид има еден, наспроти детска градинка е.
Иако малку е чудно дечињата да ги гледаат чичковците како бладаат наспроти нив, досега немало некои инциденти или да им засмета,така да сосема ок е.

Инаку он: кампањава добра е, замислата и сето тоа,ама како што рече marsovka би било подобро да ги инвестираат да поднаправат уш некој центар за лечење,пошо секој ден шо е зборот слушам некој нов наркоман во Охрид.
За тие шо не конзумираат дрога, убав начин да не заплашат и да се подзамислиме дали би пробале дрога.
Vie sto neste probale bolje da ne probuvate nikogas drugarski sovet zasto nema nazad vo ovaa rabota.
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
И Црквата во борба против дрогата

Порано знаев само да си „подгреам“ хероин или да направам „коктели“ од екстази, дијазепами и марихуана, ама сега научив да си правам вистинска храна - вели Р.Н., кој 20-годишното дрогирање го заменил со престој во тераписката заедница организирана од Струмичката епархија
Пред извесно време по којзнае кој пат беше актуелно дека граѓаните од повеќе општини и реони не дозволуваа во нивна близина да се отворат стационари во кои зависниците од дрога и алкохол ќе се лекуваат. Стигматизацијата во општеството за таквите лица, кои се прогласени за непожелни во околината, си го стори своето, па стационарите останаа неизвесност иако токму на зависниците (чиј број рапидно се зголемува) им треба помош. Секој умен човек треба да знае дека е добро да се даде помош некому кога моли за тоа, но уште подобро е да се помогне кога не си замолен, туку поради разбирање за состојбата.

Последниве години во МПЦ, разбирајќи ја ситуацијата, ја подаваат својата рака за помош на зависниците. Последен и најобемен проект во тој правец направи Струмичката епархија, која заедно со невладината организација „Избор“ пред три недели во струмичкото село Водоча ја отвори тераписката заедница „Покров“, каде што на подолг период ќе бидат згрижувани зависниците. Предвидена е посебна програма, која е новина дури и во соседните земји, а се практикува во развиениот свет. Екипа на „Дневник“ ја посети заедницата.
Само 10 цигари дневно

Поминувајќи ја порта, пред нас се отвори големо пространство со неколку згради, кои порано биле магацини на АРМ. Се упативме кон единствената реновирана пред која еден маж цепеше дрва.

- Прв пат сум чист, а и далеку од хероинот. Овде преку дружење со слични на мене и со строгите правила што се наметнуваат без притисок, ме враќаат во живот - видно среќен ни објасни 35-годишниот струмичанец зошто е дел од заедницата. Ни се претстави, но побара да ги напишеме само неговите иницијали Р.Н., оти од искуство знае дека јавноста нема да му помогне, туку ќе го отфрли ако му го дознае идентитетот.

Водејќи не' до вратата, ни раскажа дека 20 години е корисник на тешки дроги, а последниве седум се обидува да се среди, но секогаш по „чистењата“ со метадонска терапија пак се враќал на својот омилен хероин.

Влеговме во голема топла соба. Боботеше убавата печка на дрва во која со маша буричкаше отец Фотиј. Наминал тука за да види дали треба нешто да помогне пред да си замине во својот манастир во Берово. Неговото присуство ја нагласуваше пријатната тишина и мир во чистата просторија. Од влезниот шалтер се зададе човек кој веднаш почна со објаснување како се работи во заедницата.

- Овде не лекуваме, нема класични лекарски методи, туку низ програма и организиран живот им помагаме на лицата да не дојдат пак во контакт со дрогата. Услов да примиме некој тука е минимум десет дена да биде апстинент од дрога, за што бараме доказ со скрининг-тест - појасни психологот Сократ Манчев, кој раководи со програмата.

Сега овде се згрижени пет лица, тројца мажи и две жени. Има услови за прием на 45 лица. Машкиот дел е одвоен од женскиот, а двокреветните соби се подеднакво убаво средени. Покрај бањи, има и посебни простории за перење и за пеглање. Задолжени за работа и координација со згрижените лица се двајца психолози, еден социјален работник и двајца оператори-асистенти, кои всушност се веќе излекувани зависници.

На ѕидот во трпезаријата е закачен дневниот ред, кој започнува во 7 часот наутро и завршува во 22 часот. Испланиран им е секој час. Веднаш до него е поставен рафт како оној за клучеви во хотелските рецепции. На секоја преграда има име од штитениците. На наше изненадување, внатре имаше цигари.

- Им ставам по пет цигари наутро и тие им се за до ручек. Потоа добиваат уште пет и тоа е се' за тој ден. Ги одвикнуваме и од цигарите, кои сега, оти се наркоапстиненти, ги „швајсуваат“ една од друга - објаснува Манчев.

Сето тоа им паѓа тешко на штитениците, но ги прифаќаат правилата.

- Морам да научам да живеам без алкохол, оти животот ми беше пекол. Имам кризи и непреспиени ноќи, но со разговори и трпење издржувам - вели 29-годишниот Н.В., чие уморно лице јасно покажува низ што тој поминувал со години. Спас барал и во болницата во Негорци, ама секогаш наоѓал пат до чашката.
Ќе одгледуваат зеленчук и цвеќиња

Според програмата, штитениците тука треба да останат 12 месеци. Првите три месеци излегувањето од заградениот простор им е забрането, а во наредните 3 месеци ќе може да одат надвор само во придружба на оператор. Ако тоа се издржи, потоа со одобрение ќе може сами да излегуваат во Струмица, но со опомена дека ќе им се прави проверка преку урина дали дошле во контакт со дрога.

Долгиот период на изолација не ги плаши петте штитеници, а и кога имаат кризи психолозите им излегувале пресрет. Задоволство им прави и готвењето во убаво уредената кујна, што е обврска напишана во дневниот ред. Отец Фотиј им се приклучи на подготовката на ручекот.

- Порано знаев само да си „подгреам“ хероин или да направам „коктели“ од екстази, дијазепами и марихуана, ама сега научив да си правам вистинска храна - ни дофрли Р.Н. сечкајќи свежа зелка. Среќен е поради ова што сега му се случува бидејќи неговиот претходен период бил исполнет со паѓања во кома поради предозираност или со подолги престои во затвор. Го радува и подготовката за изградба и на мала фискултурна сала и теретана, како и започнувањето на курсевите по компјутери и странски јазици.

- Ќе градиме и линија за производство на бекатон-плочки, а ќе подигнеме и пластеници за производство на здрава храна и цвеќиња. Имаме околу зградава 7 хектари земјиште, треба да го искористиме, се надоврза на муабетот отец Арсениј, кој е главниот координатор на целиот проект. Иако престојува во манастирот кај Ново Село, тој често доаѓа тука.

Штитениците одвај чекаат да бидат корисни и да почнат со работа. Мотивирани се и поради тоа што ќе успеат драстично да ја намалат сегашната давачка од 200 евра месечно. Струмичката епархија, која ги покрива сите други трошоци преку својот управител, владиката г. Наум, разговарала со надлежните министри за да се најде модул како и државата да партиципира за да може престојот тука да стане бесплатен и така поприфатлив за сите заинтересирани.

- Ќе има многу повеќе такви како мене. Никој досега не направил вакво нешто за мене - ни рече 32-годишната Б.С., која пристигна од забар. Ги поправа предните заби, кои и се многу оштетени како последица од долгогодишното дрогирање. До стоматологот и назад во заедницата ја однел оператор со службеното возило. Така и' помага, но и спречува евентуално нејзино посегање по дрога.

Си заминуваме, им почнуваат часовите за разговор со психолозите. На испраќање ни довикнаа дека се подготвени да примат и зависници од коцкање и ни го покажаа мотото на заедницата напишано на табла: „Не е можно да не паднеш, но можно и нужно е повторно да се дигнеш“.
Во Бигорски и по пожарот има згрижено зависници
Катастрофалниот пожар и изгорените конаци во манастирот „Св. Јован Бигорски“ не се причина дваесетината зависници од дрога и алкохолизам да си заминат од храмот. Тамошниот игумен се обидел и успеал за сите нив да најде соодветно сместување и никој не ја напуштил заедницата.

Инаку, овој манастир почнал со давање помош на зависници веднаш по возобновувањето на монашкиот живот во 1996 година. На почетокот тоа биле мали групи, но од 2002 година во манастирот има континуирано група од минимум 15 до максимум 25 штитеници, кои сакаат да се ослободат од зависностите.

- Им помагаме да си помогнат себеси. Најтешко им е при апстиненцијалната криза, но ние, монасите, со разговори и упорност им го ублажуваме тој период. Потоа е полесно и им даваме и задачи што треба да ги извршуваат - ни објасни отец Доситеј од манастирот „Св. Јован Бигорски“.

Штитениците во манастирот остануваат минимум три месеци, а некои и до една година. Ги има од сите краеви на Македонија, но пред се' од Прилеп, Битола, Скопје и од Куманово.
Струмичката епархија 13 години во борба против дрогата
Струмичката епархија со давање помош на зависниците започнала уште од 1997 година, кога многу млади биле прифатени во манастирите со цел да се оддалечат од дрогата. Согледувајќи го растот на проблемот во 1999 година, заедно со невладината организација „Избор“ направиле повеќе проекти во тој правец, од кој најзначаен е формирањето во 2001 година на дневен центар за лекување на зависниците. Тој се' уште функционира и предаден им е на надлежните државни институции. Иницијативата и првите средства за тераписката заедница се повторно од Епархијата, а потпомогната е од Швајцарската агенција за развој, Општината Струмица и АД „Нипром“. Засилената активност на Струмичката епархија е поради фактот дека во овој регион има регистрирано 500 наркозависници.
Македонија има 9.000 евидентирани наркоуживатели
Во Македонија во 2009 година официјално се евидентирани над 9.000 уживатели на дрога. Во статистиката на МВР стои дека две третини од овие лица се на возраст меѓу 15 и 30 години. Најмладиот регистриран наркозависник има само 13 години. Наглиот раст на корисници на дрога го покажува и податокот од 1990 година, кога кај нас имало само 337 лица во полициската евиденција.

Во периодот од 1997 до 2008 година од предозираност починале 214 млади зависници од дрога. Над 900 корисници на дрога МВР ги има регистрирано и како дилери, односно препродавачи на разни опојни средства.
Антонио Спасев<---изворhttp://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=919F2BCDF0B9E14FB2D98D9E9E7B5BD6
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.540
Поени од реакции
33.746
^ црквата.. :pos:

Кој кур фактор се они да шират (вештачки) морал, кога веќе преминаа во (буквални) банди и гледаме пресметување помеѓу монаси и слично на тв. Немаат кредибилитет. И некој да ми објасни што поента има кампањава? Неколку (признавам, добро сработени) филмчиња со потресна содржина ќе разубедат дрогираш да престане да се дрогира? Некои семејства, домови, капитал губат па не престануваат.. ова ќе помогне, right.

Кој има план да се дрогира, си се дрогира. Кој нема план да се дрогира, кулира, и не се замара со кампањи, скопски изразено.
 

noodle ®

Teetleh
Член од
3 декември 2005
Мислења
1.527
Поени од реакции
257
А овде не ги тепаат? Lame, lame lame. После се чудат зашто СПЦ е поkewl од МПЦ...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.734
Поени од реакции
12.165
^ црквата.. :pos:

Кој кур фактор се они да шират (вештачки) морал, кога веќе преминаа во (буквални) банди и гледаме пресметување помеѓу монаси и слично на тв. Немаат кредибилитет. И некој да ми објасни што поента има кампањава? Неколку (признавам, добро сработени) филмчиња со потресна содржина ќе разубедат дрогираш да престане да се дрогира? Некои семејства, домови, капитал губат па не престануваат.. ова ќе помогне, right.

Кој има план да се дрогира, си се дрогира. Кој нема план да се дрогира, кулира, и не се замара со кампањи, скопски изразено.
Не наркоман да престане туку оној кој не е да не почне.
Тие кампањи се од превентивна природа, за младите потенцијални почетници и за постарите кои (не е за чудење, има многу такви) не знаат што и како е со дрогата.


А за црквата, добра работа. Досега ги критикувавме воглавно за лошо, редно е да видиме дека прават некој проект-за добро.

noodle поарно да му ги скрши ребрата од тепање али да се тргне од тоа лајно неголи да цркне негде у некој ќош као млад и леп леш...а пред тоа да ги исцеди сите околу него и успат да истепа и опљачка.
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.696
Поени од реакции
4.869
Џабе,ништо од кампањиве , сите почнаа да легализираат лесни дрогички ,џабе наливот на кампањи,добро кажа вот ,кој сака ќе си прави тоа безразлика на кампањи и слично.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.540
Поени од реакции
33.746
Lurtz, дај молимте.

Зошто, јас, кој немам ама ич обраќано внимание на вакви кампањи, не сум, еве, дрогираш?
Такви блесави превентиви..

Како што реков, секој со својот план. Некој ако планира да почне, клипчево, верувај, не му менува ништо.

И зошто имам толку запирки во постот?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.734
Поени од реакции
12.165
Не те сфатив wot, не си за превентива или не си за ваков начин на превентива?

Доколку е првото, без превентива борба против било која болест или зависност е изгубена.
Доколку е второто, како поинаку би се извела превенција против зависности (и евентуално обид за лекување на истите).
 

Lucio

титула по желба
Член од
26 јуни 2006
Мислења
871
Поени од реакции
41
www.zivototemojotofilm.com.mk

„Дрогата е лош филм“.

Се сложуваме дека е? Се надевам дека е така. Но, дали овој проект на Владата на Р. Македонија ќе успее во спречувањето на создавање нови зависници од дрога или откажување од дрогата на веќе постојните зависници.

Значи зборуваме за кампањата, и ја спомнувам Владата на Р. Македонија како нејзин лидер. Не спомнувам никакви политички партии и затоа ќе Ве молам да не одите во такви насоки.


Извадок од тоа што го добив денес во школо

Значи, прилично бев изненаден од начинот на којшто овде се дадени информациите во врска со дрогата. Според она што го прочитав на овие неколку страни од овој, како да го наречам, флаер или прилог, мене ми се создаде поголема желба да го пробам овој вид дрога (за кој знаев и порано) отколку да го избегнувам. Но, сепак сум при здрав разум и немам потреба од такво нешто. Но, дали така би помислил еден зависник од било каков вид на дрога? Мислам дека не.

Делот којшто посебно ме изненади се наоќа на дадениот прилог.
Цитирам:
„ ...боите ги доживува посветло и поинтензивно, а звуците позасилено, доживува чувство на пријатност, релаксираност, зголемена блискост со другите, поголема самодоверба, чувство на зголемена моќ и сила, потреба од раздвиженост и непрекинато играње, а понекогаш има чувство како да е надвор од сопственото тело.“
Зар не звучи тоа како реклама за енергетски пијалок или некојси еликсир на животот?
Доколку би го прочитал овој прилог, во момент кога е свесен, нему би му се создала потреба да посегне повторно по дрога.

Кога прв пат видов една од рекламите, т.н. трејлери на телевизиски канал (не се сеќавам кој), си реков дека е можеби некој нов македонски филм, што ли сака да каже? Но, откога ја изгледав целата реклама, сфатив уствари колку глупо изгледа сето тоа. Колку е тоа сочно прикажано, за тие што се на работ да посегнат по дрога, што е можно побрзо да го сторат тоа. Се разбира, не сите... но овде, мислам дека категоријата која сакаме најмногу да ја заштитиме се помладите генерации. Дали оние деца со нарушена семејна состојба или пак оние за кои не постојат финанскиски проблеми би размислувале за да го сторат тоа што навидум изгледа како заштита од дрога?

Мислам... во последно време се трошат толку многу пари на непотребни и незначајни проекти во државата, не сакам да ги именувам, меѓу кои и овој. Не дека е непотребен, но според мене е бесмислен, просто кажано глуп.

Наместо дел од тие пари да се издвои и да се вложи во образованието, или на пример, спортот тие се трошат залудно на никакви проекти.

Сите имаме гледано од оние тинејџерски филмови, каде главните настаните се случуваат во современи и убави училишта и факултети, и околу модерни и добро посетени спортски сали или стадиони. Но тоа е само филм. И „животот е Наш филм“ нели?


Ја отварам темата за дискусија. Имате право на свое мислење, но изоставувајте критики, потфрлања и одење во други насоки кои се вон темава на разговор.
 
?

..........

Гостин
„Дрогата е лош филм“.

Се сложуваме дека е?


Зависи лош филм може и дождот да направи.
 

Lucio

титула по желба
Член од
26 јуни 2006
Мислења
871
Поени од реакции
41
Што сакаш да кажеш? Доизјасни се.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
„Дрогата е лош филм“.

Се сложуваме дека е?


Зависи лош филм може и дождот да направи.
Е браво за констатацијава. Да, дрогата е лош филм, дрогата може да ти го уништи животот, а дождот не може да ти го уништи животот, може само денот.
 
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.120
Поени од реакции
104
Уште кога излезе рекламава, без да ја гледам (поточно, и сега ја немам гледано) констатирав дека секоја реклама, колку и да е анти-реклама, е добра реклама. Нешто слично како оние антиполитички кампањи кои си ги прават спротивставените партии една на друга и по еден месец, рејтингот им е подигнат.

Се додека дрогата се експонира во јавност како нешто лошо, забрането, кое убива, процентот на нарко-зависници ќе биде зголемен. Кога ќе се легализираат, барем лесните дроги, нема да ги има толку многу.
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
2.931
Поени од реакции
251
А што е поентава они мене ке ми забранат дали да се дрогирам или слично, доколку тоа ми причинува задоволство ке го правам :) My Life! :pipi:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom