Ефтим Гашев - Политички затвореник за Македонија

Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
Значи секоја чест на човеков. Кога го гледам ми се засилува вербата во мојот народ и се радувам дека покрај толку многу предавнички ѓубриња во државава постојат и луѓе кои не подлегнале на никаква пропаганда и не дозволиле да им кажува никој кои се и што се.
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Не сме се соочиле со тие ѓубриња што го направија злосторот врз Македонците после 1945 година.
Тоа е целата фалинка на нашата држава и народ.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
УДБА, кодоши, факти и новинари

Во коментарот, во еден дел, се пишува за најавените намери директорот на македонскиот Архив Зоран Тодоровски да биде во комисијата за лустрација, со која, според допрва донесен закон, ќе се отвораат досиеја, и ќе се бараат и осудат кодоши, соработници на тајните полиции во Македонија од 1945 до денес.

Во врска со напишаното, во коментарот беше спомнат познатиот публицист Ефтим Гашев, при што беше цитирана негова изјава дадена за новинарот Васко Ефтов, емитувана во емисијата Во Центар.

По објавувањето, Ефтим Гашев до Вечер достави кус допис во кој го пишува следното. - Господине Латас, во Вашиот понеделнички текст под наслов "Живеј", го спомнувате моето име во нереална конотација. Помеѓу другото пишувате: Во емисијата на Васко Ефтов излезе Ефтим Гашев и изјави дека него по Војната во УДБА го испитувал и малтретирал никој друг, туку родениот татко на архиварот Зоран Тодоровски...

Морам да Ве демантирам, господине Латас, јас ваква изјава во ТВ емисијата на новинарот Васко Ефтов не сум дал. Затоа, Ве молам мојот демант да го објавите во Вечер.

Со почитување кон Ефтим Гашев демантот, еве, го објавуваме во целост.

Со почитување кон фактите, во целост, детално стенограмски симнато, ја објавуваме и неговата изјава дадена за новинарот Васко Ефтов, а објавена во емисијата Во Центар, каде што публицистот Ефтим Гашев дава изјава во својство на сведок, по Војната прогонуван од УДБА за своите политички ставови.

ПРАШАЊЕ (Васко Ефтов): Дали таткото на Зоран Тодоровски (Перо Тодоровски н.з.) Ве испрашуваше и беше офицер на УДБА?

ОДГОВОР (Ефтим Гашев): Во тој период затворот Идризово беше полигон на УДБА, и офицерите на УДБА го водеа полигонот и ги превоспитуваа, под наводници македонските патриотчиња, и ги тепаа и претепуваа... а офицерите на УДБА беа подуправители на затворот. Тие подуправители беа Таки Маја, Перо Тумачот Тодоровски... тоа беа луѓе задолжени за превоспитување на македонските вмровчиња... (понатаму, уште еднаш, на потпрашање, се потврдува претходното).

Тоа се кодошите, нивните иследници, фактите и новинарите. За среќа, фактите остануваат и живеат подолго од кодошите и иследниците.

http://217.16.95.52/?ItemID=793593A8D6349B49AA91F97F272DE5CF

.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Двајца од оние што беа судени со мене се стрелани, а во Идризово, каде што робував, бевме петилјадна група. Не бев во затвор 7 години, тоа беше робија. Една година од тие седум поминав и во Добој (БИХ), каде што не тераа да кршиме камен на минус 20 Целзиусови степени и под рефлектори по полноќ - се сеќава скопјанецот Ефтим Гашев.

Во неговиот глас нема тага за младоста помината по затворите, нема жал за загубеното достоинство, нема горчина за тепањето по полициските подруми... Кога зборува, тој со лутина го крева тонот и вели: "Имам 80 години, ама размислувам исто како во 1945 г. Таков сум бил тогаш и цел живот така се чувствувам".

Што е тоа што старецот го прави лут и што не му дава мир? Зошто кога зборува за денешната држава се вознемирува исто како кога се потсетува за власта од 40-тите години на минатиот век, онаа која го прогонувала и судела? Што го натера да рече "сегашните судови во Македонија се исти како и оние од 1945 година"?

ДЕКЛАРАЦИЈА
"Собранието попладнево ја усвои Декларацијата за извинување на жртвите од репресијата од режимот во периодот од 1945 до 1990 г., предложена од пратеничката група на Либералната партија... Сите кои дискутираа се согласија дека донесувањето е задоцнето, но и оти е подобро што тоа се прави сега отколку да не биде направено никогаш", јави Македонската информативна агенција на 4 април.

Со документот македонската држава се обврзува да создаде законски и други правни основи за утврдување на поединечните случаи на неоправдано репресирање на граѓаните и услови за праведна сатисфакција за сторените неправди. Во документот, Собранието се залага досиејата од МВР да им се стават на располагање на репресираните и на нивните блиски, како и на органите што треба да ги испитаат случаите.

Во Декларацијата се вели дека за целосно расчистување на случаите е неопходно да се стави на располагање и архивата на поранешната Комунистичка партија на Македонија и Сојузот на комунистите на Македонија. Според Стојан Андов, претседател на Либералната партија, многу е важно да се формира комисија која ќе се грижи за доследното спроведување на Декларацијата.

"Во Комисијата треба да влезат луѓе кои навистина се компетентни и политички стручни, како и оние кои се подготвени да работат и овие прашања да се доведат во ред. Сите овие закони треба да се донесат. За овој пратенички состав веќе нема време", вели Андов.

Според него, најголем дел од законите потребни за реализација на Декларацијата може да се донесат за една година. "Тоа би требало да биде еден потфат на реформа на нашите политички концепции за развој на демократијата и востановување на нејзините темели. Затоа не треба да се одложува", вели тој.

НЕЗАДОВОЛСТВО
Гашев вели дека не е задоволен со извинувањето што државата го направи преку Декларацијата. "Праведна сатисфакција за нас е да се признае кој е тој што ни згрешил. Барам оваа држава во име на претходната, а не во свое име, да ни даде почит и признание за нашиот опстој и непокор, но уште поважно е да ни се извинат оние кои ги правеа тие репресии", вели тој.

Ефтим Гашев бил осуден на 12 години затвор поради неговото учество во илегална група која се викала Македонско национално движење "Бунт".

"Имавме вистинска вмровска програма, а не вакво ВМРО, чаршиско, измислено од кариеристи. ВМРО на нашите дедовци и прадедовци. Нашата организација 1945 г. вербално се побуни против југословенското решавање на македонското прашање. Бевме против федеративното уредување на Југославија, каде што Македонија требаше да претставува вазалска република. Сакавме да имаме своја држава. Сегашнава држава ја имаме затоа што македонскиот народ на референдум реши да живее во самостојна држава. Тогаш немаше референдум за да влеземе во Југославија - таму не натуркаа со сила", ги опишува Гашев целите на организацијата поради која бил осуден.

Тогаш тој бил матурант, имал 19 години, а млади биле и другите членови на организацијата. "Рековме дека не сакаме Југославија, дека сакаме самостојна македонска и обединета држава и дека сакаме демократија, под заштита на големите сили и на Америка. Тогаш ме затворија и ме осудија на 12 години, а други двајца се стрелани. Што има да се зборува повеќе?", прашува тој.

ОРГАНИЗАЦИИ
Според Блаже Ристовски, во периодот по ослободувањето од фашистичката окупација имало многу организации што се бореле за самостојна Македонија. Комунистичката власт, вели тој, сите нив ги подведувала под името вмровски движења и затоа треба да се биде многу внимателен со ваквите случаи.

"Во тоа време немавме никакви познавања од нашата историја: го знаевме она што го пишуваа Србите и Бугарите. Кога некој ќе речеше дека се бори за самостојна Македонија, зад тоа можеше да застане секој Македонец. Овде имавме една федерација во која навистина се градеше македонска република, ама само во еден дел. Обединета Македонија ги привлекуваше луѓето затоа што некогаш Македонија беше цела и во време на војната со разни манипулации се издејствува да остане само овој дел на фронтот", вели академикот.

ШТО ТРЕБА ДА СЕ НАПРАВИ?
Тодоровски вели дека за репресираните да добијат задоволителна сатисфакција е потребно да се направат неколку работи:
* формирање владина комисија за проценка за сторените злосторства;
* одликување со соодветни медали или лицата кои биле прогонувани за идеите за самостојна и независна Македонија да бидат прогласување за заслужни граѓани;
* предавање на сите архиви - отворање на архивата на ЦК на СКМ, која се уште не е достапна;
* донесување законски и други правни акти за утврдување на случаите на неоправдано прогонуваните лица, создавање услови за праведна сатисфакција на репресираните лица и на нивните семејства, како и компензација на штетата;
* изградба на споменик на жртвите на комунизмот;
* формирање музеј;
* прогласување на ден на жртвите на тоталитарниот режим во Македонија.

Во тоа време со ВМРО раководел Ванчо Михајлов, кого комунистичката власт го сметала за непријател број еден. "Под формата обединета и самостојна Македонија, или Швајцарија на Балканите, како што велеше Михајлов, неговите приврзаници го залажуваа особено младото поколение кое имаше афинитет кон независна и обединета Македонија. Сите ние тоа сме го сакале. Јас поради тоа и сум лежел во затвор. Сите мечтаевме за самостојна Македонија. Тоа беше платформа што беше многу примамлива, особено кога не се знаеше што стои зад неа. Бугарската обоеност на Ванчо Михајлов никој не ја презентираше, нашите селани се вклучуваа понекогаш во такви групации, меѓутоа, не знаеја дека зад тоа стои, всушност, бугарската теза и тоа и на нашите денешни генерации не им е сосема јасно", тврди Ристовски.

ЈАЗОЛ
Според академикот, ова е многу сложено прашање, зашто не може сите случаи да се сведат под една линија. "Јас не можев ни да помислам нешто надвор од Македонија и македонштината, но кога отидов в затвор, ме третираа како вмровец: сакам да ви кажам колку денеска тоа е сложено како прашање - од правен аспект и од практичен аспект, не може се да се подведе под една линија, мора да се проучат сите случаи и да им се одреди категоријата. Најголемиот дел од нив беа чесни луѓе", објаснува Блаже Ристовски.

Според историчарот Зоран Тодоровски, вкупната бројка на репресирани од режимот по 1945 година изнесува околу 50.000. Тука спаѓаат оние кои биле убивани, судени и интернирани, но и оние кои биле следени и за кои постојат полициски досиеја. Тој ги собирал податоците во времето пред, но и кога директорувал со Архивот на Македонија, во времето кога на власт беше ВМРО-ДПМНЕ.

ИМИЊАТА
Професорката на Филолошкиот факултет, Јасна Котеска, пак, ќерка на поетот Јован Котески, кој во 80-тите бил суден и затворан, но во подолг период и следен, во неколку наврати во медиумите зборуваше за објавување на имињата на соработниците на безбедносните служби.

Таа изјави дека сатисфакција за страдањето низ кое поминал татко и ќе биде ако се обелоденат имињата на оние кои ги полнеле досиејата со лични податоци од животот на следениот. Според неа, страшно е што со тогашните безбедносни служби соработувале и многумина од најблиските пријатели на нејзиниот татко. Според прописите, блиските на следените имаат право на увид во полициските досиеја, но, притоа, не смеат да ги објавуваат имињата на полициските "доушници".

"Имаше укажување дека постои опасност ако се објават некои од овие имиња. Со објавувањето е можно да се наруши дигнитетот на некое лице кое водело досие. Од друга страна, што да речат оние кои со години биле малтретирани, затворани, судени? Нив не ги заштитуваме: по име и презиме се знаат. Ги заштитуваме само оние кои, на некој начин, влијаеле на нивната судбина", вели Зоран Тодоровски.

Стојан Андов, пак, вели дека во моментов се има заземено став да не се објават имињата на соработниците на безбедносните служби за тие луѓе да не страдаат, но исто така и нивните семејства. "Од друга страна, пак, ако не се објават имињата, постои опасност целата таа мрежа и понатаму да постои и понатаму да биде во служба на некои центри на моќ во државата. Тоа, фактички, ќе го попречува демократскиот развој. Затоа сметам дека треба да формираме комисија што ќе ја расчисти таа работа и ќе ги одмери работите", предлага Андов.

ПРЕСМЕТКА
Лидерот на либералите вели дека со простувањето на политички репресираните по 1945 г. и со евентуалната сатисфакција ќе се продлабочи демократијата во Македонија. "Ќе се зајакне лојалноста на цели слоеви население и кај Албанците и кај Македонците и кај другите етнички заедници. Ќе сфатат дека ова е земјата во која треба да веруваат, дека правдата е достижна, дека веќе не се третирани како народни непријатели, туку дека се изедначени и по статус и по достоинство со сите други граѓани. Ние сакаме со извинување, со простување и со евентуална сатисфакција да се обезбеди нова хомогенизација и засилување на процесот на формирање вистинска политичка нација", вели тој.

Андов објаснува дека не може да се предвиди дали спроведувањето на законите кои ќе произлезат од Декларацијата ќе предизвика судски процеси за некои од поранешните комунистички раководители.

Професорот Ѓорѓи Марјановиќ, пак, вели дека тоа, најверојатно, нема да се случи, зашто за најголем дел од случаите има застареност. Единствено што може, вели тој, е да им се вратат имотите на оние осудени на кои државата им го конфискувала имотот или, пак, државата да им плати отштета и да им го признае стажот на лицата кои биле в затвор или на принудна работа.

"Во мојата пресуда пишува дека сум казнет со тешка принудна работа. Ако за тие 7 години сум работел и дење и ноќе, јас сум создавал материјални добра: на управителите, на чаушите, сум им правел мебел, сме им правеле килими. Во Добој кршевме камен и лето и зима за автопатот Братство единство, ја пробивавме Галичица, правевме резиденции на Водно...", објаснува Гашев.

Тој вели дека не бара да му се плати отштета што лежел в затвор, туку бара да му се плати за присилната работа: "Персискиот килим што го имаше тогашната раководителка Вера Ацева, го правевме ние во Идризово. Таа треба да го врати или да го плати. Една четвртина од него е моја. Барам да ми се плати физичката работа".

ВО БУГАРИЈА - ЗАКОН
Втората година по паѓањето на комунизмот, во 1991 г. бугарскиот парламент донесе Закон за политичка и граѓанска рехабилитација на репресираните лица. Законот претрпе неколку измени, а последната е од април 2006 г. Законот ги опфаќа лицата кои биле незаконски репресирани поради нивното потекло, политичките убедувања или религиозните верувања во периодот од 12 септември 1944 г. до 10 ноември 1989 г. Во таа категорија се вклучуваат луѓето осудени од Народниот суд (1944-45 г.), незаконски задржувани од МВР во годините на комунизмот, затворани во казнено-поправни установи, како и принудно трудовомобилизирани, интернирани, иселувани и населувани по административен ред.

Кон кругот на репресираните се вклучуваат и бугарските Турци, чии имиња беа присилно променети при т.н. возродителен процес од крајот на 80-тите години на минатиот век. Репресираните (или, ако починале, нивните наследници) добија право на еднократно обесштетување за претрпените имотни и неимотни повреди. Моментно, според податоците од Сојузот на репресираните во Бугарија, има околу 4.000 такви лица.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
- 2 -

Законот кој беше донесен во 1991 г. имаше 4-годишен рок на траење. За тоа време репресираните добија еднократна помош од 10 до 50 илјади деноминирани лева. Во тој период дејствуваше и централна комисија во Министерството за финансии, која ги примаше молбите за помош. Со поправки кон Законот од 2005 г., Народното собрание реши репресираните да добиваат додаток од 20 до 30 лева (10 до 15 евра) кон месечните пензии. Со закон беше уредено и враќање на конфискуваното земјиште на судените од т.н. Народен суд.

КОСТЕНОТ Е ВО РАЦЕТЕ НА СОБРАНИЕТО
Во Основниот суд 1 во Скопје велат дека не е многу голем бројот на оние со претставки поврзани со репресиите во периодот 1945 до 1990 г. Според Милан Доганџиски, потпретседател на судот, минатата година имало три вакви барања, од кои ниту едно не било прифатено. Според него, ова прашање што треба да го реши Собранието, а не судот.

"Ние само ги спроведуваме законите онакви какви што се", вели тој. Ефтим Гашев од овој суд побарал повторно да го разгледа случајот, но судот го одбил неговото барање со образложение дека нема нови докази. И Апелацискиот суд, разгледувајќи ја неговата жалба, постапил исто. Во моментов тој има поднесено претставка до Јавното обвинителство кое, како што вели, би требало да побара повторно отворање на случајот. Доколку тоа не се случи, тој најавува тужба во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур. Правниот консултант на Советот на Европа, Светозар Ристески, потврдува дека постојат правни основи случајот на Гашев и сличните како неговиот да бидат разгледани во Стразбур.
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Додека имаме подлизурковци, Македонија нема да мрдне напред, само ке се вртиме во круг.

Што да кажам за човеков освен вистински Македонец, што животот го заложил за Македонија
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089
Непокор

Кога Те видов еднаш или двапати на телевизија, посакав со восхит да Ти ја стиснам раката. Рака корава, дамарлива, испиена, жилава, лузничава од зар'ѓаните прангии. Да се прегрнеме братски и да си ги издушиме маките и страдањата од болшевичката тиранија, само затоа што не потклекнавме непокорно пред аветот на македонскиот грозомор. Затоа што како Македонци по род, сознание и чувство, ја сакавме татковината Македонија повеќе и од родената мајка.

Ти, како Македонец од пиринскиот дел на Македонија, не сакаше и не даваше бугарскиот туѓинец да ти ја гази и погани земјата, а ние овде му се спротивставивме на југословенскиот титоизам како на македонска судбина и опција.

За тие родољубиви "греови" Македонецот е расперуван на крстот на сопствената голгота, испраќан во сургун или кај "горниот". За што друго, впрочем, ние би зборувале, освен за вечната тема: Македонија и инквизицијата по енкаведеовските казамати во Бугарија, Грција и Југо-Македонија. Би се "фалеле" кој повеќе бил мачен и толчен!

Очекував дека ќе Те сретнам овде, во столнината на слободниот дел на Македонија, при презентацијата и промоцијата на Твојата исповед: "Македонија мојата потпора". Но, Ти беше отсутен. Си бил болен, рекоа. Ги лекуваш раните од мракобесието. Каква ли е таа жива рана што со векови не заздравува, туку како аманет се пренесува од колено на колено; од татко на син, од дедо на внук. И така до вечноста.

Промоцијата Ти беше мошне скромна. Амбиентот, атмосферата и декорацијата меанска (Клуб на новинарите). Неколку маси; дваесет љубопитни поклоници на македонштината; една-две тв-камери и неколку новинари, веројатно по "задача". Организаторот и инспиратор на изданието и неговото претставување: ентузијаст, новинар, македонски родуљубец, со чувство на достоинство го одбележа настанот. Промоторот, исто така новинар, слободумно перо на македонската журналистика.

Додека се одвиваше промотивното сценарио за трагичната сторија на авторот на книгата, непокорниот Пиринец Крум Монев, еден млад човек од челната маса нервозно ги триеше рацете со поглед и мисли заскитани, нурнати во длабочините на судбината на својот татко, немилосрдно испишана од непоткупливите третовечерни наречници.

На соседните маси се јадеше, пиеше, додека тропкаа магичните зарчиња на "душешот". На нашите маси по едно сокче, колку да не е без ич. Се разбира, благородните бизнисменски спонзори се заинтересирани за "посериозни" проекти: Лепа Брена, Змијанац, Цеца - Арканица, Бреговиќ, Чолиќ, Хулио, Џиновиќ, Ковач, некои недовршени мемоари...

По промоторот се огласи синот на авторот на "Поткрепата". Ни ги пренесе поздравите на големиот, болен татко и ни го прочита неговото послание. Во пораката Крум Монев, покрај другото, го изнесе и своето огорчување од индолентноста на актуелната власт на неговата татковина за некои македонски состојби. Невообичаено, на промоцијата се огласија некои од гостите. Маркантната политичка фигура од социјалистичката револуција и изградбата на социјализмот во Македонија, г. Крсте Црвенковски, го поздрави авторот и појавувањето на неговата книга со израз на симпатии за борбата на Македонците за државна и национална самобитност.

Се јавив и јас за збор, колку за да го поздравам драгиот Крум и да му го алалисам мајчиното млеко со кое Македонската го закрмила и заветила, да не го витка 'рбетот пред насилниците на родот и Родината. Присутниот син во име на татка си ми ја посвети "Поткрепата", а јас, за да не останам "покусо", како армаган му ја испратив мојата книга "Нашата кауза".

Книгата ја прочитав на здив, со воздив, почит, восхит и со возбуда. Како што гледам, Круме, времето не ни застанало. Лузните во душата од ден на ден како да се продлабнуваат. Ме восхитија автобелешките за твојата политичко-патриотска физиономија. "Ах, Пирине, Пирине мој! Ти си ми најголемата гордост. Ти си нашата чудесна легенда, ти си најпосле најголемиот и убав бисер врз круната на поробена и парчосана Македонија!... Јас сум се заколнал дека во бугарска касарна мојата нога нема никогаш да стапне... Јас одам да си го исполнам долгот кон Македонија, а не кон Бугарија!... Ако ја немав несреќната Македонија одвај дали ќе успеав да оздравам како човек, кој оди со двете нозе и не се потпира на своите раце, т.е. не лази!"

Што за сево ова денес би кажале софиските главешини и нивните македонско-емигрантски марионети? Кога ве судеа, болшевиците ве третираа како "бандити", "автономисти", "ванчовисти", "фашисти", "вмровци"... а денес вие сте "македонисти", "србоагенти", "титоисти", предавници на бугарштината во Македонија. Позната матрица, мој Круме! И со нас беше исто. Но, вистината излезе на мегдан. Опцијата за самостојна и суверена македонска држава, макар и на само еден дел од Македонија и македонското национално сознание на македонскиот народ, наспроти бугарската и југословенската опција, денес е реалност дури и за далтонистите. Ние и Вие и Тие од Беломорјето, бевме, останавме и ќе опстоиме само како Македонци!

А, ВМРО?! Тој пиемонт на македонскиот непокор, златна страница на бурната и бунтовна историја, традиција и инспирација, идеја и идеал на сиот честољубив и родољубив македонски народ; независно од индивидуалните и групните програмско-политички определби и неопределби. Додека, пак, ВМРО-партии, тоа е нешто сосема друго! Тоа е дневно-политичка злоупотреба во борбата за власт и превласт, плагијат, за партиско-лидерски рејтинг и маркетинг.

Деновиве, Круме, прочитав во весниците дека шефот на руската држава за трагичните последици од државниот терор во идеолошките "народни" демократии покајнички рекол: "...болшевичкиот режим е заснован врз злосторства над народот!" За ваквата вистина, ниту кај "вас", во Бугарија, ниту кај нас, ниту збор. Молк! ТРАНЗИЦИЈА!

Ефтим Гашев

Дневник, 12. август 1998
 
Член од
26 март 2005
Мислења
237
Поени од реакции
94
Секоја чест за господинот Гашев. Јас одамна го знам тој патриот. И тука би сакал да дадам пример како се пишува бугарска “историја„. Во книгата “Новата национално-освободителна борба в'в Вардарска Македонија, 1944-1991г.“ Димитар Гоцев ( роден 1942 г. во с. Панчарево, Штипско ) пишува :

"Наред с масовите убијства без с'д и прис'да в краја на 1944 г. и през цјалата 1945 г. с'рбокомунистическите власти организират и с'дебни процеси срешту водештата б'лгарска интелигенција.
Сред п'рвите подс'дими са: Д. Гјузелев от Дојран, доктор по философија, инж. Д. Чкатров от Прилеп, инж. Спиро Китинчев от Скопие, д-р К. Робев от Битолја, д-р В. Светиев от Битолја, д-р Вл. Туджаровски от с. Лјубојно, Битолско, инж. Хр. Светиев от Битолја, д-р Ас. Татарчев от Ресен, В. Хаджикимов от штип, д-р П. Б'рдаров от Прилеп, Ст. Стефанов, јурист от Кратово, Ил. Коцарев, јурист от Охрид, инж. В. Спанчев от Деб'рско, Роза Којзеклиева, учителка от штип, Н. Павлов, јурист от Тетово, д-р Бл. Панчев от Скопие, д-р П. Хитров от Велес, Ал. Костов, јурист от Битолја, Хр. Ризов, тьрговец от Битолја и хилјади техни сподвижници и последователи от цјала Вардарска Македонија, все видни дејци на ВМРО и Македонската младежка тајна револјуционна организација (ММТРО). Освен в борбата срешту ср'бското робство, в годините на освобождението 1941 -1944 г. те застават начело на б'лгарското национално-културно дело в Македонија. Чрез тјахното с'дене и „ос'ждане", пише в своите спомени В. Хаджикимов, новите с'рбокомунистически власти изправјат на подс'димата скамејка б'лгарската историја, б'лгарското национално с'знание, култура и език в Македонија. В ср'бските с'дилишта до 1941 г. борците за освобождение на Македонија са с'дени по Закона за преследване и уништожаване на разбојниците или по ЗЗД. Сега, пред „македонскија с'д", ги изправјат по „Закона за македонската чест". Всеки, којто се чувства б'лгарин или смјата, че историјата, език'т и националността на славјанското население в Македонија са б'лгарски, автоматично попада под суровите наказателни параграфи на този антиб'лгарски закон с дежурното обвинение, че работи против „народа и д'ржавата", че е враг на „нова југославија", на братството и единството на „југославските народи" и пр.
Преследваните от с'рбокомунистическите власти б'лгари се оказват подс'дими за с'штите обвиненија, както и пред кралските ср'бски с'дилишта до 1941 г. - затова, че са б'лгари, че се борјат за свободата на б'лгарите в Македонија, че искат да отк'снат Вардарска Македонија от југославија, да с'здадат независима Македонија или да ја прис'единјат к'м Б'лгарија и т.н. За тези обвиненија Д. Гјузелев, Д. Чкатров и оште 200 души техни другари ка Студентскија процес в Скопие през 1927 г. са ос'дени на по 15-20 години строг т'мничен затвор от ср'бските поробители.
На процесите, организирани срешту посочените и други видни интелектуалци, те са обвинени, че са посрештнали влизането на б'лгарската армија в Македонија (през април 1941 г.); че заедно с'с своите последователи и с'мишленици са работили за в'зраждането и победата на б'лгарската национална кауза в Македонија, като по този начин са дејствали против „своја собствен народ".
На проведенија от 28 мај до 2 јуни 1945 г. с'дебен процес в Скопие тримата нај-видни р'ководители на ММТРО и всепризнати политически дејци в Македонија в годините 1941-1944 - Д. Гјузелев, Д. Чкатров и Спиро Китинчев, са обвинени от с'рбокомунистическија с'д, че са приели „окупацијата" като ос'штествјаване на „вековнија с'н на македонците да се обединјат с мајка Б'лгарија". А като идеолози и водачи на интелигенцијата в периода 1941-1944 г. са вьзпитавали народа на Македонија в б'лгарски национален дух. И тримата подс'дими приемат „обвинението" като изтькват, че цјал живот с'знателно и с готовност за саможертва са се борили за опазване на б'лгарското население от ср'бска асимилација и за освобождението на Македонија от ср'бско робство. За тази си борба те прекарват по 10 години в мрачните ср'бски затвори и лагерите на см'ртта в Кралска југославија. За "македонистите" с'дии обаче подс'димите са само „врагове на народа и „предатели" на Македонија.
Подс'димите се заштитават повече от достојно. Д. Гјузелев открито зајавјава: „Кои сте вие, за да ме с'дите за мојата дејност. Аз служих на народа си, а вие на кого служите?" Д. Чкатров зајавјава, че се чувства „омерзен да б'де с'ден от „македонци" по диктовката на старите ср'бски с'дии, които ведн'ж вече са го ос'ждали като борец за освобождението на Македонија от ср'бско робство". Почти по с'штија начин реагират и неговите другари. Пред „македонските" с'дии всички заштитават не само себе си, но и борбата на ВМРО и ММТРО и б'лгарската с'штност на Македонија от векове насам. С'д'т ос'жда и тримата на см'рт. Д. Гјузелев и Д. Чкатров са разстрелјани, а Сп. Китинчев умира от изтезанија в затвора.
Такива прис'ди се издават и изп'лнјават над стотици б'лгари през 1945-1946 г. не само в Скопие, но и в'в всички градове в'в Вардарска Македонија. Само в Скопие са проведени 18 процеса с 226 души подс'дими, с 22-ма ос'дени на см'рт. Между тјах: Димитьр Тодоров от Велес, Емил Михајлов от штип, Методи Трендафилов от Скопие, Димит'р Катланов от Скопие, Ангел Димков от Скопие, Илија Недков от штип, д-р Панајот Хитров от Велес, Панче Делев от Велес, Васил Хаджикимов от штип, Трајко Попов от с. Раштак, Скопско, Трајко Чундев от с. Подлес, Велешко.
На д'лги години затвор са ос'дени хилјади изјавени б'лгари. Между тјах: Димит'р Војницалев, Коста Хрисимов, д-р Димитьр Златарев, д-р Илија Чулев, инж. Кирил Пецаков, Стефан Кузманов, Кр'стју Ивановски, Пет'р Здравев, Борис Градишки, Никола Попов, Радко Градишки, Евтим Гашев, Милка Цветанова, Ана Костова, Стоилко Давидов, Трајко јовчев, Никола Ветров, Димитьр Панов, Бруно Котев, Томе Исаилов, свештеник Гогов, јордан Димитров, Димитьр Давидов, Борис Пеев, Никола Павлов, Михо Михајлов, Васе Пупков, Аце Трајчев, Тодор Крајничанец, Григор Чулев, Алексо Стоименов и хилјади техни другари.
В гр. штип в поредицата от процеси, според в. „Нова Македонија" от 11 февруари, 10 март и 31 мај 1945 г., в. „Политика" от 16 октомври 1945 г., в. „Борба" от 10 мај 1946 г. и др., са изправени пред с'д и ос'дени на см'рт 7 души б'лгари и 32-ма на д'лгогодишен тьмничен затвор по закона за „националната чест". Между тјах: Илија Хаджисланков, Васил Пузд'рлиев, Добре Иванов, Антон Ковачев, Мане Иванов, Тоде Ангелов, Стојан Андреев - всички от штип, Благој Ципушев от Радовиш, Георги Зафиров, Владо Маджаров, Илија југов и Георги Чолаков от Гевгели; Ангел Евтимов, Емануил Пешев, Трифон Евтимов от с. Виница, Кочанско, Павле Маринов, Панчо Арсов, Санде Манев, јордан Теодосиев от Кочани и много други.
От с'дените в гр. Прилеп през 1945 г. 28 души, според в. „Нова Македонија" от 28 април 1945 г. и в. „Борба" от 6 октомври 1945 г., 10 са ос'дени на см'рт. Между тјах: Петьр Спасов, Димит'р Најденов, д-р Петьр Иванов, Александ'р Хаджиздравев и Христо С'рчев, всички от Прилеп, Иван Цаков, Илија Ангелов, Пет'р Стојанов и Петьр Петров от с. Дрен, Прилепско, с'што Георги Тромпев, Харалампи Бутлев, Кирил Кузманов, Борис Попов и др., все б'лгарски интелектуалци, бивши членове или последователи на ВМРО и ММТРО.
В'в Велес, според в. „Нова Македонија" от 30 април и 2 јуни 1945 г. и в. „Борба" от 12 јуни 1945 г, са ос'дени на см'рт: Георги Димитров, Нако Георгиев, Блажо Бојковски, јанко Шопов, Христо Данаилов, Панчо Ставрев, Божин Ризов, Милан Атанасов, Георги Иванов и Трифон Лазов; на д'лгогодишен затвор - Лјубен Бр'чков, Тодор Горгов, Благој Чушков, Лазар Кицев, Ангел Димов, Благој Варналиев и др.
В Битолја, според в. „Политика" от 24 мај 1945 г„ само в един процес 9 души б'лгари са ос'дени на см'рт. Между тјах: Михајл Михајлов, Војдан Бомбилов, Георги Москов, борис Тодоров, Александ'р далов и др. На д'лги години затвор, според в. „Борба" от 1 јули 1946 г., са ос'дени Христо Ризов, д-р Константин Робев, Тома Гигов, Никола Коларов, Цветан Дамев, д-р Асен Татарчев, д-р Владо Туджаровски, Цане Костов и т.н.
В Охрид са с'дени и ос'дени на по 15-20 години строг тьмничен затвор Илија Коцарев, Саво Коцарев, Стојчо Ташев, Никола Аргиров, Наум јосифов, Тома Гајдаджиев, Лјубчо Коцаров и много други.
Арести, процеси, ос'ждане на см'рт и на д'лги години затвор на нај-видните б'лгари се изв'ршват и в останалите по-малки градове в'в Вардарска Македонија. В Гевгели са с'дени повече от 35 души, в Струмица - над 60, в Берово и Делчево - повече от 100, в Кочани - 48 души и т.н. На с'дебните процеси всички са обвинени като „великоб'лгари", „михајловисти", „ВМРО-вци", „фашисти" и врагове на „нова југославија"."

Оваа бесрамна лага е само еден од бројните примери како може да добијат повеќе титули, висока социална положба и да се заработат добри пари во Бугарија. Овој син на одродник не само станал самиот професионален пропагандист туку не се посрамил да лаже и за ЖИВ човек !!! Просто не можам да разберам што луѓе се тоа ? Замислете само како се лаже за живите, а што е за мртвите кои не можаат да одговораат ?!

Добро е што се спомна тука Крум Монев. За времето кога Ефтим Гашев бил суден, тогаш во Пиринска Македонија едни други Македонци исто така беа судени. Во две различни држави, за време кога и обете им дале „слобода“, без дури да знаат дека другиот постои, тие луѓе се судени поради една заедна идеја НЕЗАВИСНА И ОБЕДИНЕТА МАКЕДОНИЈА! Само поради малолетство Крум Монев одбегнал смртната пресуда,која ја “заработил“ поради учество во четата на Герасим Тодоров. omopirin веќе зборуваше за него и ѕверствата на бугарите по неговото самоубиство. Денес бугарските историчари на секој начин се трудат да го побугарат и Герасим Тодоров ( Веселин Ангелов со книгата “Отличен б'лгарин с името Герасим“) , но за нивна огромна несреќа еден од неговите комити ги преживеа долгите години затвор и ја кажа вистината во своите книги “Македонија - мојата потпора“ и “Зловештата 1948 година за Пиринска Македонија“. И тука пак прашањето - што ќе беше ако бугарите го беа обесиле 1948 ? Денес ќе се китеа со нивните имиња како божемни борци против “македонизацијата“ на Пиринска Македонија. Имам гледано и еден документарец со Крум Монев по МРТ, би било огромна среќа да го има на youtube. Ако некој има можност нека го побара па да го кладе на интернет.
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Со шопска салата во Европа

Ефтим ГАШЕВ

На господин д-р Божидар Димитров, директор на Бугарскиот историски национален музеј во Софија и советник на бугарскиот президент, пред извесно време му испратив и му ја подарив мојата книга „Непокор“, со посвета: „Се можете да ограбите, освен македонската нација и историја! Тие ни се длабоко во душата!“ Новоевропејците, оптоварени со македонскиот синдром, донкихотски се обидуваат да ја игнорираат вистината за суштествување на македонскиот народ, јазик и македонската национална самобитност. А, пак, д-р Б. Димитров, во својот антимакедонизам се обидува да избега од сопствената сенка или кожа, сеедно. Авторот на фашизоидниот памфлет со „Десетте лаги на македонизмот“, иронично се подбива и го замајува светот со својата промотивна лага, залагајќи се нацистичката крвава окупација на Македонија да ја рехабилитира како нејзино „ослободување“.

Новопечени европски професоре, ела, да се „порасходиме“ по една мала хронологија, за да нештата бидат посфатливи. Во далечната, а вам добро позната 1941 година, кога бугарските монархофашистички орди ја окупираа мојата татковина Македонија, сеејќи смрт и ужас на секој чекор, сменувајќи ја дотогашната исто така ужасна великосрпска фашистичка окупација, јас бев на 15-годишна возраст, завршен ученик од петти клас гимназија. Во тоа бурно воено време кога беснееше фашизмот, јас ја оформував сопствената личност и како Македонец, со македонска национална свест и мисла, наспроти пропагандата на великобугарскиот и великосрпскиот врховизам.

Како што е вообичаено, па, така и јас се обидов со младешки занес и национален романтизам да пишувам поезија. Се разбира на македонски јазик, кој вие го игнорирате и ерестизирате. Јазик на моите дедовци. Јазик жив и жилав, оспоруван и прогонуван. Пишував со инстинкт и длабока инспирација иако дотогаш не бев слушнал за оспоруваните Чуповски и Мисирков. Но, со тие Македонци исто мислевме, зборувавме и пишувавме на својот македонски јазик, без некој однадвор тој јазик да ни го натури или подари. Во 1942 година, како шестокласник, ги напишав и овие стихови: - „Не плачи мајко, робинко, / многу си долго плакала, / одбради црна шамија, / на душман твој забради ја. - Во борба, браќа робови, / за слобода дошол ден, / симнете тешки окови, /осветлете Илинден...!“

Која и чија пропаганда ме присили, инспирира и мотивира вака да пеам за Татковината!? Кој? Тито!? Коминтерна!? Србите!? Бугарите?...

Вие, авторот на лагите, лаконски би ми одговориле: „Коварниот македонизам!“ Кој и каков македонизам? Оној, што авангардниот бугароман Коста Црнушанов од Прилеп, како формула го дефинира: „Македонските Славјани не се ниту Срби, ниту Грци, ниту Бугари, а просто Македонци како одделна народност, со одделна историја, јазик и култура!“ Да! Токму таков македонизам ме инспирира! Кога е македонизам, нека е македонизам! Ние Македонците, така сме дефинирани и без Црнушанов и црнушановци. Таа формула, вие игнорантите, никако не можете да ја голтнете. Ве прогонува македонскиот синдром на пирејот, троскотот македонски неуништив.

Летото 1944 година бугарската окупаторска полиција во Скопје ѕверски го уби мојот сокласник, матурантот од Тетово, Бранко Стефанов-Бане, како Македонец, активен непокорник против окупаторот. Во песната која тогаш му ја посветив, пишував:

“...Не си прв, о, другару мој, / И последен нема да останеш, / Колку како тебе паднаа во бој?/ И по тебе ќе гинат безброј !“

Пак на македонски јазик, господа! Оти друг јазик немавме и не ни треба! Оти овој е нашиот!

Од 1945 до 1952 година бев осуден за идеите на величенствената, централистичка и македонската ВМРО, (не на бугароманот Ванчо Михајлов) за самостојна и обединета држава на македонскиот народ, на народ со македонска национална свест, надвор од југословенската федерација. Во затворот се сретнавме и спротивставивме на вашите соидејници, за жал. и „наши“ сонародници - соработници на бугарскиот фашистички окупатор. Продолжив и таму, во затворот, да пишувам поезија на македонски јазик и истата јавно да ја читам и рецитирам, предизвикувајќи ги антимакедонците до бес. Бев крајно непомирлив, да не речам провокативен. Дури се обидував да го преведувам Ботев на македонски јазик. Го преведував и српскиот поет Бранко Радичевиќ.

Мојата македонска национална палавост во затворот Идризово, д-р Асен Татарчев, затвореник од бугароманската провениенција, се обиде да ја „скроти“. Убедувајќи ме во историската бугарска опција и дека југомакедонскиот комунизам во Втората светска војна ја измислил македонската нација и јазик и покрај другото, на македонските Бугари насилно им ги сменил презимињата, од „-ов“ и „-ев“, на „-ски“. На овој геноциден став фанатично реагирав: - „До денес јас сум, Гашевски, кое презиме самиот сум си го определил како Македонец, но од денес, јас сум, Гашев, ама не сум, Бугарин! Се разбира, пак, Македонец!“

Мало потсетување: На државниот попис на Република Бугарија во 1946 година, како Македонци се изјасниле 252.908 жители, додека во Пиринскиот дел на Македонија на пописот се изјасниле како Македонци 70%! „Каде сте, Македончиња, каде сте, кај отидовте? Бабата може и да лаже, ама трапот?

Ме навредува и иритира фарисејската Европа! Кога секој обичен граѓанин на светот, освен Македонецот, може слободно национално да се изјаснува и самиот да го определува името на својата држава, а Македонецот, дури и да е академски граѓанин, ќе мора да си ги докажува националниот идентитет, а уставното име на својата држава друг на сила да и го наметнува! Срамота за цивилизацијата!

Ниту Крсте Мисирков, Блаже Конески, Вук Караџиќ, ниту Коминтерна, Тито, или Лазо, уште помалку, Србите или Бугарите, не го измислиле македонскиот јазик. Оти народ никој не може да измисли! А, јазикот е атрибут на народот! Македонецот Крсте Петков Мисирков, оспоруван дури и од грст на свои јаничарски сонародници - поданици, не го „измислил“ македонскиот јазик, туку тој, надоврзувајќи се на своите сонародни претходници е основоположник на кодификацијата и осовременувањето на јазикот, предизвикувајќи ги антимакедонците до лудило. Бев крајно непомирлив, да не речам провокативен. Го преведував Ботев на македонски литературен јазик. Затоа за’рѓаните пропагандни мечеви во кориците, господа! Минимум толеранција кон туѓите мислења и чувства! Нели сте сега Европејци!

http://www.spic.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=7&tabid=1&EditionID=191&ArticleID=8677
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Бидејќи нема посебна тема...

Крум Солунов Монев е роден во селото Оштава, Светиврачка околија, на 5 мај 1927 година. На почетокот на 1948 година станува четник во 6-ти пирински одред на Герасим Тодоров (наречен од комуниститие "бандата на Герасим"), кој се бори против комунистичката власт и за создавање на една цела, обединета, независна и некомунистичка Македонија со центар во Солун.

Поминал долги години низ бугарските затвори и до крајот на маченичкиот живот никогаш не ја предава македонската кауза и своето македонско национално сознание.

Автор е на автобиографскиот роман "Змејот" и на спомени во три тома, насловени "Македонија мојата потпора", отпечатени на бугарски и преведени на македонски јазик.

Тие содржат огромна информации за страдањата на Македонците во Бугарија и одамна веќе станаа трн за псевдоисторичарите, одрекувачи на македонската нација.

Постои одреден интерес за нивно преведување на англиски јазик, што би било од голема корист за промовирање на нашата борба во светот.

Со таа цел објавуваме неколку извадоци од неговите спомени - за да се потсетиме на еден достоен Македонец и да апелираме кон оние кои имаат можност да ја поддржат оваа благородна иницијатива. ( Контакт: Иван Монев на тел 0896 516 155).

http://narodnavolja.com/articles2013/02/txt05.asp
.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom