Живееме во безбожен свет

  • Креатор на темата Lady
  • Време на започнување

TheBestTipster

Избраниот
Член од
8 март 2008
Мислења
2.387
Поени од реакции
97
Гледам се држите на тоа дека религијата подучува дека не треба да убиваш , не треба да крадиш , да не лажеш итн.. АЛИ , секој ден , верници и неверници го прават ова . Што е разликата меѓунив ? Ако атеистите ја шират омразата на светот , зашо верниците прават како нив ? Што грешат верниците , а што атеистите ?

И уште нешто , верниците по извршеното убиство , крадење , силување , лажење итн.. не мора да одат директ во пеколот , си имаат шанса за каење и Судниот ден , кога ќе излезат пред Бог .. 6 милијарди на судење .. WOW .. тоа би бил одличен ТВ пренос , а кој ќе го покрива тоа би добил Пулецерова награда ...

За разлика од нив атеистите , одат директ во пеколот , оти не веруват у Него , без судење ( или ќе има судење ?! ) .. Па кој има поголем мотив , оној кој со сигурност оди во пеколот или оној кој и покрај , пр. извршеното убиство , има шанса за Рајот ?

Имаше едно време , исто така едно девојче на форумот , велеше дека атеистите не се морални .. епа јас сум атеист и сум поморален од некои верници ..

Не треба религија за да имаш чуство за морал ..
 

Zeng

Thinking inside the box
Член од
9 април 2008
Мислења
1.103
Поени од реакции
31
За разлика од нив атеистите , одат директ во пеколот , оти не веруват у Него , без судење ( или ќе има судење ?! ) .. Па кој има поголем мотив , оној кој со сигурност оди во пеколот или оној кој и покрај , пр. извршеното убиство , има шанса за Рајот ?
A што вие атеистите се плашите од пеколот?

Покајувањето мора да биде искрено со цело срце бидејќи господ го гледа твоето срце, нема тука лажење.

Бидејќи вие атеистите верувате само на земниот живот и ништо понатаму кој може да ве спречи да убивате бидејќи еднаш живееш и прави што сакаш.
 

TheBestTipster

Избраниот
Член од
8 март 2008
Мислења
2.387
Поени од реакции
97
A што вие атеистите се плашите од пеколот?

Покајувањето мора да биде искрено со цело срце бидејќи господ го гледа твоето срце, нема тука лажење.

Бидејќи вие атеистите верувате само на земниот живот и ништо понатаму кој може да ве спречи да убивате бидејќи еднаш живееш и прави што сакаш.
Не сме 10 годишни деца , па вака да си размислуваме нели ?

За пеколот .. како можам да се плашам од нешто , што мислам дека не постои т.е уверен сум дека не постои ?

Ок , али по убиство , секој , ама секој , за да си го спаси животот би се покајал најчисто од срце , и ќе оди во рајот ? Ама логика ..

Пак ќе повторам , моралот нема веза со религијата .. Ако сам одлучиш дека е лошо да пукаш по луѓе , дека е лошо да лежеш итн.. нема да го правиш тоа . Едноставно е . Додека пак , религијата им помага на оние со послаб карактер ( не велам дека верниците се со слаб карактер ) , да се контролираат со мислата дека ако убијат ќе одат во рајот , им дава причина за страв , која као е посилен од желбата за неморално однесување , ќе доминира и таа личност ќе остане мирна , али емоциите и желбите ќе и се полнат внатре ( шо не е на арно ) и евентуално ќе мора да се исфилтрира негде ..

Не е до религијата , до карактерот е ! До самата личност , до самата индивидуа . На ова помага или одмага и околината ( друштвото ) и домашното воспитание ..

По трет пат , моралот не потекнува од религијата ..
 

Zeng

Thinking inside the box
Член од
9 април 2008
Мислења
1.103
Поени од реакции
31
Од човекот .. од каде што и потекнува религијата ..

Пред 10 Заповеди , немаше закони и морално однесување ?
Па бидејќи господ го создаде човекот..........го имаш одговорот.
 

TheBestTipster

Избраниот
Член од
8 март 2008
Мислења
2.387
Поени од реакции
97
Па бидејќи господ го создаде човекот..........го имаш одговорот.
Тврдиш дека сме од Него ?
Ако да , дај доказ ..Опиплив доказ .. нема нели ?

Законите и моралот потекнува од луѓето , од нивната личност , нивниот карактер .. Што мислиш зашо има попови кои силуваа мали деца ? Нели оние се контактот со Бог ? Во тој случај се полоши од обичен убиец ..

Имаше еден филозоф кој велеше дека се раѓаме неутрални т.е не знаеме што е добро , а што лошо , туку тоа го учиме со текот на времето , и тоа искуство определува дали ќе бидеме морални или не ..
 

Zeng

Thinking inside the box
Член од
9 април 2008
Мислења
1.103
Поени од реакции
31
Тврдиш дека сме од Него ?
Ако да , дај доказ ..Опиплив доказ .. нема нели ?

Законите и моралот потекнува од луѓето , од нивната личност , нивниот карактер .. Што мислиш зашо има попови кои силуваа мали деца ? Нели оние се контактот со Бог ? Во тој случај се полоши од обичен убиец ..

Имаше еден филозоф кој велеше дека се раѓаме неутрални т.е не знаеме што е добро , а што лошо , туку тоа го учиме со текот на времето , и тоа искуство определува дали ќе бидеме морални или не ..
АААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААА!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Доста со тој опиплив доказ!!!!!!!!!!!!!!!!
Ти го понудив ти нити го свати нити пак го виде!!!!
Едноставно господ да се симне вие нема да го признаете како таков затоа и го распнаа Исус.

А за тоа дека се раѓаме неутрални тој некој филозоф малку не е со сите изгледа. Зашто бебето плаче, зашто јаде тоа што му се допаѓа.
Затвори човек од раѓање во просторија без никаков контакт па прашај го дали е добро да убие друг како него........што мислиш дека ќе ти одговори?
 

TheBestTipster

Избраниот
Член од
8 март 2008
Мислења
2.387
Поени од реакции
97
АААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААА!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Доста со тој опиплив доказ!!!!!!!!!!!!!!!!
Ти го понудив ти нити го свати нити пак го виде!!!!
Едноставно господ да се симне вие нема да го признаете како таков затоа и го распнаа Исус.

А за тоа дека се раѓаме неутрални тој некој филозоф малку не е со сите изгледа. Зашто бебето плаче, зашто јаде тоа што му се допаѓа.
Затвори човек од раѓање во просторија без никаков контакт па прашај го дали е добро да убие друг како него........што мислиш дека ќе ти одговори?
Доказот не е доказ .. ајде јас ти има контра доказ на тоа .. скелети и фосили ..

Бебето плаче поради ширењето на белите дробови , поради глад и жед итн.. Тоа нема веза со темата ..

А за човекот , ќе ти умре .. пробај вака , остај бебе во џунгла ( како Тарзан :tv: ) , па после питај го дали е во ред да убие или не ..

Ако ловело животни и убивало , че ти каже да , ако прво ти го научи јазикот за да комуницирате ..

најлесно питај , 5 годишно дете дали е добро да лаже , краде , убива , силува итн.. па види одговор .. мада и тој нема да биде ептен “чист“ , воспитанието ќе игра улога во неговото мислење ..

Инаку , првите закони потекнуваат од цивилизации што немаат никаква допирна точка со Евреите и Христијаните ..
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Во Пакистан обесено седумгодишно момче од својот учител


Ученик во верско училиште во пакистанската провинција Панџаб го изгубил животот бидејќи учителот го казнил затоа што не ја научил лекцијата за Куранот, пренесува Блиц.
Момчето Атиф, старо седум години било обесено за вентилаторот на плафонот во средата. Здравствената состојба на Атиф постепено се влошувала и тој на крајот починал во канцеларијата на професорот. Учителот го уапсила полицијата.
Хуманитарните организации истакнуваат дека децата во Пакистан се често подложени на злоупотреби а податоците покажуваат дека бројот на злоупотребени деца во 2007 година бил удвоен во однос на претходната година и изнесувал 1595.


Автор на веста: Нетпрес

колку прекрасно, а...
ова е едно од нештата за кои треба да ги сакаме религииве...
другите се спалувањето на клада, крстоносните војни, сега ова со ал каеда и слични...
 

TheBestTipster

Избраниот
Член од
8 март 2008
Мислења
2.387
Поени од реакции
97
Сега видов :

Едноставно господ да се симне вие нема да го признаете како таков затоа и го распнаа Исус

Атеистите се криви за распнувањето на Исус ?
 

Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
Атеистите се криви за распнувањето на Исус ?
Веројатно и инквизицијата ја создале атеисти.
На крај,за се се виновни атеистите.
Инаку,Зенг праша,што би не спречило да убиваме луѓе,кога не веруваме во Бог и казна?
Значи,моралот во религијата,се базира на казната во Пеколот.Религиозните луѓе,значи,се морални,само поради тоа што се плашат од казна,а не затоа што,како човечки суштества со свест,наша должност е да го подигаме нивото на нашиот морал поради самоисполнување,поради подигање на повисоко ниво на нас лично како индивидуи.
Што ќе се случи,ако на крај се докаже дека не постои Бог или пекол?
Значи,кога стравот од казната нема да постои,со него ќе си отиде и моралот и етиката која се пропагира на основа на таа казна?
Самото тоа што основата на правилата на живеење кои ги дава религијата,е поставена на принципот грешка и казна,тоа ја прави истата шупливи,бидејќи,кога истата не би постоела,грешките би биле дозволени.Не ми треба таков морал.
На крај,верувам дека Исус постоел и бил голем и многу интелигентен човек,кој ја оставил можеби најважната порака за човештвото-пораката за љубов и почит кон сите,за вистински човечки вредности кои ќе се базираат на високоразвиена свест на човечкиот род.
Таа порака важи за сите,но самото негово издигнување во божество,им дава екслузивност на оние кои го направиле тоа и оние кои веруваат во тоа,а ги дискредитира останатите.Со самото тоа се создава поделба.Divide et impera.Раздели па владеј.Тоа е и целта.И како што гледам,исполнета е во целост.
 

Zeng

Thinking inside the box
Член од
9 април 2008
Мислења
1.103
Поени од реакции
31
Луѓе, луѓе се сте сватиле погрешно. Можеби затоа не верувате во господ, вие мислите дека ние религиозните се плашиме од пеколот и само заради тоа не убиваме. Тоа би била и не толку лоша приказна, но не е само тоа.
Како што велат има повеќе од што очите гледаат.
На кратко работата е да го сакаш човекот да не му земаш за зло дури и кога ќе ти згреши или повреди да му простиш и понатаму да го сакаш бидејѓи сите сме исти од иста крв и месо но различна душа која треба да биде едно т.е. се.
Нормално ако си верник да се плашиш од пеколот кој за верниците е стварен колку и рајот.
Исус Христос бил богочовек кој ја проповедал вистината за Бог-неговиот татко, за неговата љубов кон својата креација и за тоа колку ние луѓето сме слепи и не гледаме.
Но ќе дојде времето на тие што веруваат во Бога вистински и ќе бидат наградени со вечен живот
 

Zeng

Thinking inside the box
Член од
9 април 2008
Мислења
1.103
Поени од реакции
31
Еве дел од една песна не кажувам од која група ни која песна е, кој знае знае.

Jah forgive us
For forgetting
Jah help us
We need more loving
See the teachers
Are representing you
So badly
That not many can see you

Let not another child be slain
Let not another search be made in vain

Jah calls the ones whos
Beliefs kill children too
Feel the love of you and be healed
And may we all cry too
For representing you
So badly so badly

Jah forgive us
For forgetting
Oh jah help us
To be forgiving
The teachers are representing you
So badly that not many can see you

Let not another child be slain
Let not another search be made in vain
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Бидејќи вие атеистите верувате само на земниот живот и ништо понатаму кој може да ве спречи да убивате бидејќи еднаш живееш и прави што сакаш.
Ова сериозно го напиша или се заебаваш, што е тоа? анархија, безредие, кој кого сака утепува..е не оди тоа така, ако е така кој ќе спречи да и самиот не бидеш убиен, опљачкан и .. Затоа се организира општество, држава.
Логиката ти е....:tapp:
Баш затоа што е само овој живот се трудиме да го одживееме поквалитетно и поисполнето..без манијачења..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom