Животни (слики)

Член од
22 јули 2014
Мислења
621
Поени од реакции
766
Од нет е, но не е копи пејст, го преведов на брзина и го адаптирав...

Одам да купам кафе, пред мене човек, малку грбав, на околу 70 години. Истура од раката ситни денари и тивко вели на продавачката- Едно кафе.
А продавачката, намрштено одговара броејќи ги ситните пари- По ситни немате ли?
Освен тоа два енари ви недостигат. Човекот си ги враќа парите назад и се спрема да си тргне.
Како не ви е срам- и викам на продавачката, Јас ќе го платам кафето. Го поканив човекот на маса, му го дадов топлото кафе и седнав спроти него. Тој ми заблагодари и ја истури шепата ситни денари пред мене...рече, земете ги, нека господ ви дава дравје и секогаш да имате да давате.
Сакав да му речам дека и само 2 денари да имам, пак ќе ги дадам, но молчев. Се загледав во топлите очи, и уште пред да прашам каква судбина го снашла тој почна да раскажува...
-Клошар сум. Не ми е срам. Не сакам да ја лажам продавачката...но не секогаш бев клошар. Бев пијанист, патував многу, имав се. Имав пари,но никогаш не ми паднало на памет, дека ќе остареам, дека се може да се смени. Настрадав во катастрофа, повеќе неможев да свирам и животот ми тргна назад. Земав пензија, реаботев каде што можам...деца и семејство немам. Пензијата ми е многу мала. Таа никогаш за ништо не стигнува.

Многу ги сакам животните...Еден ден до контејнерот за ѓубре, стоеше едно гладно куче. Го погледнав, и помислив што да му дадам. Пари немав за да му купам нешто. Без да знам како, нешто ме натера да побарам храна во контејнерот. Најдов еден леб. Толку ми беше срам од луѓето што минуваат,но погледот на гладното куче впиен во мене ме охрабри. Го земав лебот, скршив едно парче и му го дадов. Тоа го лапна како никогаш да не јадело. Почнав да му кршам парчиња од лебот, за да ги јаде побавно. Паднаа неколку трошки и веднаш долетаа гладни гулаби. Почнав да ги хранам и нив...ододенаш осетив колку ми е лесно на срцето, и колку сум среќен кога успеам да нахранам некој...

Наредното утро кучето пак беше до контејнерот и гледаше кон мојот стан. Но јас бев подоготвен...носев леб натопен со манџа. Одеднаш почнав да ги забележувам сите бездомни и гладни животни во мојата населба. Порано ги подминував без да мислам на нив. Решив, дека нема ништо лошо ако барам храна во контејнерите. Решив тоа да го правам во името на животните.

Наутро станувам, собирам храна од кантите и одам да ги хранам животните. Верниот чувар што го нахранив прв, го прибрав дома. Тој ме научи дека животот не завршува со парите. Така станав клошар. Освен храна собирам и весници и пластика. Заработувам нешто ситно, и заедно со мојата пензија успеваме некако со мојот верен другар да сврземе крај со крај.

Насмевка го осветли лицето на клошарот, насмевка искрена и топла, каква што немав видено во ниту еден богаташ. Очите ми се наполнија солзи, ...-Вие штотуку ми предадовте една животна лекција. господине. Ви благодарам. Нека кафето да биде од мене. реков....А тој рече- Благодарам, што ме ислушавте госпоѓо. Благодарам и за кафето....и не заборавајте, животот е чудо! Вреди да се живее!
http://www.boredpanda.com/homeless-dogs-and-owners/

 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
да ги гушнеш и да не ги пуштиш од прегратка.
 

Attachments

Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom