Многу ретко некоја добра приватна фирма да бара работници од агенцијата за вработување тоа повеќе го искористуваат газдите на продавниците, фабриките, и др кои што даваат мала плата и ова им е шанса за подолго време да ги задржат и да им работат бесплатно или да им доплатат нешто ситно.
Значи приватните работодавци вака сакаат работници кога владата ќе им дава пари, а инаку на неопределено не примаат.
Додека има работа ќе те користат како вол и ќе работиш и за другите работници, а некој цел ден ќе спие и ќе зима поголема плата, а имате иста диплома. Едниот ќе зима 5000 а другиот 15000 - 25000.
Подобро ќе работам во некој кафич, маркет и ќе зимам дупло повеќе отколку на некој да му бидам слуга и секое утро на службениците да одам да им купувам јадење и да им варам кафе.
Секој ден ги гледам ваквите практиканти низ државните институции џабе е се си мислат дека ќе ги земат на работа.
пример ако се смени владата или градоначаникот на една општина кој е од друга партија има сите како партали да летаат.
Ако имаш книшка и без пракса ќе те вработат ова е само замачкување очи пред избори демек владата се интересира за невработените.
И без пракса зимаат да работиш како професор, но треба книшка и дебели врски.
Некои со години работат како практиканти со надеж дека еден ден ќе го работат тоа што го научиле, а некои пак само што завршиле факултет им го зимаат местото е за тие нема ли потреба од пракса или они се родиле учени?
Истото е и со вработувањето на инвалиди во приватни претпријатија.
Газдите зимаат по 4000 ден од владата и по големите маркети гледам жени без една рака и цел ден носат производи, ова е искористување на немоќно лице и работат нон стоп за празници и викенди.
Сега сите огласи се со барање на инвалиди и не сум против нивно вработувње, но вакви луѓе не смеат да бидат злоупотребени и третирани како нормални луѓе кои ќе работат во магацини каде цел ден ќе се мачат да влечат тешки производи и сл.
Наместо државата да им ги дава тие пари како инвалидска пензија и да си седат дома или да им се даде некоја лесна работа, а не ги споредуваат со здрави лица.
Кај нас во Штип една конфекција има 50 вакви работници кои владата ги плаќа, а газдата си ужива не знае што е тоа плата.
Од реномирана фирма стана место каде што се искористуваат работниците, па дали има инспекција да дојде да види какви луѓе има оставени без надомест од владата, а мора да работат за 4000 ден.
Ги собрале и оние со 50% оштетен вид и слух или без рака или искривени, срамота да му работат за 4000 ден.
По итно да се прекине со овие глупости и да им се даде пензија.
И на приватните претпријатија ако им требаат висококвалификувани работници нека бараат со диплома, а таквите обично имаат и пракса од факултет и можат лесно да научат способни се, и нема потреба да им работат без пари.